Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борис Џонсон на чело на НАТО ?!

0
By Mirjana on July 27, 2022 СВЕТ
British Prime Minister Boris Johnson leaves 10 Downing Street in London, Britain, February 9, 2022. REUTERS/Tom Nicholson
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 27, 2022 12:29

Борис Џонсон  би можел  да стане следниот генерален секретар на НАТО, пишува Британски „Телеграф“. Џонсон би можел да го води НАТО  по напуштањето на премиерската функција на Велика Британија, пишува весникот кој споделува и изјава на неименуван пратеник од Конзервативната партија.

„Ако аплицираше за функцијата генерален секретар на НАТО, претпоставувам дека може да му се обрати на претседателот Зеленски за препораки“, изјави еден од претставниците на неговата матична, Конзервативна партија.

Актуелниот генерален  секретар на НАТО Јенс Столтенберг се очекува да се пензионира во септември 2023 година.

Истакнати британски конзервативци ја поддржуваат идејата Борис Џонсон да стане следниот генерален секретар на НАТО, но скептиците сметаат дека Франција најверојатно ќе стави вето на неговата кандидатура, пишува Дејли Телеграф.

Изданието забележува дека Џонсон е уште еден британски политичар за кој се зборува дека е во трка за функцијата.

Досега се споменуваа имињата на министерот за одбрана Бен Валас и поранешните премиери Тереза ​​Меј и Дејвид Камерон.

Конзервативецот Ричард Дракс, висок член на Комисијата за одбрана на Долниот дом, изјави за весникот дека ќе го поддржи Џонсон за лидерската функција во НАТО, доколку тој тоа го сака.

Следниот политички шеф на НАТО требаше да биде објавен во септември минатата година, но изборите беа одложени за една година поради војната во Украина.

Пратениците од Украина и од Ториевците ја поддржуваат идејата Џонсон да биде можен кандидат, иако скептиците сугерираат дека тој најверојатно ќе биде пречекан со француско вето. Олекси Гончаренко, украинскиот пратеник, вели дека премиерот на Велика Британија ќе биде „вистинската личност да ја преземе функцијата од Јенс Столтенберг.“

Борис Џонсон ја има поддршката  од високиот круг на ториевците  да биде следниот генерален секретар на НАТО.

 

Борис Џонсон на чело на НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
shortcut
ФОКУС
May 27, 2026

„Ве молам, помогнете“ – Зеленски му испрати итно писмо на Трамп

ВЕСТИ May 27, 2026

Украинскиот претседател Володимир Зеленски испратил итно писмо до американскиот претседател Доналд Трамп, предупредувајќи го на…

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

May 26, 2026

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026
ТИКЕР

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.