Author: Mirjana

Првата голема соларна централа во Северна Македонија , финансирана со поддршка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и билатерналните донатори од Инвестициската програма за Западен Балкан (ИПЗБ), е поврзана со мрежата на електрична енергија во земјата, и произведува чиста енергија. Соларната централа од 10MW е изградена на место на затворениот рудник за јаглен Осломеј од страна на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Ова е првата соларна централа во Северна Македонија, изградена со цел да ги диверзифицира изворите на енергија и да ја поддржи декарбонизацијата. Се очекува да произведува скоро 15 GWh електрична енергија и да замени 12.177 тони на јаглероден диоксид на годишно ниво. ЕБОР ја поддржа оваа инвестиција со кредит…

Read More

Нови Сад кој е прогласен за град на културата за 2022 година широко ги отвори вратите за изложбата на македонскиот државен архив и за револуционерниот великан Гоце Делчев. За изложбата која е отворена до 09 април. Во Нови Сад, град што е европска престолнина на културата за 2022 година, е претставена изложбата на Државниот архив: ,,150 години од раѓањето на Гоце Делчев 1872-2022”. На отворањето на изложбата за нејзиното значење зборуваа: директорот д-р Емил Крстески, авторката, д-р Јасмина Дамјановска, како и директорот на Архивот на Војводина, д-р Небојша Кузмановиќ. Изложбата, на која присуствуваше и в.д. Амбасадорката на Република Северна Македонија…

Read More

Постојаната претставничка на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд изјави дека не е можно да се исфрли Русија од Советот за безбедност на ОН но дека западните земји ќе направат се што е во нивна моќ да ја изолираат Москва. – Советот за безбедност е резултат на создавањето на Обединетите нации по Втората светска војна. Русија е членка на Советот за Безбедност . Тоа е факт. Тој факт не можеме да го смениме, но сигурно дека можеме да ги изолираме во Советот за безбедност. Можеме да направиме учеството во тоа тело да им биде многу непријатно, изјавила Томас Гринфилд за…

Read More

Законодавниот дом на Оклахома даде конечно одобрување на нацрт-законот со кој абортусoт станува незаконски во државата освен кај итни медицински случаи. Предлог-законот 612 на Сенатот, ќе го направи извршувањето на абортус или обидот за извршување на постапката како кривично дело, казниво со максимална парична казна од 100.000 американски долари или максимум 10 години државен затвор, или и двете. Законодавството, кое првпат го усвои државниот Сенат минатата година, го усвои државниот Дом предводен од републиканците во вторникот со 70 наспроти 14 гласови, без дебата. Законодавството сега се упатува кон републиканскиот гувернер Кевин Стит, кој претходно вети дека ќе го потпише секој…

Read More

Триесетгодишната Јулија Скубенко барајќи сместување во Велика Британија како бегалец од налетот на воениот виор во сопствената земја, Украина, се соочила  со непристојни понуди  од мажи кои за кусо време и го преплавиле нејзиното сандаче на фејсбук. Нејзината молба  до британската јавност била очајна , барала да и обезбедат безбедно засолниште но наместо тоа била дочекана со низа непријатни одговори и предлози претежно од мажи. Јулија водела успешна компанија за чистење во Киев и во објавата за сопственото искуство со барањето сместување, напишала потресна информација  во која се обраќа на група од 18 000 илјади луѓе на социјалните мрежи. Покрај…

Read More

Според најновиот извештај за состојбата со ковид 19 изминатото деноноќие , бројот на новозарзени е 236 од 2 212 тестирања,  сликата по градови е следна: Скопје – 125, Битола – 29, Кавадраци – 12, Прилеп и Гевгелија – по 10, Охрид – 9, Ресен – 7, Кичево – 6, Куманово – 5, Струмица – 4, Велес – 3, Гостивар ,Штип, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Тетово Кочани, Берово, Крушево, Македонска Каменица и Пехчево – по 1. Од вкупниот број на позитивни (236), регистрирани се 38 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени…

