Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајанов: Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка пред се со САД

0
By Mirjana on September 5, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 5, 2021 11:00

Нова ТВ во пресрет на Денот на независноста ви презентира погледи ставови, доживувања, мемоари на претставници од јавниот и политичкиот живот за значењето и улогата на референдумот и процесот на осамостојувањето Република Македонија

Пишува: Павле Трајанов

Главниот товар на осамостојувањето на Македонија го понесоа припадниците на МВР. После распадот на Сојузот на комунистите на Југославија, се поизвесно беше дека следува распад и на СФР Југославија. Пред Македонците се отвори историска шанса Македонија да стане самостојна, независна држава. Плурализмот ги раздвижи сите процеси, при што ВМРО-ДПМНЕ гласно ја промовираше идејата за отцепување од Југославија и градење самостојна држава на Македонците, но и на сите други националности.

Имаше и партии, но и личности од државно-политичкиот врв кои беа за опстанок на Југославија, за формирање скратена југословенска федерација (Србија, БиХ, Црна Гора и Македонија). После првите парламентарни избори во 1990 година и изборот на Владата, на почетокот од 1991 година, во МВР се случија кадровски промени со нов министер (Јордан Мијалков), двајца потсекретари (Павле Трајанов, потсекратар на СЈБ и Слободан Богоески, потсекретар на СДБ), како и помошници на министерот, началници на сектори итн. Во тоа време, единствена вооружена сила беше полицијата и оперативните служби на јавната и државната безбедност.

Во такви околности, раководството на МВР имаше исклучително сложена и тешка задача, да го води процесот на осамостојување на Македонија, врз основа на цврстата решеност на Македонците за самостојна држава. Тој процес го водевме без било какви формални одлуки на Владата или Собранието. Но имавме силна поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, од Љубчо Георгиевски и Борис Змејковски. Овде сакам да ја нагласам и улогата на Петар Гошев, како и на Васил Тупурковски, кои делуваа во иста насока.

Само неколку работи да нагласам кои имаа силно влијание врз градењето на определбата за искористување на историската шанса, да се остварат вековните стремежи на нашите револуционери, илинденци и партизани, и да се формира македонска држава.

Направивме целосна мобилизација на сите припадници на МВР, вклучително и делови на резервниот состав, набавивме оружје (меѓу другото и минофрлачи со висок калибар), ја обезбедивме државната граница, од ЈНА одзедовме поголеми количини опрема и оружје, ја одзедовме воената евиденција за резервниот состав на ЈНА, со што ја блокиравме неговата мобилизација, воспоставивме соработка со голем број офицери – Македонци од ЈНА, разработивме планови за спречување воен удар во Македонија…

Многу значајно беше што успеавме да издејствуваме „дислокација“ на ЈНА од Македонија и да воспоставивме соработка со други држави (пред се со САД), за процесот на осамостојување да биде ефектен.

Сите тие процеси позитивно се одразија и на референдумот за независност одржан на 8 септември 1991 година, кога граѓаните плебисцитарно се изјаснија за самостојна и независна Македонија. Многумина од тогашната Влада како и високи партиски функиционери беа против независна Македонија, но подоцна не се срамеа да се удираат во гради и да се сликаат како првоборци, а голем дел од луѓето кои беа мозокот на таа „операција“ останаа во сенка.

 

за ден на независност колумна Трајанов
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.