Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Борис Џонсон би можел да стане следниот генерален секретар на НАТО, пишува Британски „Телеграф“. Џонсон би можел да го води НАТО по напуштањето на премиерската функција на Велика Британија, пишува весникот кој споделува и изјава на неименуван пратеник од Конзервативната партија. „Ако аплицираше за функцијата генерален секретар на НАТО, претпоставувам дека може да му се обрати на претседателот Зеленски за препораки“, изјави еден од претставниците на неговата матична, Конзервативна партија. Актуелниот генерален секретар на НАТО Јенс Столтенберг се очекува да се пензионира во септември 2023 година. Истакнати британски конзервативци ја поддржуваат идејата Борис Џонсон да стане следниот генерален секретар на…
Силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди филипинскиот остров Лузон, при што беа оштетени болница и згради, а силниот потрес се почувствува и до главниот град Манила. Бројот на загинати засега е 4 но постојано расте додека има над 60 повредени. Властите предупредуваат на појава на цунами и свлечишта. Американскиот геолошки институт извести дека епицентарот на земјотресот бил на 11 километри југоисточно од градот Долорес и на длабочина од 10 километри. Земјотресот е предизвикан од движење на локален расед на длабочина од 25 километри, соопштија властите и додадоа дека очекуваат нови последователни потреси. Најмалку…
Во удари од гром, за само 24 часа 20 лица загинаа во осум области на сојузната држава Бихар, на истокот на Индија, јави Би-Би-Си. Во северните делови на Бихар денеска и утре се предвидуваат дополнителни грмежи. Локалните власти апелираа до населението внимателно да ги следи советите на надлежните служби за справување со катастрофи.
Во последните 24 часа, од направени 2.100 тестови, регистрирани се нови 957 случаи на КОВИД-19. Сликата по грдаови е следна: Во Скопје – 487, Битола – 70, Кавадарци – 44, Куманово – 40, Охрид – 39, Прилеп – 36, Велес – 32, Тетово – 31, Ресен – 22, Штип – 18, Кочани – 16, Струга – 13, Струмица и Неготино – по 12, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 10, Крива Паланка – 8, Радовиш и Дебар – по 7, Берово, Валандово и Кратово – по 5, Крушево – 4, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 3, Богданци…
Чешката полиција во борбата против криминалот ќе почне да користи запленети возила, меѓу другото и скапоцените Ферари. „Ние користиме Ферари против најагресивните возачи на чешките автопати, но и за запирање на украдени возила или следење на настаните на тјунинг“, изјави портпаролот на полицијата Јакуб Винчалек. Меѓу 900-те одземени возила, Ферарито, кое сега има свои регистарски таблички, не е најскапиот автомобил, информираат од чешката полиција.
Досега Македонија и Бугарија три пати го имаат заеднички одбележано големиот празник Илинден, но оваа година подготовките за прославата се одвиваат во тајност, посебно во делот на прашањето дали ќе има заедничко чествување со оглед дека се присутни проценките дека вжештената атмосфера од двете страни на границата, може да доведе до инциденти. До денеска во бугарското министерство за надворешни работи нема стигнато покана од македонска страна за заедничко чествување на 119 – годишнината од Илинденското востание. А бидејќи непоканет не се оди никаде, барем од информациите што ги имаме досега, извор на НоваТВ вели дека „македонската Влада попрво би истрпела…
Европската конфедерација на синдикати (ETUC) ја повика Европската комисија да ги заштити работниците ширум ЕУ со директива за максимални работни температури. Оваа иницијатива дојде откако двајца работници колабираа и починаа од топлотен удар за време на екстремно топлиот бран во Шпанија минатата недела. Синдикатите на ЕУ бараат закон за дозволени работни температури Истражувањето на паневропската агенција Eurofound покажува дека ширум ЕУ, 23% од сите работници се изложени на високи температури најмалку една четвртина од времето, што се искачува на 36% во земјоделството и индустријата и 38% во градежништвото.
Цената на пченицата денеска нагло порасна, по ракетниот напад врз украинското црноморско пристаниште Одеса извршен изминатиот викенд кој предизвика сомнеж за спроведувањето на договорот постигнат минатата недела за отворање коридор за извоз на жито од Украина. Русија, Украина, Обединетите нации и Турција во петокот потпишаа договор за повторно отворање на трите украински пристаништа на Црното Море за извоз на жито. Договорот ќе важи 120 дена, а планиран е месечен извоз од пет милиони тони Цените на терминските договори за пченица на берзата во Чикаго денеска се зголемија за речиси четири отсто на 7,86 долари за бушел, враќајќи голем дел од загубите…
На предлог на градоначалничката Данела Арсовска, Советот на Град Скопје на денешната седница, врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа, според Законот за јавни установи и Закон за урбанистичко планирање, донесе Одлука за основање на Јавна установа за урбанизам на Град Скопје КЕНЗО ТАНГЕ. Целта на основањето на Јавната установа за урбанизам е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работите од урбанистичкото планирање, како и за обезбедување на оптималните услови за вршење на дејноста уредени со Законот за урбанистичко планирање, а едновремено ќе се елиминираат постапките на надворешни јавни набавки и тендери за проектирање на…
Пред пратениците денеска е Предлог-одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, во рамки на 71-вата седница. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки рече дека нивната пратеничка група ќе ја поддржи одлуката, но забележа дека се доцни со испраќањето на припадник на Армијата во мисијата АЛТЕА, а со тоа, како што рече, се нанесува штета на имиџот на државата, бидејќи нешто што е договорено треба и да се испочитува. „Не сакам да го критикувам Министерството за одбрана, кое навреме го достави предлогот за испраќање на припадник во АЛТЕА. Меѓутоа, владејачкото мнозинство не успеа…
Ја користам оваа можност да се заблагодарам за сета помош и поддршка на српската држава на македонската, за подадената рака во овие времиња полни со искушенија, започнува интервјуто на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Стефан за белградскиот весник „Политика“, во кое говори за заедничките литургии со Српската православна црква (СПЦ) во Белград и Скопје, воспоставувањето на евхаристичко единство и признавањето од СПЦ, значењето од помирувањето на двете сестрински цркви и перспективите на „двата братски народи“. „Препознавањето на непобитниот факт за стварноста на македонската црковна самостојност, е од големо значење и за нас, а уверен сум и…
И на второто гласање на Советот на град Скопје, донесена е иста одлука, Такси – превозот во Скопје да поскапи. Оваа одлука ја овозможи гласањето во градскиот совет по Предлогот за изменување и дополнување на Одлуката за авто-такси превоз на патници на подрачјето на градот Скопје и овој пат таа доби „зелено“ светло од советниците. Со одлуката, предложени се и три тарифи за наплата на услугите во скопските такси – возила, претходно усогласени и прифатени од Асоцијацијата на легалните таксисти, Синдикатот на таксисти и Групацијата на автотакси-превозници. Првата тарифа по која таксистите возат веќе 11 години е 40 денари старт и…