Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска почнуваат подготовките за првата фаза од проектот за дигитализација во рамки на „тројното партнерство“ САД-Естонија-Северна Македонија

0
By Mirjana on September 19, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Знамиња-Америка, Естонија, НАТО
Фото: СДК/Амбасада на САД во Талин
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 19, 2021 10:11

Експертите на Центарот за меѓународна соработка на Естонија, кој функционира под министерството за надворешни работи на официјален Талин, од денеска, според најавите од американската амбасада за кои пишуваше НоваТВ деновиве, би требало да се во Скопје. Посетата е еден вид турнеја за согледување на теренот за утврдување на факти, во рамки на која, ќе разговараат со владата, претставниците на граѓанскиот сектор, приватниот сектор и донаторската заедница, за да се утврди каде нивните средства во износ од 100.000  долари би можеле да бидат од најголема корист за напредок на Процесот на дигитализација на Северна Македонија.

„Влогот“ на САД во првата фаза на проектот е 250.000 американски долари, а нејзиниот старт ќе се официјализира на 24 септември ( петок) во Скопје а е предвидено да трае 18 месеци.

Амбасадата на САД, заедно со Естонскиот центар за меѓународен развој (ЕСТДЕВ) и Секретаријатот за европски прашања (СЕП) при Владата на Северна Македонија, лансираа „тројно партнерство“  за да обезбедат техничка поддршка и помош од Естонија и нејзините добро водени институции, во насока на поддршка на севкупниот развој на Северна Македонија и на целите поврзани со пристапувањето кон Европската унија (ЕУ). Првата фаза од проектот се фокусира на напорите за дигитализација и е-управување за промовирање на добро управување и економски раст, стоеше во одговорот на Американската амбасада на прашањето на НоваТВ за проектот и неговите цели.

Дигитализацијата, кога е правилно имплементирана, може да донесе огромни придобивки за една земја. Освен едноставното обезбедување подостапни државни услуги, промовира правичност и транспарентност, помага во негување на обновената доверба и се покажа како ефикасна алатка во борбата против корупцијата. Естонија се соочи со истите преодни предизвици во деведесетите години со кои се соочува Северна Македонија денес, и преку (ЕСТДЕВ) може да ги примени научените лекции од нејзиното реформско патување за денешната ситуација овде.

САД имаат геостратешки интерес за демократска и просперитетна Северна Македонија , беше наведено во одговорот на американската амбасада на интересот на НоваТВ за проектот и неговите цели.

М.Т.

 

Естонија САД Северна Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.