Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Вчеравечер околу 22 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот тетовец Ф.И., кој бил пријавен од неговиот 73-годишен татко дека претходниот ден околу 19 часот во семејниот дом физички го нападнал. Приведениот е задржан во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодвтен поднесок, информираат од тетовската полиција.
Од снежните врвови на Тибет до тропскиот остров Хаинан, Кина моментално се наоѓа во својот најлош топлотен бран во последните децении, по рекордните врнежи во јуни. Во североисточните кинески провинции Шандонг, Џилин и Лиаонинг, врнежите достигнаа рекордни нивоа во јуни, додека националниот просек од 112,1 милиметри е за 9,1 отсто поголем од истиот месец минатата година, соопшти Националниот метеоролошки центар. Екстремните горештини ја погодуваат и Јапонија, а нестабилното време предизвикува проблеми во другите делови на светот, што според научниците се знаци на климатски промени, а до крајот на овој век се очекува уште поголемо затоплување.
Заклучно со првиот квартал годинава во државава се регистрирани 1.920.834 претплатници во мобилната телефонија. Од резиденцијалните 754 337 се припејд, а 917 605 постпејд, покрај кои има и 248.892 деловни постпејд претплатници, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за електронски комуникации. Најголем удел во вкупниот број претплатници има А1 Македонија со 48,14 проценти, по што следат Македонски Телеком со 47,45 проценти, Лајкамобиле со 3,12 проценти, Роби со 1,22 проценти, Греен мобиле со 0,07. Во приходите од обебзедување услуги, пак, најголем удел има Македонски Телеком со 51,32 проценти, а А1 Македонија учествува со 47,19 проценти. Според податоците на АЕК, во првиот квартал…
Две лица починаа при пад на кран во Кавадарци, информаат од Министерството за внатрешни работи. Од Основното јавно обвинителство во Кавадарци велат дека несреќата се случила на локација каде се гради зграда. На местото на несреќата се присутни јавен обвинител, увидна екипа и трудова инспекција. Смртта на двете лица е констатирана од страна на екипа на Брза помош.
Патнички авион „Ербас А-380“ на компанијата „Емирати“, речиси 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија. Се верува дека штетата е предизвикана од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при прелет над океанот. Авиокомпанијата донела одлука да го продолжи летот кој траел 14 часа, пишува „Дејли мејл“. Тие стапиле во контакт со Контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред слетувањето и пријавиле дека постои можност на авионот да му пукнала гума при полетувањето.…
Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка. Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од…
Австралиското биро за статистика минатата година спроведе Попис на населението и домувањето , чии податоци се објавени на 28 јуни годинава. Меѓу другото, податоците од Пописот ги демонстрираат мноштвото култури и јазици кои ја сочинуваат Австралија преку обезбедување разновидни податоци како што се: земјата на раѓање, потеклото, јазиците што се користат дома и религиозната припадност. Овие податоци се позначајни од кога и да било, бидејќи COVID-19 пандемијата покажува колку е важно луѓето од различно културно и јазично потекло да имаат соодветни ресурси и пристап до информации за зачувување на својата придпадност, се наведува во објавата на Обединетата македонска дијаспора (ОМД). Сликата…
Европската Комисија во наредните часови, или денови, ќе даде детали за договорот со Фронтекс, кој Софија до сега го блокира поради македонскиот јазик, јави дописничката на МИА од Брисел. Според македонските владини претставници, преговарачката рамка предложена од француското претседателство треба да го деблокира и договорот за Фронтекс, кој Северна Македонија не можеше да го потпише до сега поради одбивањето на Бугарија во него да стои македонски јазик. На денешниот редовен брифинг за новинари во Брисел МИА побара одговор од Европската Комисија дали и кога овој договор ќе биде потпишан и доколку Северна Македонија го прифати францускиот предлог во која форма…
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ја информира јавноста дека е изведен хакерски напад на Facebook-страницата на Универзитетот и таа во моментов е контролирана од непознат субјект. Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ. Истовремено, ве информираме дека се преземени сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Facebook.
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки. Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење…
„ ДОМ е против, билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес. Она што ние сакаме да постигнеме во преговорите со ЕУ се стандарди според Копенхашките критериуми, како што се владеење на правото, човековите права, борбата со корупцијата, заштитата на животната средина .. ако во преговарачката рамка има прашања од областа на образованието и историјата, процесот би се нашол во слепа улица и ќе биде невозможно да се дојде до решение кое би одело во правец на тоа се да заврши во период кој би бил предвидлив и претставува преседан, билатерални прашања да се внесуваат во преговарачки процес,…
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 за литар додека малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 денар за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг. Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 108,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 110,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)…