Author: Mirjana

Вакцинација е најдобрата заштита од сериозни заразни болести, но и една од најуспешните и најисплатливите инвестиции на јавното здравство, а лекарите имаат клучна улога во проширувањето на опфатот со вакцини, истакнува Лекарската комора по повод одбележување на Светската недела на имунизација чие мото оваа година е „Долг живот за сите“. Здравствените политики треба да ги поддржат здравствените работници и во континуитет да обезбедат ефективни, транспарентни и објективни информации за јавноста и да се борат против лажните и погрешните информации. Вакцините се безбедни и ефикасни, тие се темелно тестирани и докажано спречуваат сериозни болести, спасувајќи милиони животи секоја година.  Лекарите и…

Read More

Во организација на Здружението на Украинците во Македонија,  „Лесја Украинка“ утре во Соборниот храм на Македонската православна црква во Скопје, Исламската верска заедница, како и Католичката црква ќе се одржат молитви за жртвите од војната во Украина. – Во војната во Украина веќе загинале илјадници луѓе од различна националност и верска припадност,крвопролевањето секоја минута продолжува. Поради тоа Здружението на Украинци во Република Северна Македонија „Лесја Украинка“, со дозвола на верските заедници во земјата, ги повикува верниците од различна вероисповед на 1 мај 2022 година (недела) на целата територија на Република Северна Македонија во верските објекти според својата вероисповед и своето…

Read More

На телевизијата Русија 1 водителката на емисијата „60 минути“ Олга Скабејева и пратеникот во Думата, Алексеј Журављов синоќа разговараа за колку секунди интерконтиненталната балистичка ракета Сармат може да стигне до главните градови на земјите кои ја снабдуваат Украина со оружје. – Еден Сармат и тоа е тоа, британскиот остров постоше, британскиот остров повеќе не постои, истакна Журављов. Додека Скабајева истакна дека на ракетата Сармат истрелана од Калининград за 106 секунди може да стигне до Берлин, до Париз за 200 секунди, а до Лондон 202 секунди. Беше прикажана и графика – „Време на лет на ракетите РС-28 Сармат до главните градови…

Read More

Во своето редовно ноќно видеообраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски го опиша уништениот град Мариупол како „руски концентрационен логор среде урнатини“. Тој додаде рече пристанишниот град во јужна Украина „бил еден од најразвиените во регионот“ а руските сили „целосно го уништија“. Зеленски истакна и дека „окупаторите во Донбас прават се за да го уништат целиот живот“ со константно бомбардирање и воздушни напади. – Одбраната на нашата земја, заштитата на нашиот народ буквално е борба за живот, посочи Зеленски.

Read More

Животниот век при раѓање во нашата земја споредно со 2019 година е намален за 2,2 години, кога бил 76,6 години, што е најголемо намалување меѓу сите земји во регионот, според  Евростат.  Очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ во 2020 година изнесува 80,4 години, што е за 0,9 години пониско споредено со претходната 2019 година. Највисок очекуван животен век на ниво во ЕУ при раѓање имаат жителите на Норвешка – 83,3, Исланд и Швајцарија – по 83,1 години, додека најмал Бугарија – 73,6 години и Романија – 74,2 години. Кај нас очекуваниот животен век е 74,4 години, покажуваат податоците на…

Read More

Дијалогот со Бугарија мора да се базира на европски вредности, почит и достоинствен разговор. Владите на двете земји, кои се европски ориентирани, имаат обврска да наметнат наратив кој ќе биде позитивен и насочен кон иднината, што ќе овозможи отпочнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Државава долгорочно се вложи во овој процес и е целосно конструктивна, но топката не е во нашиот двор туку во Софија. Овој процес ќе зависи и од тоа дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство по ова прашање. Ова се главните пораки во однос на евроинтегравните процеси на државава и прашањето со Бугарија, што беа…

Read More

Времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7 степени, а максималната ќе достигне до 21 степен. Од УХМР посочуваат дека денеска температурата ќе опадне за неколку степени и следува период на променливо облачно…

Read More

137 новозаразени од 2.303 тестови е билансот последното деноноќие од ковид-19, информира Министерството за здравство. По градови сликата изгледа вака:  Скопје – 61, Битола – 39, Штип – 7, Кичево – 5, Кавадарци, Ресен и Берово – по 3, Прилеп, Тетово, Охрид, Гевгелија и Свети Николе – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Виница – по 1. Од вкупниот број на позитивни 137, регистрирани се 13 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица но, според Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се 2 починати лица од Скопје, на…

Read More

Јавниот долг, заклучно со 31.3.2022 година, изнесува 57,1% и е намален за 3,7 процентни поени во однос на 31.12.2021 година кога изнесуваше 60,8% од БДП. На намалувањето на јавниот долг влијаеше отплатата на обврските по основ на главнина за надворешен долг во прв квартал  во 2022 година, во износ од 55,2 милиона евра. Согласно последните податоци, јавниот долг е позициониран на ниво под мастришкиот критериум на Европската Унија, што ја покажува добро поставената фискална политика и доброто управување со јавните финансии во време на енергетска криза и зголемена инфлација. Со цел заштита на портфолиото на државниот долг од евентуалните идни пазарни…

Read More

Шведскиот процес за придружување на НАТО се разликува од оној на Финска,  смета официјален Стокхолм.   Шведска уште не донела одлука за пристапување во НАТО , изјави денеска во Хелсинки, министерката за надворешни работи Ен Линде.  „Во Шведска уште не е донесена одлука за влез во НАТО, уште е во тек расправата за ова прашање во парламентот, навела Линде за финскиот телевизиски канал МТВ , пренесува Ројтерс.

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден вчера побара од Конгресот да одобри дополнителни финансиски средства за помош на Украина во износ од 33 милијарди долари. Одлуката на САД да го конфискува рускиот имот со цел да и пружи помош на Украина е опасен преседан и обид за легализирање на експропријацијата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Тоа е опасен преседан кој претставува недозволиво искривување и кршење на сите правни норми.  „Тоа не е ништо друго освен експропријација на приватна сопственост и обид да се легализира на псевдо начин“, им рекол Песков на новинарите, пренесува Спутник.

Read More

Изминативе 100 дена власта се однесува арогантно со народот. Цената на струјата е зголемена за 30%, а на парното греење за 15%. Народот плаќа поскапи сметки, и сето тоа затоа што владата е арогантна и не ги послуша експертите и ВМРО-ДПМНЕ кога даваа решенија за енергетската криза, реагираат од опозициската партија.  Зголемени се цените на брашното, лебот, зејтинот, млекото, горивата сите се зголемени во дијапазон од 70% до 100%, пресметале од опозициската партија. Власта овие 100 дена, но и изминативе 5 години е неспособна и затоа што во ек на светска криза за храна, родот на нашите земјоделци останува да…

Read More