Author: Mirjana

Пандемијата на коронавирусот во крајна сиромаштија доведе 80 милиони луѓе од азиските земји во развој, покажува извештајот на Азиската банка за развој (АДБ), што беше објавен денеска. „Пандемијата од минатата година  турна 75 до 80 милиони лица во екстремна сиромаштија во земјите во развој во Азија, во споредба со тоа што би се случило без Ковид-19“, се наведува во документот на банката. Според методологијата на АДБ, луѓето кои живеат со помалку од 1,9 долари дневно се екстремно сиромашни. “Од 2017 година, околу 203 милиони лица или 5,2 проценти од населението на земјите во развој во Азија, живееат во екстремна сиромаштија.…

Read More

Американската организација за храна и лекови денеска  даде целосно одобрување на вакцината Pfizer/BioNTech Covid-19, за луѓе на возраст од  и над 16 години . Ова е прва вакцина против коронавирус одобрена од ФДА и се очекува да ја отвори вратата  и уште за други вакцини. Вакцината Pfizer/BioNTech е овластена за итна употреба во Соединетите држави од средината на декември за лица на возраст од 16 години и постари. Во мај, овластувањето беше проширено на оние од 12 години и постари. Од повеќе од 170 милиони луѓе во Соединетите држави целосно вакцинирани против Ковид-19, повеќе од 92 милиони примиле вакцина Pfizer/BioNTech.…

Read More

Во новите мерки, кои грчката Влада ќе ги соопшти утре, а ќе се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани, не е планирано воведување рестрикции за туристите, како на пример затворање граници или забрана за влез од одредени земји, потврди владиниот портпарол Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, на денешниот редовен брифинг со новинарите. -Засега немаме такви мерки на ум. Новите мерки се однесуваат на рамката на функционирање на јавната сфера, ако можам така да ја карактеризирам, од септември па натаму и станува збор за низа активности што се однесуваат на секој од нас, рече Иконому.…

Read More

Ураганот „Хенри“ ја погоди американската држава Род Ајленд, каде повеќе од 140.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Властите ги предупредија жителите во регионите Лонг Ајленд и Њу Ингланд за опасни урагани со брзина до 95 километри на час, како и можни поплави. Невремето во Род Ајленд предизвика материјална штета на згради и мостови и патишта, а повеќе од 140.000 домаќинства се без електрична енергија. Американскиот претседател Џо Бајден рече дека за загрозените лица ќе биде обезбедена потребната помош. Американскиот центар за следење урагани соопшти дека ураганот Хенри може да донесе обилни врнежи и да предизвика поплави во неколку региони. Вакви…

Read More

Австралиските синоптичари предупредуваат дека бурата, која се приближува кон источниот брег на Зелениот континент, може да се претвори во ретка „метеоролошка бомба“, објави NCA NewsWire. Според медиумот, утре и задутре се очекуваат огромни бранови, силни ветрови и поројни дождови во државата Нов Јужен Велс. – Особено Сиднеј и околината може да се соочат со најлошото време, изјави метеорологот Том Сондерс за Скај њуз Австралија. Тој објасни дека брановите би можеле да достигнат повеќе од осум метри височина, додека австралиската метеоролошка служба предупреди за бранови од пет метри. Но, дури и неговите соработници сугерираат дека веројатноста за силно невреме може да…

Read More

Од 5-те милиони уникатни јазични записи, досега, за 9 години се дигитализирани само 140 илјади ливчиња. Министерката за култура, Стефоска смета дека тоа е премалку и пребавно и ако продолжи со вакво темпо, веројатно ќе требаат безмалку уште 400 години за да се дигитализира само овoj скапоцен материјал Министерството за култура и Фондот за иновации и технолошки развој започнуваат процес за забрзано дигитализирање на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ со цел да се оствари заштита, валоризација, категоризација и ревалоризација на културното наследство на македонскиот јазик. Предизвикот е наменет за претпријатија кои можат да понудат иновативно решение –…

Read More

Филмскиот фестивал Скопје синема сити организира дводневен летен филмски настан, Chill Out, во отворениот простор на Кинотека на Македонија, на 27 и 28 август 2021 година. Настанот ќе се отвори со изложба на визуелниот уметник Стефан Шашков „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон Хасел, Харолд Бад и Роберт Фрип. Првиот ден ќе бидат прикажани документарни филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон сеобидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс. Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System…

Read More

Претседателот на Европски парламент Давид Сасоли ја оспори изјавата на словенечкиот премиер Јанез Јанша дека Европска Унија нема да отвори хуманитарни или миграциски коридори кон Авганистан, истакнувајќи оти „претседавачот со Советот на ЕУ не може да кажува што ќе направи ЕУ“. – Сите наши институции работат на тоа да утврди каква солидарност е потребна за тие кои се во опасност од новиот (талибански) режим, а не само за Авганистанците кои работеа со нас, изјави Сасоли. Тој го повика словенечкиот премиер Јанша да разговара со европските институции за следните чекори. – Сите наши земји чувствуваат дека се вклучени во расплет на…

Read More

Тензиите во односите меѓу Русија и САД се далеку од слични на оние за време на кубанската ракетна криза, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Во тоа време, двете големи сили беа на работ на нуклеарна војна. – Мислам дека историските паралели од овој вид не се соодветни. Сегашната воена и политичка ситуација во светот навистина има сличности со периодот на Студената војна, но има и големи, фундаментални разлики, рече Лавров. Како што пренесе руската агенција Тасс, тој додаде дека односите меѓу Русија и САД сега се далеку од најниската точка за време на кубанската криза во 1962…

Read More

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за денеска закажа седница на Советот за национална безбедност, на која, како што е најавено, ќе се разговара за безбедносната состојба во земјата во пресрет на церемонијата на устоличување на избраниот митрополит Јоаникиј во манастирот во Цетиње. На овој чин, на кој ќе присуствува српскиот патријарх Порфириј, се противи речиси целата црногорска опозиција, предводена од ДПС на претседателот Мило Ѓукановиќ, како и серија невладини организации, здруженија и поединци. Во организација на Комитскиот патриотски сојуз и ДПС, вчера во Цетиње се одржа протест против устоличувањето на владиката Јоаникиј, од кој беше кажано дека „Црна Гора не е…

Read More

Ова година Prilep Jazz Weekend фестивалот може да се пофали и со квалитетна OFF програма: На 29 Август 2021г на локалитетот Врбјанска Чука (кај село Славеј) ќе го проследиме перформансот LJUBOJNA AMBIENCE Фестивалот оваа година ќе го отворат Кантон 6, пионерски кросовер музички проект, кој датира од 2000та година и е пред се интелектуален производ на Синиша Евтимов – еден од водечките современи македонски театарски режисери и Мирко Попов – сеприсутен на нашата сцена како композитор/продуцент, диџеј, издавач и музичар воопшто. Постојаната промена и желбата за авантура, го доведоа Кантон6 до големото џез откровение, па последниве неколку години за бендот…

Read More

Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати Акцијата за наплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 23.08.2021 заклучно до 01.10.2021. Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот,без пресметка на камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката престанува да важи. Имајќи ја предвид ситуацијата…

Read More