Холандската влада соопшти дека во моментов  држи 14 јахти кои не дозволува  да ја напуштат земјата поради  санкциите кон  Русија, вклучувајќи и 12 кои се во фаза на градење. Министерството за надворешни работи ова го наведе во писмо  упатено во парламентот врз основа на барањето за ажурирање на податоците за пратениците по критиките дека Холандија заостанува зад другите европски земји со заплена на руски јахти. пиџабаѕ 

Производството на јахти е значајна индустрија во Холандија, а евиденцијата на стопанската комора покажува дека големите бродоградители како Есен, Феадсдип, Дамен Шипјардс и Оушенко, оствариле продажба  од околу 1,5 милијарди евра во  2020 година.

Два руски члена од надзорниот одбор на компанијата Хесен во март поднесоа оставка . Хесен е во сопственост на фирмата Морсел од Кипар која е инвестиционен инструмент на милијардерот и претседател на Лукоил, Вагит Алекперов.

Во соопштението бил даден и податокот дека се замрзнати 516 милиони евра руски имот и 155 милиони евра трансакции, што е многу повеќе наместо минатата недела. Владата проценува дека 27 милијарди евра, руски имот се наоѓаат на билансните компании регистрирани во Холандија, од што околу 20 милијарди евра  држат фиктивни компании.