Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Во својство на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум – КИФ, претседателот на СКСМ Бранко Азески, на работен ручек со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, разговараше за клучните прашања поврзани со регионалната економска соработка, и перспективите за продолжување на процесот на воспоставување на заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан, кој во изминатата година не се реализираше со посакуваната динамика, се наведува во соопштението од Стопанската комора. Средбата е во пресрет на состанокот на Бизнис Платформата Западен Балкан-ЕУ, кој Коморскиот инвестициски форум го организира следната недела во Брисел, во присуство на комесарот Вархеји и различните директорати во Европската комисија, претставници на…
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски денеска ги потпиша договорите за кофинансирање на 7 нови проекти од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Србија во вкупна вредност од 1.236.000 евра. – Задоволни сме што во првиот јавен повик на оваа програма имаме 98% искористеност на расположливите средства од Европската Унија, што зборува дека имаме добри проекти и добро управување со средствата од ЕУ, зашто прецизните правила и процедури мора да бидат испочитуваат до крај за во целост да бидат апсорбирани 85% од вкупните средства што ги обезбедува Европската Унија, но и оние 15% што ги…
Новата македонска Влада ги „ситни“ првите сто дена, кои важат за „меден месец “ на секоја извршна власт бидејќи е неформален рок за нејзина адаптација и согледување на состојбите. Веќе наредниот четврток, Ковачевски и неговите избраници ќе седнат на „жешките“ собраниски столчиња на кои ќе треба да се соочат со љубопитноста на пратениците, дотолку повеќе што ваква седница не е одржана дури од лани летото. Имено, последните пратенички прашања односно пленарната седница со број 47, се одржала на 30 јули, 2021 година. По пауза поради локалните избори а за тоа говорницата да не се користи за предизборно препукување, следна пленарна…
Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите, стои во соопштението од оваа заедница лиферувано до медиумите. На 16.04.2022 година, Шабат и прв ден Песах, ден кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта – премиерот Кирил Петков, потпретседателот на државата Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешниот министер за надворешни работи Захариева, и други, официјално го отворија бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“…
И денеска не стивнуваат реакциите за тоа што сакал да покаже бугарскиот естаблишмент кој присуствуваше на отворањето на клуб при културниот центар во Битола насловен по Ванчо Михајлов – историската личност познатa, меѓу другото и по тоа дека не признавал македонска нација, јазик и култура. Дел од реакциите ваквиот бугарски гест го образложуват со јакнење на сопствената преговарачка позиција и слабеење на нашата во пресрет на јунскиот состанок на врвот на ЕУ. За историчарот професор доктор Тодор Чепреганов нема дилема дека бугарскиот политички врв сака да ни порача дека и тој е на линијата на Михајлов кога е во прашање…
До 1 мај се продолжени актуелните правила и предуслови за патување во Грција, односно и понатаму е задолжителен сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19 или негативен резултат од ПЦР/рапид тест, мерки што важат и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, утрово стапи во сила, а важи до 1 мај 2022 година. Во однос на документот поврзан со Ковид-19, правилата остануваат непроменети, сертификатот за вакцинација е со важност до девет месеци по втората…
Стотици милиони фунти на британските даночни обврзници се во рацете на компании што продолжуваат со работа во Русија, пишува Индипендент. Владата дури потпишала милионски договори со овие компании за време на веќе започнатата војна во Украина. Велика Британија има тековни договори во вредност од околу 300 милиони фунти со 15 мултинационални компании што продолжуваат да работат со Русија, според анализата на Индипендент. Од министрите било побарано да ги прекинат врските со овие компании и да ги раскинат договорите. Повеќе од 600 компании се повлекле од Русија од почетокот на војната, но 214 го задржале своето економско присуство во земјата, покажа…
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од денес, повторно ја отвора канцеларијата за прием на странки во дирекцијата на претпријатието која согласно донесените одлуки и препораки од Владата на РСМ, на 12.03.2020 година, беше затворена како превентивна мерка за спречување на ширењето на вирусот КОВИД-19. Отсега, корисниците на услугите на ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе можат да склучуваaт и продолжуваат договори за резиденти и нерезиденти и да поднесуваат рекламации и приговори исклучиво на шалтерите во канцеларијата за прием на странки којашто се наоѓа на I кат во дирекцијата на претпријатието во катната гаража „Судска палата“. Канцеларијата…
Во Клубот на пратениците денеска ќе бидат потпишани договори за национално кофинансирање преку ИПА Програма за прекугранична соработка меѓу Србија-Северна Македонија преку отворени повици за 2016-2020. На потпишувањето ќе се обрати министерот за локална самоуправа Горан Милевски и ќе бидат презентирани и седум проекти.
Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник. Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки. ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа. -На денешните избори од вкупно запишаните 7077 лица со право на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди за претстојна офанзива на руските сили во источниот дел на Украина, за време на своето видео обраќање, јави Си-Ен-Ен. Според Зеленски, руските војници подготвуваат офанзива операција во источниот дел на Украина. Тој тврди дека „ќе почне во блиска иднина“. – Тие сакаат буквално да завршат и да го уништат Донбас. Да се уништи сè, по што некогаш беше познат, овој индустриски регион. Баш како што руските војници го уништуваат Мариупол, тие сакаат да избришат други градови и заедници во регионите Донецк и Луганск, смета украинскиот претседател. Зеленски додаде дека во Харков, руското гранатирање уби петмина…
Брод за крстарење денеска се закотви на пристаништето во Сиднеј првпат по повеќе од две години, откако беше укината забраната од 2020 година предизвикана од пандемијата на коронавирусот. „Пацифик експлорер“ направи „драматично влегување“, со голем натпис „Ние сме дома“, распослан на носот од пловилото. Маса луѓе се собраа на Сиднејскиот пристаништен мост за да го гледаат пристигнувањето на бродот, кој пред речиси еден месец го почна своето 18.000 километри долго патување од Кипар назад кон Австралија. Резервациите за австралиското крстарење на најголемата компанија – „Ар енд O“ веќе се блиску до нивоата пред пандемијата, смета нивната претставничка Линдзи Гордон. – Сега…