Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во второто тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,78 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Најголем број слободни работни места, 3 690, има во секторот услужни дејности и продажба. Според податоците, највисока стапка на слободни работни места од 4,64 проценти има секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,16 отсто. Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,54 отсто. Југозападниот регион има највисока стапка на…
Квантификувано, долгорочната цел е намалување на националните нето емисии на стакленички гасови (без вклучени емисии од авијација и увоз на електрична енергија) за 72% до 2050 година во споредба со нивото од 1990 година (или намалување на емисијата на стакленички гасови за 42% до 2050 година во споредба со 1990 година, со исклучок на секторите Шумарство и друга употреба на земјиштето и емисии од авијација и увоз на електрична енергија) и зголемена отпорност на општеството, економијата и екосистемите кон влијанијата на климатските промени. На вчерашната седница на Владата, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање беше усвоена…
Истекувањето на нафта што потекнува од најголемата рафинерија во Сирија расте и се шири низ Средоземното Море и до денеска може да стигне до островот Кипар, соопштија кипарските власти. Сириските власти минатата недела рекоа дека резервоар исполнет со 15.000 тони гориво протекува од 23 август во термоелектрана на сирискиот крајбрежен град Банијас. Тие рекоа дека успеале да го стават под контрола, но ситуацијата регистрирана преку сателит го покажува спротивното. Анализата на сателитски снимки од Орбитал ЕОС сега покажува дека истекувањето на нафта било поголемо отколку што првично се мислело, зафаќајќи околу 800 квадратни километри – површина со иста големина како…
На денешниот настан по повод политичката академија на Конрад Аденауер за „Потикнување на демократијата на локално ниво“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека програмата на партијата за овие локални избори ќе биде нова и револуционерна, која ќе содржи многу проекти особено во делот на еко-здрави општини и која се изработува со експерти од различни области. -Ова ќе биде историски револуционерна програма во која ќе има многу проекти коишто се од интерес на граѓаните, како што кажав ќе промовираме транспарентни, отчетни и еко-здрави средини, општини во Македонија, и тука секогаш сме биле неколку чекори пред нашите политички противници. Навистина сум…
Годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Друштвото на филмски работници на Македонија е Северџан Бајрам. Северџан Бајрам (1966, Скопје), е филмски актер-натуршчик со интернационална кариера, познат по филмовите „Џипси меџик“(Gypsy Magic, 1997), „До Бачак“ (To the Hilt, 2014) на Столе Попов, „Црна мачка, бел мачор“ (Black Cat, White Cat, 1998) и „На млечниот пат“ (On the Milky Road, 2016) на Емир Кустурица, „Како убив светец“ (How I killed the saint, 2004) на Теона Стругар Митевска, „Трето полувреме“ (The Third Half, 2012) на Дарко Митревски, „Случајна сопатничка“ (Accidental Co-Traveller, 2004) на Среќко Јурдана, краткиот игран филм „Железна приказна“(Iron Story,…
Кина им забрани на онлајн играчите помлади од 18 години да играат во работните денови и ја ограничи нивната игра на само три часа во викендите, што предизвика значително зголемување на ограничувањата за и онака масивната индустрија за игри во земјата. Почнувајќи од оваа недела, на малолетниците ќе им биде дозволено само еден час игра помеѓу 20 часот и 21 часот во петок, за време на викендите и државните празници, се вели во соопштението на кинескиот надзорник за медиуми – Националната администрација за печат и публикации (НППА) – објавено од државната новинска агенција Ксинхуа во понеделникот. Овој потег претставува огромно…
Горан Герасимовски , кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Центар во Фејсбук пост се заблагодари на партијата, семејството и пријателите за поддршката .Тој вели дека пријателите и семејството се столбот на неговата кариера и без нивната поддршка немало да ја добие оваа шанса . Герасимовски во своето прво обраќање по кандидатурата вели дека очекува победа уште во првиот круг. Еве што меѓу другото напиша Герасимовски на ФБ: „Сакам да изразам огромна благодарност за поддршката и довербата која ја добив од СДСМ и раководството на партијата да бидам кандидат за градоначалник на Општина Центар. Центар е местото каде што сум…
Агенцијата за Национална Безбеднот во две годишниот период од своето функционирање, за време на кое морале да се соочат и со предизвикот наметнат од пандемијата со Ковид-19 , реализирала неколку илјади безбедносни проверки на лица чие работно место налага , согласно стандардите на НАТО, поседување безбедносен сертификат за пристап до класифицирани информации. Самите проверки, вели Директорот на АНБ, Виктор Димовски биле спроведувани согласно стандардите на НАТО, и обично за нив било потребно подолго време и поширок опфат. Околу информациите во јавноста дека и дел од функционерите не ги задоволуваат строгите НАТО, безбедносни критериуми, Димовски изјави дека 90% од информациите за…
Агенцијата за Национална Безбедност е целосно вклучена во безбедносните проверки на лицата кои наоѓаат прибежиште во Република Северна Македонија при бегството од Талибанскиот режим во Авганистан, брифира Директорот на Агенцијата за Национална Безбедност , Виктор Димовски. За лицата кои се упатуваат и во други земји, како и во Македонија , има и претходно добиени податоци но и податоци до кои доаѓаат со проверките што ги прават националните служби. Лицата се соодветно третирани од аспект на нивниот статус на лица со привремен престој и статус на лице кое транзитира и на кои засега им се даваат три месечни визи за престој,…
Агенцијата за Национална Безбедност ги претстави новите обележја на службата Агенцијата за Национална Безбедност која го одбележува две годишниот роденден и е сосема нова структура во разузнавачко-безбедносниот сектор на државата денеска ги промовира новите ознаки на службата.
Првиот човек на Агенцијата за Национална Безбедност, Виктор Димовски безбедносната состојба во земјава ја оцени за стабилна , иако како што рече постојат безбедносни ризици од природа на трите аспекти од делокругот на работење на Агенцијата, како што се спротивставувањето на разузнавачки активности , борба против тероризмот и насилниот екстремизам и дека навреме се добиваат сознанија благодарение на што се делува превентивно за да се отстраната шансите за човечки и секакви други загуби. Говорејќи по повод втората годишнина од формирањето на Агенцијата за Национална безбедност Димовски како посебно успешни ги наведе трите акции: – На планот на борбата со тероризмот…
Советниците за вакцина во САД едногласно го поддржаа уделот што вакцината на Фајзер го има во превенцијата од Ковид-19, особено откако минатата недела таа беше одобрена за лица од 16 години па нагоре. Советодавното тело на американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во понеделникот едногласно ја препорачаа вакцината Фајзер за лица на возраст од 16 години и постари, што се оцени за важен чекор што може да помогне да се зголеми бројот на вакцинирање во Соединетите држави. Администрацијата за храна и лекови минатата недела даде целосно одобрување на вакцината, која претходно беше достапна за повозрасната генерација. Здравствените…