Author: Mirjana
Државниот завод за статистика информира дека досега се попишани вкупно 871 488 лица, 272 177 домаќинства и 368 595 станови. Оваа сондажа била заклучно со попишувањето до вчера до 20 часот. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле 193 236 лица. Пописот на населението, домаќинствата и становите во земјава, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември, што значи дека на попишувачите им остануваат уште 12 денови за попишување со се денешниот. Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски вчера оптимистички изјави дека со се попишаните од викендов, очекува бројот да…
Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) денеска преку прес-конференција елаборираше еден од петте столба на нејзината Изборната програма, вклучувањето на граѓаните во донесувањето на одлуки. Агим Нухиу од ДУИ истакна дека секојдневната политика подразбира донесување чести и важни одлуки кои влијаат на секојдневниот живот на граѓаните и нивната иднина. Според ДУИ, сите градоначалници се должни да организираат референдум за сите важни прашања и да ја почитуваат волјата на мнозинството граѓани. “Избери живот и гласај зелено“ – е слоганот на Демократската унија за интеграција за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври. Вчера, го претставивме слоганот, додека денес пред вас…
Силно невреме проследено со комбинација од дожд, град и ветер претпладнево го зафатило Велес и неговата околина. Жителите на Велес на социјалните мрежи пишуваат за стравична глетка која за само 15 минути направила огромни материјални штети и оставајќи пустош зад себе. -Во близина на интернатот во Велес, ветерот сруши 15-метарско дрво и оштети два автомобили, ги откорна ролетните на прозорците, а станарите во постарите згради кои живеат на поткровје се пожалија дека нивните домови се поплавени поради откорнатите лимови на крововите, информира порталот ММС. НоваТВ сподделува видео од ФБ профилот на Дуле Трајковски врз основа на претходна дозвола за споделување. …
Министерството за финансии на почетокот на овој месец ја организираше Првата годишна конференција на тема „Економско закрепнување и раст по Ковид“ во рамки на Економскиот и финансиски форум (Skopje Economic and Financial Forum 2021). Навистина беше значајно на едно место да ги слушнеме искуствата и ставовите на високите владини претставници од земјата и регионот, но и на претставници на меѓународните финансиски институции, за тема која сите нè засега и заеднички треба да излеземе со победа. Предлозите и пораките упатени на Конференција се од особено значење во креирање на идните политики и мерки насочени кон постигнување подобри резултати во остварување на…
Неколку полицајци се повредени, а стотици демонстранти беа уапсени денеска во вториот по големина град во Австралија, Мелбурн, при жестоките судири за време на протестите против воведените ограничувања. Полицијата употреби бибер спреј и уапси повеќе од 200 лица во Мелбурн, откако неколку стотини граѓани ги прекршиле наредбите да останат дома и минаа низ кварт во центарот на градот. Нелегалниот собир се одржа во момент кога градот минува низ својата шеста блокада од почетокот на пандемијата на Ковид-19. Полицијата соопшти дека шестмина полицајци биле пренесени во болница по судирите со околу 700 демонстранти. – Она што го видовме денеска беше група…
Големо невреме со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на орев, утрово го погоди црногорскиот крајбрежен град Тиват и неговата околина. Градот предизвикал голема материјална штета на автомобили, згради, овоштарници и маслинови градини, пишува весникот „Вијести“. Големото количество дожд што падна за многу кратко време предизвика и мали поплави на патиштата во центарот на Тиват, но комуналните служби брзо интервенираа и ги отстранија последиците. Екипи на Комуналното претпријатие, Службата за заштита на Тиват и доброволни противпожарни бригади беа ангажирани во расчистување на теренот и отстранување на последиците од невремето., известува подгоричкиот весник „ Вијести“.
„Исто како и во еврозоната, и во земјите од регионот, одредени ценовни притисоци се забележуваат и во македонската економија. Засега, слично како и другите централни банки, овие глобални движења ги оценуваме како привремени, поттикнати од растот на цените на примарните производи и привремените нарушувања во синџирите на снабдување, предизвикани од пандемијата.“ – изјави Вицегувернерката на Народната Банка на Република Северна Македонија, Ана Митреска во рамки на панел-дискусијата организирана од реномираната инвестициска банка „ Вуд и компанија“. Таа додаде дека, сепак, имајќи ја предвид високата неизвесност, динамиката на цените и изворите на нивниот раст многу внимателно се следат. Во рамките на…
Магнатот во областа за недвижни имоти и американски милионер Роберт Дурст денеска е осуден во Лос Анџелес. Тој е обвинет за убиство на неговата блиска пријателка Сузан Берман пред речиси 20 години. Седумдесет и осум годишниот Дурст отсуствуваше од судницата бидејќи се наоѓа во изолација, откако претходно бил во контакт со болен пациент од коронавирус. Судот заседаваше речиси седум часа во траење од три дена. На милионерот му се заканува доживотна казна затвор без право на помилување. Судското рочиште, на кое ќе биде изречена пресудата, е закажано за 18 октомври. Богатството на Дурст, кој поседува голем број деловни згради во…
Во чест на сите оние кои спасиле живот дарувајќи коскена срцевина, денес на 18 септември, Светскиот ден на дарителите на коскена срцевина,- со низа настани, светот, јавно им се заблагодарува на дарителите. 18 септември е ден кога се зборува за подигнување на свеста на јавноста за важноста на дарување коскена срцевина и влијанието на трансплантацијата на матични клетки врз животот на пациентите. Светскиот ден на дарителите на матични клетки, 18 Септември е иницијатива на Светската асоцијација на дарители на срцевина, најголемата организација посветена на грижата за дарителите. Македонскиот регистар на доброволни дарители при Институтот за имунологија е признат член на…
Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра. Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите идруги магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од Царинската Управа.
Изречени се 184 сообраќајни прекршоци при засилени акциски контроли во сообраќајот што ги спровела вчера полицијата. Од вкупниот број санкции 39 се за пречекорување на дозволената брзина, 27 за возење без возачка дозвола, шест за возење под дејство на алкохол, десет за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон, четири за некористење сигурносен појас, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, како и 50 за непрописно паркирање. -Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме…
Началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска во Атина учествува на редовното заседание на Воениот комитет (ВК) на НАТО, во формат на началници на генералштабови. На ова заседание, началниците на генералштабови на армиите на 30-те земји членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО, имплементацијата на воено-одбранбените концепти и иницијативата „НАТО 2030“, како и за идните предизвици на Алијансата. На сесиите со кои раководи претседавачот на ВК, Адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат и врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, генералите Тод Вотерс и Андре Ланата.…