Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Американското Министерство за финансии на црниот список официјално вклучи уште две руски компании – производители на дијаманти и бродоградители – со тоа што им го оневозможи пристапот до американскиот финансиски систем. Најновите санкции се насочени кон руската државна компанија United Shipbuilding Corp и кон компанијата за ископување дијаманти Алроса. „Преку овие санкции, Министерството за финансии ги прекинува дополнителните извори на поддршка и приходи на владата на Руската Федерација за да ја води својата неиспровоцирана војна против Украина“, се наведува во соопштението за печатот. „Алроса“ е најголемата светска компанија за ископување дијаманти, со 28 отсто од светското производство на дијаманти, се…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изутринава отпатува за главниот град на Украина – Киев, каде што ќе се сретне со претседателот Володимир Зеленски, јави ДПА. Таа е придружувана од шефот за надворешни работи на ЕУ Жозеп Борел. Фон дер Лајен со воз тргна од малиот јужен полски град Пжемисл, на само 13 километри од украинската граница. Воздушниот простор над Украина е затворен поради војната. Фон дер Лајен ќе биде првиот западен лидер што ќе ја посети Украина откако во последните денови беа разоткриени злосторствата во киевското предградие Буча. Во средината на март премиерите на Полска, Словенија и…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во март изнесуваат 36.768 денари, објави денеска Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), презентирајќи ги пресметките на минималната синдикална кошничка. – Од почетокот на годинава до сега, потрошувачката кошничка е поскапена за 1.000 денари, а споредбено со месец март таа е поскапена за 3.000 денари. Најголемо зголемување има кај исхраната, пијалоците и кај превозот“, утврдила пресметката на ССМ. За храна и пијалоци во март биле потребни минимум 15.780 денари, а за режиски трошоци 11.597 денари. Останатите пари од минималната синдикална кошничка одат на превоз, облека и на здравствени услуги.
Судскиот совет одново постапувајќи по трите предмети за утврдување одговорност кај судии, а за кои Советот за жалби при Врховниот суд претходно им ги укина решенијата, повторно донесе решенија тројцата судии Стојанче Рибарев , Сузана Здравева и Зоранчо Мицевски да бидат разрешени од функцијата. Судскиот совет при одлучувањето, се наведува во соопштението, се водел и од насоките на Советот за жалби. Во едниот предмет напатствијата од Советот за жалби беа да се провери навременоста, преиначувањето, односно прецизирањето на барањето за утврдување одговорност, како и да се оцени дали судијата постапувал како судија или како В.Д. претседател на суд. Напатствијата се…
Не 50 000 тони туку 100 000 тони пченица ќе ни испорача Србија. Ова го потврдиле низ телефонски разговор македонската и српската влада која од денеска го одмрзна извозот за овие производи, кој малку се оддолжи поради изборните активности во земјата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски порача дека нема место за страв и паника ниту кај мелничарско – преработувачката индустрија ниту кај граѓаните дека ќе се остане без лебно жито. – Производителите на леб имаат залихи од 25 000 тони, со денешната одлука на српската влада, стартува да се испорачува договорениот контингент на пченица од 100 000…
Среде пандемија, со загадена планета, зголемени болести како рак, астма, срцеви заболувања, на Светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација (СЗО) соопштува дека фокусот го става на итните активности за да се одржат луѓето и планетата здрави и да се поттикне движење за создавање општества фокусирани на благосостојба. СЗО проценува дека повеќе од 13 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се должат на еколошки причини што може да се избегнат. Ова ја вклучува климатската криза како најголема здравствена закана со која се соочува човештвото. „Климатската криза е и здравствена криза. Нашите политички, социјални и комерцијални ја насочуваат климатската и…
– Прашањето за заштита на малцинствата е основна вредност на Европската Унија. Тоа е членот 2 од нашиот основачки договор и ова е важна тема во целиот процес на проширување на ЕУ, па затоа е важно да го одржиме ветувањето кон нашите соседи. Времето е тешко и турбулентно и ќе ја одреди иднината на Европа. По војната се ќе биде поинаку. Затоа се потпирам на Бугарија за да може вешто да го води процесот, знам дека може. Ова го изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која престојува во Софија и му ја врачи официјалната оценка на Кирил…
Американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил денеска за прв пат јавно се појави по стапувањето на должноста кај северниот сосед, на комеморацијата во знак на сеќавање и почест кон жртвите од бомбардирањето на Белград во 1941 година со што всушност почна Втората светска војна. Покрај Хил, на настанот присуствуваа и голем број дипломати од западните држави, но и рускиот амбасадор Александар Боцан Харченко кој стоеше веднаш до американскиот колега. Фотографијата стана вирална, обиколувајќи го светот поради затегнатите американско-руски односи за воената инвазија на Русија во Украина.
Познатите шоумени Весна Петрушевска и Игор Џамбазов ја промовираа еколошката химна онлајн на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина. – „Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат кога ќе ве изнервира граѓанската негрижа и ќе ве потсети дека промените можат да дојдат и од нас преку мали чекори во секојдневието. Певлива но во исто време и до коска реална која целосно го отсликува ниското ниво на еколошка свест во државава.- велат од…
Холандската влада соопшти дека во моментов држи 14 јахти кои не дозволува да ја напуштат земјата поради санкциите кон Русија, вклучувајќи и 12 кои се во фаза на градење. Министерството за надворешни работи ова го наведе во писмо упатено во парламентот врз основа на барањето за ажурирање на податоците за пратениците по критиките дека Холандија заостанува зад другите европски земји со заплена на руски јахти. пиџабаѕ Производството на јахти е значајна индустрија во Холандија, а евиденцијата на стопанската комора покажува дека големите бродоградители како Есен, Феадсдип, Дамен Шипјардс и Оушенко, оствариле продажба од околу 1,5 милијарди евра во 2020 година.…
Ко-претседателот на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Бранко Азески, и потпретседателката на Стопанската комора на Северна Македонија, д-р Елена Милевска Штрбевска, се домаќини на 23 Меѓународен бизнис саем што се одржува во Мостар, заедно со претседателот на Надворешно-трговската комора на Босна и Херцеговина, Ахмет Егрлиќ. Ова е втора саемска манифестација (после Саемот во Тирана што се одржа во декември минатата година) на која стопанските комори од регионот од шесте земји на Западен Балкан имаат заеднички настап, преку Коморскиот инвестициски форум (КИФ). Мостарскиот саем е една од најпрестижните манифестации во регионот и секоја година собира најголем број бизнисмени, премиери и претставници на…
Утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена, петок и сабота, времето ќе биде претежно сончево и значително потопло. Како што најавуваат од УХМР, во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе има намалување на температурите.