Author: Mirjana

Вечерва во тетовскиот Ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот. Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените. Пред малку заврши итниот кризен штаб кој се одржа во Општина Тетово со највисокиот државен врв, а за утре во 10:00 часот наутро закажана е итна и вонредна седница на Владата на Северна Македонија посветена на решавањена трагедијата…

Read More

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, во изјава што ја споделува порталот 360, дадена по седницата на Кризниот штаб која се одржа во општинската зграда, рече дека засега нема да даваат изјави се додека надлежните органи не излезат со информации за причините и  околностите поради кој настанал пожарот како и за тоа колку има официјално мртви а колку повредени, во оваа голема трагедија. https://www.youtube.com/watch?v=snv_l02AcLE&t=5s

Read More

Премиерот Заев, предмалку со објава на Фејсбук соопшти дека експлозија предизвикала пожар и упати најдлабоки сочувства до семејствата на жртвите. „Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе.Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа…

Read More

Денеска сме тука затоа што сакаме да направиме паралела со сето она кое што се случува во ова наше тешко реално секојдневие политичко, а истата таа паралела не сакаме да биде со онаа паралелна прослава на Владата, затоа што ВМРО не учествува во паради кои ги прави власта, и кога на власта и е поедноставно, поудобно, да ги гази дебелите килими во Собранието, да парадира низ Скопје, на ВМРО-ДПМНЕ му е чест и поудобно да биде овде во Битола заедно со народот, додаде меѓу другото Мицкоски од прославата што партијата ја организира на градскиот плоштад во Битола. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Read More

Музичкиот дел од програмата со кој ќе заврши одбележувањето на 30-годишнината од независноста, предвидува изведби на антологиски забавни песни што ќе ги исполнат Мики Јовановски Џафер, Никола Перевски Пере, Тамара Тодевска, Дешира Ахмети, Џон Илија Апелгрен, Ристо Вртев, Светлана Јовановска, во придружба на Филхармонијата на Северна Македонија како и инструменталната изведбата на албанската народна песна „Бареша“, по што ќе следува свечен огномет. https://www.youtube.com/watch?v=E–DEfh1uIE

Read More

За значењето на 8 септември -Денот на Независноста , за пресвртот на општествен но и на уметнички план што беше неминовен на почетокот на деведесеттите години , поразговаравме со Ристо Вртев – музичар кој својата кариера ја почна во осумдесетите години како композитор ,текстописец и вокалист на музичката група „Архангел“ како еден  од главните личности во уметничкото движење ,,Македонска стрељба“ а го паметиме и како еден од првите членови на групата ,,Мизар“ но и како творец на бендот „ Инола X“. Во оваа осмосептемвриска вечер, Вртев ни одговори на дел од прашањата на НоваТВ, зашто имаше ангажман на церемонијалната свеченост…

Read More

Пишува: Зоран Иванов Референдумот од 8-ми септември беше единственото можно решение кое водеше во независност и кое во себе сублимираше две тогаш спротивставени опции и меѓу политичарите и меѓу граѓаните: државата да се одвои мирно без крвопролевања каков што сигнал сакаше да се испрати со референдумот и, втората, за која прашањето даваше можност, доколку федерацијата евентуално ги надминеше недоразбирањата меѓу членките, нашата република да се врати во федералната рамка.Секако, ова второто беше само популистички дизајн со кој се сакаше да се смират уплашените за егзистенцијата на државата како самостоен меѓународен субјект бидејќи федералните центри веќе тогаш беа толку слаби, а…

Read More

Нова ТВ во пресрет на Денот на независноста ви презентира погледи ставови, доживувања, мемоари на претставници од јавниот и политичкиот живот за значењето и улогата на референдумот и процесот на осамостојувањето Република Македонија Пишува: Павле Трајанов Главниот товар на осамостојувањето на Македонија го понесоа припадниците на МВР. После распадот на Сојузот на комунистите на Југославија, се поизвесно беше дека следува распад и на СФР Југославија. Пред Македонците се отвори историска шанса Македонија да стане самостојна, независна држава. Плурализмот ги раздвижи сите процеси, при што ВМРО-ДПМНЕ гласно ја промовираше идејата за отцепување од Југославија и градење самостојна држава на Македонците, но…

Read More

Пишува: Нано Ружин Дали Авганистанците наликуваат на Ханибал, и  толку се страшни и опасни, како што неодамна изјави  висок функционер  на ВМРО-ДПМНЕ? Дали навистина се монструми без душа, срце, без корен, без минато? Дали Заев треба да си ги носи дома, бидејки кажал дека ние имаме поголемо срце? Се надевам дека таквите ставови на опозиција со кои се идентификуваат  најрадикалните десничарски партии се само непромислени, недоволно елаборирани и емотивни реакции кои се спротивни и на стратегијата на САД, ЕУ и НАТО. Слично како во 2017, кога ВМРО-ДПМНЕ се ангажираше за собирање потписи и одржување референдум против бегалците и овој пат партијата…

Read More

Редовни избори за претседател на Србија и за советници во Собранието на град Белград, како и вонредни парламентарни избори, ќе се одржат на 3 април следната година, пишува Б92. Како што е потврдено за порталот Б92, таквата одлука стои во предлог договорот меѓу власта и опозицијата во меѓупартискиот дијалог за изборните услови, кој се води без присуство на странци. Состанокот меѓу претставниците на партиите е моментно во тек, а на текстот од договорот треба да дадат свое мислење и претставниците на опозцијата.

Read More

Центрите за контрола и превенција на болести проценуваат дека од први февруари 2020 година, Соединетите држави претрпеле меѓу 613.000 и 783.000 повеќе смртни случаи отколку што обично би имале во тоа време, без пандемија. Овие смртни случаи се од „Ковид-19“, болеста предизвикана од коронавирусот и други причини. Исто така, имаше голем пад на стапките на плодност минатата година што го забрза постоечкиот тренд на намалување. Федералните податоци анализирани од истражувачите со институцијата „Брукингс“ утврдија дека имало 53,9 отсто породувања на 1.000 жени во последниот квартал од 2020 година, во споредба со 57,9 годишни раѓања на 1.000 жени во последниот квартал…

Read More

Гостин денеска во рубриката-Интервју, ни е Давид Тасевски – психолог, извршен директор на Субверзивен фронт, невладина организација чиј фокус на работа е ЛГБТИ заедницата но, и младите, понудата на бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка.Со Тасевски проговоривме на темите од општ интерес имено, како македонското општество сите заедно да го направиме потолерантно, похумано и општество без дискриминација. Земја во која младиот човек ќе сака да остане и да се реализира на професионален и приватен план, на еден достоинствен начин и начин ослободен од притисоци, уцени , закани. – Мислам дека веќе одамна не можеме да се „вадиме“ на „балканскиот менталитет…

Read More