Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сириското излевање нафта се шири низ Медитеранот и денеска се очекува да стигне до Кипар

0
By Mirjana on September 1, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 1, 2021 14:30

Истекувањето на нафта што потекнува од најголемата рафинерија во Сирија расте и се шири низ Средоземното Море и до денеска може да стигне до островот Кипар, соопштија кипарските власти.

Сириските власти минатата недела рекоа дека резервоар исполнет со 15.000 тони гориво протекува од 23 август во термоелектрана на сирискиот крајбрежен град Банијас. Тие рекоа дека успеале да го стават под контрола, но ситуацијата регистрирана преку сателит го покажува спротивното.

Анализата на сателитски снимки од Орбитал ЕОС сега покажува дека истекувањето на нафта било поголемо отколку што првично се мислело, зафаќајќи околу 800 квадратни километри – површина со иста големина како и Њујорк. Компанијата за Си -Ен -Ен во вторникот вечерта изјавила  дека нафтената дамка била на околу 7 километри од кипарскиот брег.

Кипарското одделение за рибарство и морско истражување соопшти дека, врз основа на симулација на движењата на излевањето на нафтата и метеоролошките податоци, масата може да стигне до Кејп Апостолос Андреас „во следните 24 часа“, односно во овие моменти.

Кејп Апостолос Андреас се наоѓа под контрола на Турците северно од поделениот остров и се наоѓа нешто повеќе од 130 километри западно од сирискиот Банијас.

Фотографиите што кружат на социјалните мрежи повеќе од една недела покажаа дека нафтената дамка се наоѓа покрај крајбрежните области на сириските Банијас и Ејблблех, а локалните жители предупредија на потенцијална закана за морскиот живот.

Жител на Банијас, кој зборуваше за Си -Ен -Ен под услов на анонимност, изјави дека голем дел од брегот бил загаден.

„На луѓето не им требаше ова, веќе е тешко да заработат за живот овде и ова секако влијаеше врз животот на многу семејства и ги натера да го загубат својот приход“, рече жителката.

„Владата испрати тимови со сунѓери и црева за вода; тие немаат капацитет да се справат со ова …не можете да го исчистите морето со сунѓери“, додаде жителот.

Турција, која дели граница и крајбрежје со Сирија, исто така е принудена за да го спречи излевањето.

„Ги преземаме неопходните мерки со мобилизација на нашите ресурси за да ги спречиме сите шанси излевањето да се претвори во еколошка катастрофа“, рече турскиот потпретседател Фуат Октај за државната новинска агенција Анадолија.

Рафинеријата „Банијас“ е главниот извор за гориво и е од суштинско значење за да се напојува земјата зафатена од војна.

Ова е второ големо излевање нафта во источниот Медитеран оваа година. Во февруари, излевање нафта од брегот на Израел ги опустоши плажите во земјата и остави наслаги на катран низ либанскиот брег.

истекува Медитеран нафта Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.