Author: Mirjana

На 87 годишна возраст по кусо боледување, вчера во Скопје во еден од домовите за згрижување стари лица, почина Ани Рахимовска мајката на балканската музичка ѕвезда Аки Рахимовски. Посмртните останки на Ани Рахимовска ќе бидат погребани претстојнава недела. Ани Рахимовска поради состојбата со старечката деменција , не знаела за смртта на нејзиниот син, ни изјави Мина Сефер внука на Ани и братучетка на Аки и најблизок член на семејството на Рахимовски со кого се ословувале како сестра и брат, зашто и заедно растеле како деца.  Мина Сефер ни раскажа дека Аки често доаѓал да ја посетува мајка си, особено откако…

Read More

Граѓаните на Косово, и покрај тоа што се погодени од пандемијата и порастот на цените во сите сектори, се покажаа како мошне штедливи, така што нивните заштеди во банките, според податоците од почетокот на март годинава, достигнаа рекордни 4,75 милијарди евра, објави агенцијата КосоваПрес. Според официјалните статистики во Косово, и комерцијалните банки во 2021 година забележале рекордна добивка од над 100 милиони евра. Гувернерот на Централната банка на Косово (ЦБК), Фехми Мехмети вели дека само во текот на 2021 година се дадени нови кредити во вредност од 1,8 милијарди евра, што, според него, говори за поддршката што на косовското стопанство…

Read More

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека со американскиот сенатор Крис Марфи не разговарал за воведување санкции против Русија, но и дека Србија е под сериозен притисок од сите страни да се приклучи, јави дописникот на МИА од Белград. Одговарајќи на новинарски прашања по одржување на воената вежба „Штит 2022“ во Батајница, Вучиќ оцени дека во тек е светски политички конфликт и дека Србија се соочува со неверојатни притисоци. – Тоа се сведува на многу софистицирани методи на закана и уценување на економскиот напредок или назадување на земјата. Во овие услови само барам луѓето да разберат и да…

Read More

Претставникот на руското Министерство за надворешни работи Владимир Јермаков денеска изјави дека е замрзнат Дијалогот помеѓу Москва и Вашингтон за стратешка стабилност. Јермаков, кој е вршител на должноста шеф на контролата за неширење на нуклеарното оружје, изјави дека тие контакти би можеле да бидат обновени кога ќе заврши руската „специјална воена операција“ во Украина. – Распоредувањето на американски ракети со среден и краток дострел на европско тло и во азиско-пацифичкиот регион дополнително ќе ја ескалира кризната ситуација и ќе започне нова трка во вооружување, предупреди Јермаков. 

Read More

Поради пожарот илјадници луѓе од долината Мора, околу 60 километри североисточно од Санта Фе, се подготвуваат за евакуација. – Силниот ветер го разнесува жарот на повеќе од 1,5 километри и го шири пожарот што на 6 април изгоре 303 квадратни километри од планината Сангре де Кристо, уништувајќи стотици домови и згради. Изгледа многу страшно. Со оглед на брзината на ширење, за нас е многу тешко да постигнеме каква било контрола на пожарот, изјави командантот на силите за помош при природни катастрофи Карл Швопе. Пожарникарите предупредуваат дека денеска ќе има ветер од јужен правец и оти огнот ќе се шири кон…

Read More

Руските трупи украдоа значително количество жито од окупираните територии на Украина, изјави заменик министерот за земјоделство Тарас Висоцки. Тој додаде дека е загрижен оти Москва би можела да преземе над 1,5 милиони тони жито складирано на окупираните територии. Украина е четврти најголем извозник на житни култури во светот, а во сезоната 2020/2021 година продаде 44,7 милиони тони жито во странство. Обемот на извозот нагло опадна од почетокот на руската инвазија. Украинското Министерство за надворешни работи пред два дена остро ги осуди „криминалните дејствија на Руската Федерација во така наречената експропријација на посевите од земјоделците регионот Керсон, јужна Украина“, без да…

Read More

Синоќа, нешто по 20 часот на излез од Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ дале знак за запирање на патничко возило „Сеат толедо“, со скопски регистарски ознаки, но тоа не застанало. Набрзо возилото било пронајдено во близина на наплатна рампа Смоквица и во него биле откриени 7 лица мигранти од Сирија, соопшти МВР. Истовремено, на излезот од Гевгелија  било сопрено и патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, во кое  биле пронајдени 6 лица мигранти од Сирија. Возачот А.Н.(27) од с.Горно Количани, скопско, се обидел да избега, но бил фатен, лишен од слобода…

Read More

Во текот на вчерашниот ден  санкционирани се 179 возачи во рамки на засилената акциска контрола на МВР на територијата на државава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место, информираат од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните…

Read More

Македонските граѓани одамна заслужија почеток за преговори со Европската Унија, тоа е нешто што Македонија го заслужува. За жал блокадата од Бугарија стои, едно непринципиелно вето и вето кое ги поткопува темелите на македонската држава, македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски истакна дека Европската Унија треба да изврши силен притисок врз Бугарија, со цел во јуни да се тргне ветото и Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори. – Барањата коишто ги има Бугарија се под секое национално достоинство и не мислам дека треба да се разговара нити за засебноста на…

Read More

Агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на РС Македонија на „ББ+“ со негативен изглед. Агенцијата нотира добро владеење, како и кредибилна и кохерентна макрофинансиска политика, конзистентна со долго одржуваниот фиксен девизен курс.  Задржувањето на кредитниот рејтинг е особно значајно за земјава во услови на глобална криза. Агенцијата нотира дека негативниот изглед ги рефлектира ризиците со кои земјата се соочува по пандемскиот шок и ефектите од настаните во Украина, се наведува во сопштението на Министерството за финансии. „Фич“ во извештајот наведува дека негативните влијанија делумно ќе бидат избалансирани со растот на домашната побарувачка, која е поддржана од владините…

Read More

Во вторник (03.05) ќе се промовира формирањето на нов клуб за бугарско-македонско пријателство како и повелба за неговите цели и задачи. Информацијата до медиумите ја лиферуваа Атанас Шарков и историчарот Стефан Дечев. Во информацијата уште се наведуваат и основачите од македонска и од бугарска страна. Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички…

Read More

За само 5 дена над илјада текстилни работнички кои работеле во 7 конфекции на истокот на државата пријавиле дека зеле плата која не го исполнувала законскиот загарантиран износ за минималецот. Ова го изјавила Кристина Ампева од здружението „ Гласен текстилец“ , пренесува Фокус. – Имаме случај на 970 работници кои добиле минимална плата од 18.000 денари, но не им се исплатени додатоците на плата. Засега ова се мали бројки, но, пријави пристигнуваат, ги комплетираме, потоа ги доставуваме до Инспекторатот за труд“,  изјавила Ампева.

Read More