Read More

Си-Ен-Ен го објави извештајот за климатските промени на Светската организација кој го публикува вчера во него се алармира на потребата за што позабрзано транзитирање кон обновливи извори на енергија како што се сонцето и ветерот. Еве што меѓу другото содржи извештајот.  – Светот се грижи за нивоата на глобалното затоплување што ќе предизвика неповратни влијанија, се вели во најновиот, како што е наречен „историски“ извештај на Обединетите Нации, но ние веќе ги имаме решенијата – единственото нешто што не спречува да ги искористиме е политичката волја и статус-кво интересите за фосилните горива. Третиот и последен дел од шестиот извештај на…

Read More

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја обвини Русија за злосторствата во Буча и вети помош при собирањето докази за одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата. Тој додаде дека блокот од 27 земји ќе воведе повеќе санкции кон Русија. Постојаните претставници на 27-те земји-членки на ЕУ ќе се состанат во среда за да разговараат за новиот пакет санкции, изјавил Мишел. Според извори на Фајненшл тајмс, ќе се разговара за ембарго за увоз на руски енергетски извори како јаглен, нафта и природен гас, како и забрана за влез на руски бродови во европските пристаништа. Досега, неколку големи земји, на…

Read More

Како одговор за санкциите, рускиот претседател Вчладимит Путин денеска потпишал указ со кој им се воведуваат визни мерки на „непријателските земји“ . Визните рестрикции се воведени кон поединечни земји од Европската Унија ,,како и кон Норвешка, Швајцарија, Данска и Исланд, пренесе Ројтерс.  Исто така Путин со указот, му нареди на руското Министерство за надворешни работи и другите тела да одлучат да воведат  ограничувања за поединци при влез на „странски граѓани и лица без државјанство кои вршат непријателски дејствија против Русија, нејзините граѓани или нејзините правни лица“. Минатиот месец руската влада одобри список на непријателски земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Велика…

Read More

Извршниот директор на „Тесла“ Илон Маск , купи 9,2 отсто од акциите на социјалната мрежа Твитер , објави американската комисија за хартии од вредност (SEC). Оваа вест предизвика експресно покачување на цените на акциите на Твитер за околу 25% на Вол Стрит на тргувањето пред официјалното отворање на берзата, јавува британскиот јавен сервис Би-Би-Си. Маск на 14 март купил 73.486.938 акции на Твитер ,велат податоците на американската комисија за хартии од вредност , а тој удел на завршницата од тргувањето во петокот, бил со вредност од 2,89 милијарди долари.

Read More

Доцна синоќа, седиштето на Српската напредна партија во Белград , која е матична партија на староновиот српски претседател Александар Вучиќ, беше исполнето до последниот сантиметар. Новинарски екипи, претставници, членови и симпатизери на неговата СНС , дојдоа да присуствуваат на објавата на победата за уште нов петгодишен претседателски мандат, победа на парламентарните и на делумните локални избори. По едночасовната прес конференција после која рече нема на што повеќе да одговара, Вучиќ побара да се отвори шампањ, а потоа беше изненаден со торта во форма на рекламата од кампањата со излегувањето од фрижидер како и со блех музика.

Read More

– Пишувајќи го текстот  во табелите , направена е ненамерна  пермутација  на бројките во графите : „ Не е верник (атеист) “ и „евангелско протестантски христијани“ за што им се извинуваме на граѓаните, изјави во телефонски разговор за НоваТВ  директорот на Државниот Завод за Статистика (ДЗС), Апостол Симовски отфрлајќи ги сите инсинуации и клевети за наводно штелување на бројките. Упатувајќи не на соопштението објавено на сајтот на ДЗС, во кое исто така има извинување за направената грешка, Симовски рече дека дополнителни објаснувања нема да даваат. Во  соопштението стои: Во Соопштението Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија,…

Read More