Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј во интервју за МИА, ги охрабрува властите да продолжат со реформите, не поради ЕУ, туку зашто тие ќе го подобрат животот на граѓаните , а тоа е најважно, цени таа.

-Северна Македонија вложи многу труд на реформската агенда, од справување со корупција, владеење на правото… Поради ова, Северна Македонија е членка на НАТО и доби силни препораки за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Отсекогаш силно сме ги поддржувале евроатлантските амбиции на Северна Македонија и сметаме дека земјата-кандидат треба да биде оценувана според критериумите, а амбициите не треба да престанат поради билатерални спорови, изјави во интервју за МИА  британската амбасадорка во земјава, Рејчел Галовеј.

Таа смета дека Северна Македонија се покажала како лидер во регионот, а и во поширокиот регион, со нејзиниот пристап кон билатерални спорови и дека наскоро, како што изрази надеж, ќе биле решени останатите прашања.