Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на денешната пленарна сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“ говореше за придобивките од регионалната соработка во туризмот во заедничкиот развој и за иднината на регионот. „Поврзувањето на нашите економии, создавањето на заеднички регионален пазар од преку 10 милиони жители е една од причините за создавање на иницијативата „Отворен Балкан“ која го поттикнува економскиот раст, овозможува слободно движење на луѓе меѓу државите истовремено поддржувајќи го и унапредувајќи го туризмот“, рече вицепремиерот Битиќи. Тој истакна дека изминативе неколку години за компаниите…
Туркије им постави 10 услови на Шведска и на Финска за да го одобри пристапот во НАТО. Двете земји на 18 мај поднесоа барање за членство во НАТО кое беше упатено до генералниот секретар Јенс Столтенберг, поради војната во Украина, но официјална Анкара го блокира процесот, поради нивниот третман кон членовите на Курдската работничка партија (ПКК), која Туркије ја третира за „терористичка“. На двете земји им е предложено да ја поддржат Анкара во борбата против ПКК (забранета во Туркије), како и организациите на имамот Фетула Ѓулен и нивните ограноци. „Бидејќи Шведска и Финска, поддржуваат терористички организации, мора да ги воспостават…
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во првото јавно појавување на интервју по напуштањето на државната функција јавно проговори и за својата здравствена состојба, за која кон крајот на мандатот загрижи многу Германци. Имено таа на три пати во три недели во 2019 година, беше забележана како и се тресат рацете и целото тело, а моментумот таа не можела да го контролира бидејќи како што открива сега, бил предизвикан од емотивни причини. Запрашана за тресењето, кое беше забележано при првата посета на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, Меркел рече дека тоа е поврзано со смртта на нејзината мајка. „Тоа беше поврзано…
Нашата политичка цел е Западен Балкан мора да стане дел од Европската Унија, зашто европски е да се помагаме и да не се кочиме , да соработуваме да градиме мир и стабилност, порача премиерот Димитар Ковачевски во говорот со кој го отвори самитот на „Отворен Балкан“ во Охрид. „ Од исклучителна важност е Европската Унија и земјите членки максимално одговорно да прифатат дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан сега веќе е и стратешко и безбедносно прашање. Интеграцијата значи заедничка посветеност за изградба на силна, стабилна и обединета Европа, како дом на демократски и цивилизациски вредности и сили.…
Република Северна Македонија и градот Охрид се домаќини на самитот на „Отворен Балкан“ кој се одржува на охридското крајбрежје во хотелот Метропол. Синоќа премиерот Димитар Ковачевски ги дочека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама, гостите набљудувачи на состанокот црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и претседавачот со колективното босанско претседателство Зоран Тегелтија. На денешниот форум се очекува да се обратат и еврокомесарот за европски прашања Оливер Вархеи а преку видео обраќање говор ќе одржи и заменикот помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар. https://www.youtube.com/watch?v=P72oprTx4XQ
Во рамките на самитот на регионалната иницијатива „Отворен Балкан“, што се одржува вчера и денеска во Охрид, вчеравечер дел од високите гости од регионот имаа можност да се запознаат со културните знаменитости во стариот дел на Охрид. Ноќната прошетка на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерките за култура на Албанија, Елва Маргарити, и на Србија, Маја Гојковиќ, како и на министрите во Владата Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Крешник Бектеши, и на директори на сродни институции од иницијативата, започна од Античкиот театар, преку Галеријата на икони и Куќата на Робевци. Гостите беа запознаени и со една од најпрепознатливите техники за…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, направени биле 1.185 тестови, а регистрирани 53 нови случаи на КОВИД-19. По градови сликата изгледа вака: Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година Бројот на…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во рамките на официјалната посета на Република Турција, оствари средба со својот хомолог, Мевљут Чавушоглу. Посетата се случува во пресрет на oвогодинешното одбележување на 30 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји. На средбата беа отворени темите за билатералната соработка, сојузништвото во рамките на НАТО, регионалната и мултилатералната соработка, како и актуелните меѓународни безбедносни предизвици. „Минатата година размената достигна околу 800 милиони долари, а податоците од првиот квартал оваа година покажуваат дека сме на добар пат да ја надминеме онаа симболична бариера од една милијарда долари. Работиме за дополнително зголемување на динамиката,…
Утрово се одржа редовна работна средба помеѓу Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и директорот на македонската државна Комисија за односи со верските заедници г-дин Даријан Сотировски. На средбата беше споделена радоста од позитивниот развој на процесот на препознавање и прифаќање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија. Во пресрет на долгоочекуваното сослужување на МПЦ-ОА со Вселенската патријаршија на 12 јуни во патријаршиското седиште во Фанар, се разгледаа досега преземените подготвителни активности, по што се заклучи дека се е спремно за големиот ден кога ќе се официјализира историската одлука на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј…
Денеска и утре Охрид ќе биде домаќин на самитот на „Отворен Балкан“ на кој ќе присуствуваат претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, албанскиот премиер Еди Рама а за прв пат гости на оваа иницијатива со статус на набљудувачи ќе бидат првиот човек на босанското претседателство Зоран Тагелтија и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, со кои земји во блиска иднина, со голема веројатност ќе се прошири иницијативата. Македонската влада соопшти дека ќе присуствува и комесарот за проширување Оливер Вархеи а заменикот помошник на државниот секретар на САД Габриел Ескобар, ќе се обрател со видео порака. На форумот ќе има и претставници на…
Италијанската полиција заплени 4,3 тони кокаин кој на црниот пазар вреди 240 милиони евра. Ова му нанесе тежок удар на колумбискиот клан дел Голфо, соопштија истражителите. Полицијата соопшти дека станува збор за една од најголемите вакви заплени во Европа и дека се издадени налози за апсење на 38 лица во шест земји – Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија. Во истрагата, која траела повеќе од една година, биле вклучени колумбиското правосудство и американската Агенција за национална безбедност, пренесе РТС. Освен кокаин, запленети се и 1,85 милиони евра. Колумбиските власти објавија минатиот ноември дека се фокусирани на разбивање на Кланот…
Сојузот на синдикатите на Македонија денеска до пратениците достави предлог со амандман со кој бара измена и дополнување на буџетот односно предвидување на средстава со кои основната нето плата на вработените во органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон и – институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, армијата, полицијата како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од…