Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Скопјани денеска ги вознемирија димните бомби и фреквентниот лет на хеликоптери во близина на спортската сала „Борис Трајковски“. Но наместо некој немил настан, на оваа локација полицијата изведуваше вежба именувана како „Пролет 2022“. Справување со поголеми навивачки групи пред и за време на меѓународен спортски натпревар кој е прогласен за натпревар од висок ризик, со најавено присуство на ВИП лица – во реализацијата на целокупната Оперативно-тактичка вежба „Пролет-22“, учествуваа припадници од Одделот за специјални полициски операции, Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, Одделот за воздухопловни единици, Единицата за службени кучиња, Единицата за откривање, деминирање на експлозивни средства и…
Силните ветрови и отсуството на врнежи од дожд ја отежнуваат борбата на пожарникарите со шумскиот пожар во централна Аризона кој се распламти вчера и кој натера илјада луѓе да ги напуштат своите домови и уништил дваесетина објекти, јавуваат локалните медиуми. – Не можам доволно да нагласам колку брзо се шири овој пожар и колку е важно да се напушти со оган зафатеното подрачје, изјави Тру Браун пожарникар во Националната шума, Коконино, јавува Ројтерс. Пожарот наречен „пожар во тунел“ зафатил површина од околу 6.000 хектари додека се ширел северно од Флагстаф во Аризона , изјавиле надлежните лица за гасење на пожарот,…
Војвотката од Сасекс, Меган викендов направила гаф, откако била фотографирана како го насликала украинското знаме наопаку, заменувајќи ги местата на жолтата со сината боја. Настанот се случил на приватна забава на британските воени ветерани, настан кој традиционално се одржувал во паркот Зуиде во Холандија, објави Дејли меил. Грешката е дотолку неочекувана зашто Меган и нејзиниот сопруг принцот Хари веќе неколку месеци се активни во поддршката кон Украина и украинскиот народ. Таа врз лентите го напишала зборот „мир“ и „слава Украина“ !
Кризата за храна и за суровини за храна што настана поради војната во Украина ја принуди македонската влада да ја зголеми помошта за развој на земјоделското производство посебно во делот на производството на храна. Појавата на кусок на лебно жито и на масло за јадење го вклучи алармот и за мерки за спречувње и на миграцијата село – град затоа што дури и сопствениците на ниви во селските атари кои што се главни ресурси за производство на храна, ги напуштија ораниците и ги заменија со градски асфалт. И глобалните прогнози се исклучително неповолни и предупредуваат дека светот ќе снемува храна,…
Ова музичко-сценско дело изведено од Националната опера и балет нè однесе на едно космополитско патување, задржувајќи го вниманието на публиката од првата до последната сцена. Госпоѓиците од Авињон во претставата ги отелотворија, со извонредната балетска игра, Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова- Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова и Христина Наќевска, кои настапија заедно со одличните Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. Олга Панго, која е кореограф и режисер на претставата, со асистентите Горан Божинов и Саша Евтимова направија впечатлива кореографија, а заедно со сценографските елементи на Валентин Светозарев вклопени во приказната, но и играта на…
За скоро цела минута Адријана, на Купот на Македонија на 10.000 м успеа да го подобри сопствениот, а воедно и националниот рекорд со време 35.00.30, кое претходно изнесуваше 35.53.33. Временските услови беа исклучително лоши, но тоа не беше никаква пречка за Поп Арсова да го постави новиот државен рекорд. Купот на Македонија на 10.000 м се одржа на 17-ти април, како прв натпревар на стаза за 2022 годинa во организација на Атлетската федерација. Победници се Адријана Поп Арсова и Атанас Анчевски од Атлетски клуб Делта од Скопје.
Пожар во куќа на улицата „Трета македонска бригада“ синоќа во Скопје однесе еден човечки живот. Како што соопштуваат од полицијата, откако пожарот бил изгаснат во куќата било пронајдено безживотно тело на 75 годишна жена. Смртта ја констатирал лекар. Пожарот бил проијавен вчера во 20.40 часот, информираат од полицијата. – Настанал пожар во куќа на ул.„Трета македонска бригада“ во Скопје, пожарот бил изгаснат, а во куќата била пронајдена почината С.Ч.(75) од Скопје. Смрт констатирал лекар, увид бил извршен од полициски службеници од СВР Скопје, велат од МВР. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција. Извештајот од обдукцијата,…
Министерството за финансии деновиве работи на доставување на формалното барање за користење на макрофинансиска поддршка од ЕУ, откако Владата донесе одлука и рок од 7 дена за тоа, на онлајн седница што се одржа во понеделникот. Што се однесува до износот што ќе се бара како и начинот и временската рамка на користење на средствата, од Министерството за финансии за НоваТВ, велат дека ова ќе се дефинира во понатамошните разговори со ЕУ. Со доставувањето на формалното барање, Министерството за финансии ќе бара европските партнери да ја разгледаат можноста за користење на средства од овој инструмент од аспект на новонастанатата состојба…
Европскиот единствен број за итни повици „112“ веќе функционира и во земјава. Од 11 февруари наместо граѓаните да ги „вртат“ броевите 192, 193, 194 и 195, за полиција, брза помош, противпожарна единица или Центарот за управување со кризи, сега имаат можност со вртење само на овој број, да можат да ја добијат потребната помош од било која од овие институции и служби. Праксата од првите два месеца функционирање на „112“, покажала дека граѓаните ја препознаваат важноста на овој број и каква услуга можат да ја добијат преку истиот, иако имало и има јавувања поради незнаење а во некои случаи и…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи со денешната изјава „да не се викаше бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, ќе дојдеше државниот врв и заедно ќе го отворевме” всушност призна дека Владата на Македонија била запознаена со сите детали околу скандалозната промоција на фашизам од Бугарија, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Навистина се грозни и манипулативни обидите на Владата и перјаниците на СДС вниманието на јавноста да се дефокусира обвинувајќи го ВМРО-ДПМНЕ за некаква поврзаност со промоцијата на Ванчо Михајлов, наместо целокупното внимание да се насочи кон единствената вистина зошто владата молчеше за промоцијата на фашизам на Бугарија среде Битола и зошто не побара…
Рускиот авион, кој беше испратен од Москва за да ги земе протераните руски дипломати од Шпанија и Грција, бил принуден да лета на заобиколна рута која имала повеќе од 15.000 километри поради забраната за летови кон ЕУ, покажуваат податоците објавени од веб-страницата FlightRadar, пренесува Гардијан. „Додека Шпанија и Грција направија исклучок и дозволија влез во нивниот воздушен простор, авионот мораше да лета надвор од земјите кои воведоа забрана за руски летови“, се вели на веб-страницата за следење летови. На неа се прецизира дека „вкупната должина на летот била 15.163 километри, што е нешто пократко од моментално најдолгиот лет во светот…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во периодот од 20.04.2022 до 23.04.2022 година, поради официјална посета на претседателот на Република Латвија, Н.Е. Егилс Левитс, на нашата држава, МВР ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје. За таа цел, СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.