Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема пријавени смртни случаи кај младите Американци кои развиле миокардитис по добивањето на вакцината Фајзер

0
By Mirjana on August 31, 2021 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 31, 2021 10:13

Советниците за вакцина во САД едногласно го поддржаа уделот што вакцината на Фајзер го има  во превенцијата од Ковид-19, особено откако  минатата недела таа беше одобрена за лица од 16 години па нагоре.

Советодавното тело на американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во понеделникот едногласно ја препорачаа вакцината Фајзер за лица на возраст од 16 години и постари, што се оцени за важен чекор што може да помогне да се зголеми бројот на  вакцинирање во Соединетите држави.

Администрацијата за храна и лекови минатата недела даде целосно одобрување на вакцината, која претходно беше достапна за повозрасната генерација.

Здравствените власти се надеваат дека формалното одобрување и препораката на советодавното тело ќе поттикнат повеќе Американци да се вакцинираат. Со целосно одобрување од ФДА, некои компании и држави дури започнаа и да наложуваат вакцинација против  Ковид-19.

Сепак стапките на вакцинација остануваат ниски во многу делови на Соединетите држави, придонесувајќи за зголемување на хоспитализациите поради многу заразната варијанта Делта на коронавирусот.

Некои членови на телото рекоа дека зголемувањето на бројот на вакцинирани пред есенската сезона е критично, со цел  безбедно враќање на децата во училиштата.

„Секој што има врска со дете кое  сеуште не е доволно возрасно за вакцинирање, треба да се вакцинира во корист на своите деца“, вели д -р Хелен Кеип Талбот, специјалист за заразни болести, која беше дел од панелот.

Регулаторите ја одобрија третата доза на вакцините Фајзер и Модерна за оние со слаб имунолошки систем, а американската влада објави дека планира да ги стави засилувачките дози достапни за повеќе Американци уште во септември.

Советниците на ЦДЦ разгледуваат пристап кон бустер-вакцините што ќе се фокусираат на спречување на тешки заболувања меѓу оние кои се најзагрозени  а тоа се лицата во установите за долгорочна нега, други постари возрасни лица и здравствени работници – слично како и при првичното аплицирање на вакцините.

Персоналот на ЦДЦ ги претстави достапните податоци за потребата од засилувачи и рече, во овој момент може да биде тешко да се утврди дали имунитетот од претходна вакцинација опаѓа со текот на времето или дали вакцините се само помалку способни да спречат инфекција како  високо-преносливата варијанта Делта.

Неколку членови на панелот изразија загриженост поради објавата на Белата куќа за зајакнување на политиката што започнува во септември, дури и пред советодавниот панел за вакцина да ги види доказите или да утврди дека е потребна таква кампања.

Членовите на советодавната работна група за вакцини, која го обликува пристапот на агенцијата кон засилувачите, нагласија дека главниот приоритет на САД во моментов е да се фокусираат да бидат вакцинирани сите невакцинирани.

Уште еден состанок ќе биде закажан за средината на септември на кој ќе се разговара за засилувачите или за бустер дозите.

На состанокот во понеделникот, ЦДЦ повтори дека придобивките од вакцината на Фајзер  ги надминуваат потенцијалните ризици.

Нов Зеланд во понеделникот ја пријави првата смрт поврзана со вакцината на Фајзер, откако една жена страдаше од миокардитис- воспаление на срцевиот мускул, што е познат но редок несакан ефект на вакцината и случај кај кој се утврдува причинско-последичната реалција и дали таа е иницирана од вакцината Фајзер.

Кај младите Американци нема досега смртен случај по појава на воспаление на срцевиоит мускул по примена доза од вакцината Фајзер.

 

 

Вакцина нема млади починати фајзер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.