Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија, Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Пазарната инспекција, спроведоа заедничка акција против нелегална продажба на режан тутун низ пазарите на територија на град Скопје. Предмет на акцијата беше контрола и заплена на производи кои нелегално се продаваат и коишто претставуваат акцизни добра.

Во акцијата се запленети 860 килограми режан тутун кој беше пронајден по пазарите идруги магацински простории. Со ова се избегнати давачки во износ од 1.763.000 денари.

Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од Царинската Управа.