Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Општина Карпош ќе организира 20 – дневна крводарителска акција откако економскиот директор на Институтот за трансфузиона медицина Венко Стомнароски на средбата со градоначалникот Стевчо Јакимовски упатил замолница општината повторно да ги активира крводарителските акции затоа што институтот бил соочен со зголемена потреба од крв и крвни продукти, зашто поради пандемијата намален бил бројот на крводарители. Од тие причини, како што информираат од општината, градоначалникот Јакимовски се обврзал во следните 20 дена да се организираат крводарителски акции со цел да се даде придонес за обезбедување на неопходните единици на крв за лекување на нашите сограѓани.
„Минималната плата ја постигнавме низ дијалог со сите заинтересирани страни, во дијалогот беа вклучени синдикатите и работодавците, а беа консултирани и стопанските комори. На ист начин ќе биде направена и новата методологија за пензиите која што ќе биде резултат на дијалог со здружението на пензионерите, односно на асоцијација на пензионерите. Тој дијалог ќе започне во петок оваа недела“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во изјава за медиумите. Премиерот Ковачевски посочи дека министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска веќе го има свикано првиот состанок на кој ќе разговараат асоцијациите на пензионерите заедно со економските ресори во Владата. Дијалогот ќе биде…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со премиерот на Холандија Марк Руте, кој му го честиташе изборот за премиер и му посака успешно остварување на владината програма. Премиерот Ковачевски се заблагодари за посетата на холандскиот премиер во ноември минатата година и истакна дека таа посета дополнително ја интензивираше соработката меѓу Република Северна Македонија и Холандија, која е најголем билатерален донатор на нашата земја. Посебна благодарност претседателот на Владата Ковачевски изрази за силната и континуирана поддршка на Холандија, и на премиерот Руте лично, во аспирациите на Северна Македонија за членство во Европската Унија. Премиерот…
Како што напиша НоваТВ пред една недела, Судот на правдата на ЕУ денеска заседаваше во врска со тоа дали да биде прифатен механизмот со кој ЕУ би ги секнала парите од европските фондови за членките кај кои се евидентирани проблеми со владеењето на правото. Судот пресуди дека Брисел може да ги намали средствата за земјите кои имаат проблеми со владеењето на правото и да го отфрли правното образложение од Полска и Унгарија. Во многу очекуваната пресуда – со одлуки гласно прочитани на унгарски и полски – Судот на правдата на ЕУ рече дека ги отфрли оспорувањата на механизмот за намалување…
Пратеничката од СДСМ Жаклина Лазаревска денеска излезе со порака дека таа и пратеничката група на СДСМ и коалицијата , продолжувајќи да работат во интерес на граѓаните, ќе го изгласаат Законот за наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта, предложен од Владата, со кој се покачува платата на наставниците и на стручните соработници и со кој се трансформира нивниот работен однос. Овој предлог Закон веќе цела година бил во Законодавниот дом попречуван од ВМРО ДПМНЕ, информира пратеничката Лазаревска, за сега кога е на ред неговото носење, да го пофали и да достави ист таков предлог, вели пратеничката. – Цела…
Поради опасност од загрозување на безбедноста на нивните животи, МВР организира полициска придружба со која синоќа се дислоцирани припадниците на еврејската религиозна група „Лев Тахор“ од Куманово во Скопје. „Потсетуваме дека овие лица ги почитуваат законите на Република Северна Македонија, целосно се со легален престој тука, и привремено престојуваат во нашата држава. Наведената група не претставува никаква опасност и апелираме на толеранција и солидарност кон истите“, соопштија од МВР. До дислокацијата е дојдено поради, растечката тенденција на говорот на омраза и закани на социјалните мрежи а поврзани со овие лица , и особено откако беше откриена куќата каде престојуваа во…
Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година, информираат од Владата. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште. 35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“. Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје, се наведува во владиното соопштение. Поддршката од страна…
Пишува: Проф. д-р Марјан Ѓуровски Решението на руско-украинската криза Владимир Путин го условува со замрзнување на политиката на отворени врати на НАТО. Во период кога настаните се менуваат како на филмска лента и Русија ја губи психолошката војна на меѓународна сцена, треба да се отвори темата- зошто кога Путин веќе поставува разно-разни услови, не се покрене прашањето за обезбедување на гаранции за руско повлекување од Балканот, бидејќи Москва е извор и поттикнувач на нестабилност. Балканскиот регион е дел од хибридниот конфликт меѓу Западот и Руската Федерација. Потребно е да се подигне нивото на свесност за ширењето на руското влијание и…
Под покровителство на премиерот Ковачевски, денеска во Скопје се одржува трибина на која француски и македонски спортски работници разговараат за тоа како спортот да се стави во функција на надворешната политика. На отворањето на трибината се обрати министерот за надворешни работи Бујар Османи кој нагласи дека му е особено мило што оваа тема се актуелизира во момент на француското претседателство со Европската Унија , дотолку повеќе што Франција е единствената земја во светот која има амбасадор за спорт а тој амбасадор Флоренс Фишер денеска учествува на оваа меѓународна трибина. Иако министерот Османи рече дека нема настанот да го „гуши“ со…
„ Франција го поздравува новиот пристап на разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија во обид за надминување на ситуацијата , а ние и останатите европски институции спремни сме во даден момент да ја преземеме својата одговорност, изјави амбасадорот на Франција во земјава Сирил Бомгартнер , прашан за очекувањата дали до крајот на француското претседателство би можеле да се надеваме на одлука за старт на преговорите со ЕУ а врз основа на учинокот од билатералните разговори Скопје-Софија. „ Не можам прецизно да одговорам бидејкји работата е во тек и е билатерална во која преговараат двете земји, она што е јасно е…
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на денешниот отчет за сработеното во првите 100 дена информира дека заедно со централната власт односно министерството за транспорт и врски и натаму ги ревидирале Деталните урбанистички планови со цел нивно побрзо носење со измените, што е процес почнат од неговиот претходник Саша Богдановиќ. На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК колку дозволи издал во првите 100 дена Герасимовски истакнал дека по детални проверки издадени биле две одобренија за градба. – Овие дозволи чекаа неколку месеци пред да се издадат. И сите наредни детално ќе ги проверуваме, ќе излегуваме на терен и ќе видиме каква е ситуација,…
Министеркатa за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Занаетчиската комора. На средбата, информираа за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение недела неработен ден и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите, и одредени пекарски и слаткарски производители. Според нив со работа во недела на одредени занаетчиски дејности, ќе се овозможи да се заштитат и интересите на занаетчиите и на државата од сивата економија. Министерката Тренчевска посочи дека министерството ќе го разгледа предлогот на Занаетчиската комора. „Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата…