Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Минималната плата од 18.000 денари стана реалност. Владата на СДСМ го реализираше ветувањето со кое на над 80.000 работници од разни индустрии мартовската плата ќе им биде најмалку 18.000 денари. По преговорите во Владата, синоќа премиерот Димитар Ковачевски истакна дека со ова покачување нето платата на овие работници порасна за 45 евра месечно. -Со дефинирањето на минималната плата на висина од 18.000 денари, сума која е и двојно покачување од минималната плата од 2016 година, станавме предводници во Европа со висината на уделот во просечната плата. Очекуваме оваа мерка позитивно да влијае и на останатите плати во сите индустрии, со…
Здружението „Анима Мунди“ не размислува да му се извини на сточарот од с.Робово, Александар Мачевски. За НоваТВ Гизела Бошковска изјави дека од она што било снимено на видеото, впечатокот е дека јагнето било малтретирано. – Не напишавме ништо што не се виде на видеото. Законот за благосостојба на животно, убаво пропишува дека не треба да му се приредува стрес на животното или тоа да биде малтретирано. Во овој случај јагнето беше малтретирано и тоа е неспорно. Немаме намера да се извиниме и поради тоа што нашиот фокус беше инспекторот на Агенцијата за храна и ветеринарство кој наместо да санкционира, славел,…
Стопанската комора на Северна Македонија е институција која ги застапува фирмите а со тоа и работодавачите и работниците па во таа насока предлага решенија за подобрување на имплементацијата на Законот кој предвидува недела неработен ден, во интерес на сите. Комора на иднината е концепт кој се грижи за своите членки, а работниците се клучни за успехот на економските субјекти и доследно треба да се почитува нивното уставно загарантирано право на платен дневен, неделен и годишен одмор, меѓутоа истото во никој случај не смее да подразбира изречна забрана за вршење на економска дејност и повреда на принципите на пазарната економија на…
Gulf со гордост објавува дека Gulf Formula Elite сега е првото моторно масло за полнење во сите суперавтомобили и хиперавтомобили на McLaren Automotive што излегуваат од производствениот центар на McLaren во Вокинг, Сари, Англија. Како дел од долгорочно партнерство, McLaren Automotive на своите клиенти ќе им овозможи и пристап до Gulf Formula Elite, моторно масло со високи перформанси, како претпочитан снабдувач. Технолошките тимови во Gulf и McLaren Automotive заеднички работеа на развивање и тестирање масло што нуди врвна заштита на моторите со високи перформанси V8 и V6 на Мекларен дури и во најекстремните услови, за да се обезбедат одржливи и…
Александар Мачевски, сточарот од село Робово, кого Анима Мунди го обвини дека малтретира животно, врз основа на снимено видео кое сам го поставил на својата фејсбук страна , попладнево преку ФБ потврди дека за утре примил покана да се појави на распит во полициска станица. Притоа Мачевски најавува дека ќе покрене постапка против Анима Мунди кое му го нарушило угледот со тоа што го претставило за насилник, а тој како што тврди само спроведувал еден традиционален обичај кога се продаваат јагнињата, кој обичај неговото семејство го практикувало од поколение на поколение. Самиот вели одгледува овци и крави од 2006 година…
Украинското претседателство денеска оцени дека шансите за изнаоѓање „дипломатско решение“ за „кризата со Русија“ се значително поголеми „од можноста за воена „ескалација“. – Шансите за изнаоѓање дипломатско решение за деескалација се многу поголеми од заканата од нова ескалација, рече Михаил Подолијак, главен советник на претседателството на Украина, по предупредувањата од американските разузнавачи дека Москва ги засилува подготовките за голема инвазија на Украина. – Голема концентрација на руски војници во близина на нашите граници трае од минатата пролет, но за да изврши „голем психолошки притисок“, Русија спроведува големи ротации, организирајќи маневри и движења на оружје, се вели во писмената изјава, доставена…
Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишува Дејли Стар. Името на среќниот добитник се уште не е откриено, но познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07. Самиот лоз чини 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок од шест месеци. Лотаријата EuroMillions се игра во Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Луксембург, Белгија, Швајцарија, како и Португалија, Ирска и Австрија. Добивката се оданочува само во Швајцарија. Претходно, жител на Велика Британија освои два милиони фунти на лотарија и веднаш ја напушти работата во фабриката. Иан…
Недела, работен ден во рудникот Суводол во Битола.На фотографиите се гледа текот на ископот на јаловина и јаглен во рудникот Суводол. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на РЕК Битола, Пеце Матевски, вршеа увид во работниот процес, соопштија од АД ЕСМ.
Во изминатите седум дена, Хрватска беше прва по бројот на починати од коронавирус во Европската унија со 73 смртни случаи на милион жители, а на второ место е Бугарија со 68 смртни случаи на милион жители. Загребачки Јутарњи лист пишува дека со ова се потврдува дека е заблуда дека има помала опасност од омикрон варијантата на коронавирусот и дека минатонеделните податоци на Заводот за статистика дале реална слика за тоа што направил коронавирусот во Хрватска во изминатите две години, каде само во 2022 година починале 63.611 лица или 12.000 повеќе од во годината пред епидемијата. Заводот наведува дека од март…
Министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил објави дека денеска ги посетил пациентите во ковид – центарот во Општата болница во Велес, во рамки на неговата посета во таа здравствена установа и им посакал побрзо закрепнување. – Продолжуваме одблизу преку ваквите посети и во останатите ковид – центри да им дадеме поддршка на здравствените работници за натчовечките напори, пожртвуваноста и борбата за секој човечки живот. Заедничка цел е зголемување на опфатот со вакцинација и почитување на превентивните мерки, напиша Сали.
Регистрирани се 1.045 нови случаи на ковид19 при направени 4.695 тестови, информира министерството за здравство повикувајќи се на бројките од Институтот за јавно здравје. И натаму Скопје е со најголем број заразени 557 по што со далеку помалку инфицирани следуваат Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица – по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе – по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци – по 3,…
При контрола на угостителски објекгти во Гевгелија и Мрзенци 2 објекта се затворени 10 санкционирани
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, инспектори од СВР Скопје во содејство со Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат извршија контрола во 14 угостителски објекти во Гевгелија и с. Мрзенци, соопштија од МВР. – При контролата, два угостителски објекти се запечатени од страна на Државен пазарен инспекторат поради затекнати лица без сертификати односно непочитување на ковид протоколите. Исто, така од страна на УЈП се изречени глоби за неиздавање на фискални сметки, како и санкции за други неправилности на 10 угостителски објекти, стои во соопштението на МВР. Акциските контроли на МВР, УЈП и ДПИ продолжуваат и во наредниот…