Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зголемено користењето на македонскиот јазик во Австралија

0
By Mirjana on July 5, 2022 ПОЛИТИКА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 5, 2022 10:04
Австралиското биро за статистика минатата година спроведе Попис на населението и домувањето , чии податоци се објавени на 28 јуни годинава.
Меѓу другото, податоците од Пописот ги демонстрираат мноштвото култури и јазици кои ја сочинуваат Австралија преку обезбедување разновидни податоци како што се: земјата на раѓање, потеклото, јазиците што се користат дома и религиозната припадност. Овие податоци се позначајни од кога и да било, бидејќи COVID-19 пандемијата покажува колку е важно луѓето од различно културно и јазично потекло да имаат соодветни ресурси и пристап до информации за зачувување на својата придпадност, се наведува во објавата на Обединетата македонска дијаспора (ОМД).
Сликата од тие податоци што се однесуваат на македонската заедница во Австралија, изгледа вака:
1. Земја на раѓање
За прв пат, податоците покажаа дека повеќе од половина од сите жители на Австралија (51,5%) се родени во странство или имаат родител родени во странство.
Податоците од Пописот покажуваат дека вкупно 41.786 лица се пријавени како родени во Македонија. Околу 93% од тие луѓе се австралиски државјани, а околу 76% се на возраст од 50 и повеќе години.
Овие бројки се маргинално зголемени од последниот австралиски попис во 2016 година, каде што вкупно 38.985 лица пријавиле дека се родени во Македонија.
2. Потекло
Од последниот Попис во 2016 година (98.441) има зголемување од над 13% на лицата кои се идентификуваат дека имаат македонско потекло.
Околу 111.352 луѓе се идентификуваат со македонско потекло, при што 49.429 (44,4%) од тие луѓе живеат во Викторија и 43.775 (39,3%) живеат во Нов Јужен Велс.
3. Јазик што се зборува дома
Податоците покажуваат дека Австралија продолжува да биде културно и јазично разновидна земја која има собрано информации за над 250 видови на потекла и 350 јазици што се зборуваат во Австралија.
Вкупно 66.173 лица го зборуваат македонскиот јазик дома.
Оваа бројка покажува благ пораст на податоците од Пописот во 2016 година, каде што беше објавено дека 66.019 луѓе зборувале македонски дома.
Македонскиот е најзборуваниот источноевропски јазик во австралиските домови. Тоа е јазикот што македонските Австралијци слободно го избираат да го зборуваат, негуваат и чуваат во своите домови. Во клучен момент во процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, кога Бугарија користи секаква политика за да го понижи македонскиот јазик, податоците од австралискиот попис зборуваат многу за неговото значење за многумина во македонската австралиска дијаспора, наведуваат од ОМД.
4. Верска припадност
Пописот открива зголемена разновидност во религиозните и нерелигиозните верувања идентификувани од Австралијците. Топ 5 религиозни припадности забележани во пописот беа „Без религија“ со 38,9%, „католичка“ со 20%, „англиканска“ со 9,8%, „ислам“ со 3,2% и „хиндуизам“ со 2,7%.
Податоците од Пописот во моментов не покажуваат колкав е бројот на луѓе кои се идентификуваат како „македонски православни“. Сепак, известува дека 535.470 луѓе се идентификуваат како „источни православни“ од кои 168.031 се родени во Јужна и Источна Европа (вклучувајќи ја и деноминацијата „македонска православна“).
Оваа бројка е само мало зголемување во однос на податоците од Пописот во 2016 година, во кој 502.801 Австралијци се идентификувани како „источни православни“.
Податоците од пописот може да се проследат на линкот подолу.
www.abs.gov.au/census/find-census-data.
Австралија македонски јазик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026

Уште три детски животи згаснаа под руските напади минатата ноќ во Украина

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.