Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Според анкетата на бугарската агенција Тренд, ГЕРБ се врати на првото место во довербата меѓу избирачите со сериозна предност пред конкурентите за второто место, а новата политичка формација околу претходните технички министри Кирил Петров и Асен Василев засега има поддршка од девет отсто од гласачите. Според дописникот на МИА од Софија, анкетата за претстојните избори што во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември, покажува дека прво место би била ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, со 24,4 отсто, а втори ќе бидат „Има таков народ“ со 17,5 отсто, БСП е трет 16,6 отсто. МРФ би имала 9,3 отсто, новата…
Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј во интервју за МИА, ги охрабрува властите да продолжат со реформите, не поради ЕУ, туку зашто тие ќе го подобрат животот на граѓаните , а тоа е најважно, цени таа. -Северна Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото… Поради ова, Северна Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови, изјави…
Денеска се навршуваат точно шест месеци откако почна ерупцијата на вулканот Фаградсфјал, во близина на Рејкјавик, што се смета за најдолгата ерупција во оваа земја во повеќе од половина век. На 19 март беше регистрирана првата ерупција и отогаш лавата постојано излегува од кратерот на вулканот Фаградалсфјал. Повеќемесечниот спектакл, што варира од бавен проток на лавата до подраматична ерупција на поголеми грумени, е голема туристичка атракција што на Исланд досега привлече повеќе од 300.000 посетители. Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Ова е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во повеќе…
Копенхаген е најбезбедниот град во светот, според индексот објавен од лондонската Economist Inteligence Unit (ЕИУ), која рангира 60 меѓународни дестинации врз основа на дигитална, здравствена, инфраструктурна и лична безбедност, како и заштита на животната средина, што е нова категорија воведена годинава. Главниот град на Данска за првпат е прогласен за најбезбеден град во светот, постигнувајќи 82,4 поени од 100. -Еден од клучните фактори што го прават Копенхаген толку безбеден град е неговата ниска стапка на криминал, која во моментов е на најниско ниво во повеќе од една деценија, изјави градоначалникот на Копенхаген, Ларс Вајс. „Копенхаген, исто така, се карактеризира со…
Масовните убиства во САД се зголемија за време на пандемијата на коронавирус, па дури и двојно се зголемија во јули 2020 година во споредба со претходната година, според истражувањето објавено во списанието JAMA Open Network. Истражувачите се фокусираа на податоците помеѓу април 2020 и јули 2021 година од Архивата за насилство со оружје за масовни убиства, во кои четири или повеќе лица загинаа или беа повредени, вклучително и напаѓачот. Во тој 15-месечен период, има 343 повеќе масовни убиства, 217 лица загинаа и 1.498 лица беа повредени во САД. Тимот забележа зголемување на масовните убиства по мај 2020 година, во споредба…
Експертите на Центарот за меѓународна соработка на Естонија, кој функционира под министерството за надворешни работи на официјален Талин, од денеска, според најавите од американската амбасада за кои пишуваше НоваТВ деновиве, би требало да се во Скопје. Посетата е еден вид турнеја за согледување на теренот за утврдување на факти, во рамки на која, ќе разговараат со владата, претставниците на граѓанскиот сектор, приватниот сектор и донаторската заедница, за да се утврди каде нивните средства во износ од 100.000 долари би можеле да бидат од најголема корист за напредок на Процесот на дигитализација на Северна Македонија. „Влогот“ на САД во првата фаза…
На една недела пред Германците да излезат на гласање за парламентарните избори, денеска на ТВ дебата во живо ќе се соочат тројцата кандидати за нов канцелар на земјата, Олаф Шолц, Армин Лашет и Аналена Баербок. Новиот лидер на германските демохристијани и премиер на покраината Северна Рајна Вестфалија, Армин Лашет, кој е кандидат на конзервативната Демохристијанска унија (ЦДУ) во дуелот ќе се обиде да го сврти расположението на гласачите кое последниот месец се сврте кон актуелниот министер за финансии и кандидат на Социјалдемократите (СПД) Олаф Шолц, кој во моментов има солидна предност во анкетите. Последните анкети за јавното мислење покажуваат дека…
Владата предводена од СДСМ донесе одлука за спроведување на две нови стратешки инвестиции во енергетиката. На последната седница Владата ги усвои инвестициските проекти на Друштво за производство на енергија ЕФТ „Солар“ дооел Скопје и на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ветерен Парк Вирови“ дооел Скопје, со што енергетскиот систем ќе добие два дополнителни два извори на обновлива енергија. Ова е еден од низата чекори што Владата ги презема со цел зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори и замена на старите нееколошки енергенси со нови зелени извори на енергија. Пред неколку месеци, државата се вклучи во гасната…
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на подрачјето на Скопје на 19.09.2021 (недела), во временскиот период од 09.00 до 14.00 часот, поради реализација на манифестацијата „Вело Фиеста“ во организација на Град Скопје, на дел од ул.„Димитрие Чуповски“, на потегот од крстосницата со ул.„Даме Груев“ до крстосница со ул.„11 Октомври“ во Скопје, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по наведените улици, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Инаку самата манифестација трае од 09-12.00 часот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што…
Времето претпладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи претежно во планинските региони. Попладне ќе биде умерено облачно. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Во југозападните делови ветерот ќе биде западен и повремено со засилен интензитет. Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 34 степени. Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 30 степени. Од утре (понеделник) времето ќе биде претежно стабилно со повремено зголемена облачност и…
41 починат и 539 заразени од 5.589 тестови е билансот за Ковид-19, последното деноноќие. Регистрирани се 245 оздравени пациенти. Од новозаразените и натаму најголемиот број е во Скопје 274, по што следуваат Куманово – 52, Кавадарци – 25, Велес – 17, Прилеп – 15, Битола и Штип –по 14, Кочани – 13, Тетово – 12, Охрид – 11, Гостивар – 8, Струмица, Кичево и Радовиш – 7, Струга, Ресен, Крива Паланка, Пробиштип и Валандово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија и Демир Хисар – по 4, Делечево, Виница и Кратово – по 3, Свети Николе, Дебар, Богданци и Македонски…
Во Полициската станица Аеродром, вчера 48 – годишна Канаѓанка, пријавила дека оваа година од јуни до август била измамена од нејзиниот роднина Љ.Н. за 50.000 евра. Откако нејзиниот 21 годишен син дошол во Скопје, таа пријавила дека нејзината мајка, пред два месеца забележала чудно однесување кај внукот кој бил дојден на гости. Бабата наводно проблемот го споделила со нивниот роднина Љ.Н., кој ù кажал дека нејзиниот внук најверојатно има проблем со дрога и се понудил да помогне со негово лекување со одредена скапа терапија. МВР информира дека во пријавата пишува дека пријавителката се согласила и во повеќе наврати му дала…