Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стопанска Комора на Северна Македонија: Единствено во Законот за работни односи да се дефинира неделата како ден на неделен одмор

0
By Mirjana on February 7, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 7, 2022 14:22

Стопанската комора на Северна Македонија е институција која ги застапува фирмите а со тоа и  работодавачите и работниците па во таа насока предлага решенија за подобрување на имплементацијата на Законот кој предвидува недела неработен ден,  во интерес на сите. Комора на иднината е концепт кој се грижи за своите членки, а работниците се клучни за успехот на економските субјекти и доследно треба да се почитува нивното уставно загарантирано право на платен дневен, неделен и годишен одмор, меѓутоа истото во никој случај не смее да подразбира изречна забрана за вршење на економска дејност и повреда на принципите на пазарната економија на кои се темели уставниот поредок, заклучуваат од Стопанската Комора. Тие го нудат следниот предлог: КОМПАНИИТЕ ДА ИМААТ МОЖНОСТ САМОСТОЈНО ДА ГО ОРГАНИЗИРААТ ИЗВРШУВАЊЕТО НА РАБОТИТЕ СООДВЕТНО НА СПЕЦИФИКИТЕ НА РАБОТНИТЕ ПРОЦЕСИ ОД СЕКОЈА ДЕЈНОСТ ВО СИТЕ СЕДУМ ДЕНА ОД НЕДЕЛАТА, А НА РАБОТНИЦИТЕ ДА ИМ СЕ ОБЕЗБЕДАТ СИТЕ ПРАВА ОД РАБОТЕН ОДНОС, ШТО ТРЕБА ДА ВКЛУЧУВА И ПЛАЌАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛЕН ДОДАТОК ПОРАДИ РАБОТА ВО НЕДЕЛА КАКО ДЕН ЗА ОДМОР. ПРИ ТОА  ЗА СИТЕ ДЕЈНОСТИ БЕЗ ИКСЛУЧОК, ЕДИНСТВЕНО ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ ДА СЕ ДЕФИНИРА РАБОТА ВО НЕДЕЛА КАКО ДЕН ЗА НЕДЕЛЕН ОДМОР, гласи предлогот на Стопанската Комора на Северна Македонија.

Од Комората предлагаат интервенција во Законот за трговија зашто работниците од оваа дејност се ставаат во нееднаква правна положба со останатите економски субјекти, и се предлага РАБОТАТА ВО НЕДЕЛА КАКО ДЕН ЗА НЕДЕЛЕН ОДМОР ЗА СИТЕ ДЕЈНОСТИ ДА СЕ РЕГУЛИРА ИСКЛУЧИВО СО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ.

ЗОШТО НЕДЕЛА ТРЕБА ДА БИДЕ РАБОТЕН ДЕН ЗА ГРАДЕЖНИШТВОТО, ИНДУСТРИЈАТА НА ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И НЕМЕТАЛИТЕ?

Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите на бројните стручни расправи и прес конференции во Стопанската комора посветени на иницијативата недела изречно да се утврди како ден на неделен одмор, која сега веќе е преточена во законско решение, укажуваше и апелираше во јавноста дека на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите мора да им се остави можност да ги организираат работните процеси и во недела поради спецификите на овие дејности кои налагаат континуитет во работата и непречено одвивање на техничко – технолошкиот процес.

Бизнис секторот цени дека во услови на глобална здравствено – економска криза која сериозно се одразува на домашната економија, вклучувајќи ја и градежната индустрија фокусот треба да биде ставен кон обезбедување на услови за работа кои ќе овозможат креирање поголема додадена вредност и поголема конкурентност на економијата. Работниците се клучни за успехот на економските субјекти и треба доследно да им се обезбедат сите права од работен однос, како и плаќање на дополнителен додаток поради работа во недела како ден на одмор. Меѓутоа, истото во никој случај не смее да подразбира изречена забрана за вршење на одредени економски дејности и таксативно набројување на други кои ќе бидат исклучок од правилото дека недела е ден на неделен одмор, беше речено на денешната прес конференција во Стопанската Комора на Северна Македонија.

Новото законско решение не е во интерес на сите работници, сметаат од Стопанска Комора, бидејќи ја скратува можноста за заработка на работниците кои сакаат да заработат повеќе. Подобрувањето на работните услови, цениме дека не треба да се гледа само низ призмата на празниците или неработните денови, туку и низ призмата на мотивираноста и продуктивноста на работниците. Поради тоа, потребна е флексибилност во организирањето на работните процеси, а акцентот да се стави на инспекцискиот надзор во однос на примената на важечките прописи.

-Меѓу дејностите на кои моментно, со таксативното набројување во Законот, им е дозволено работење во недела, испуштени се суштинските, како градежништвото или трговијата (на големо и мало), кај кои е неопходен континуитет во работните процеси. Ваквите примери предупредуваат дека законското решение за „недела неработен ден“, наместо интенцијата на законодавецот, може да предизвика спротивен ефект – затворање на капацитетите и намалување на бројот  работни места. Дополнително, не само што може да предизвика финансиски загуби, туку ќе претставува и ризик од хаварии, ризик по здравјето на вработените и безбедноста при работа, ќе предизвика намалување на конкурентноста на фирмите, поголема потрошувачка на енергија и зголемени производни трошоци, беше речено на прес-конференцијата.

Како што истакна Орде Ѓорѓиоски од „Витаминка“ АД Прилеп, како претставник на прехранбениот сектор, законското решение мора да ја поддржува четирисменската работа.

-Од недоволно јасни причини се утврдија дејностите каде по исклучок, согласно спецификите, би можело да се работи во недела, а друг ден да биде за одмор. Не ни е јасно од каде некои дејности се повластени, а некои изземени. Кои биле критериумите?. Приватниот сектор во поголем дел е зачуден од ваквото законско решение. Наместо едноставно регулирање, без таксативно наведување на дејностите кои ќе имаат право да работат во недела, вроди со нешто руго – закон со таксативно наброени дејности кои може да работат, а многу се испуштени, рече Ѓорѓиоски. 

Тој истакна дека ако и натаму дополнително се предвидуваат дејности кои би работеле во недела, само ќе се стимулира правната несигунрост, а Законот ќе биде подложен на чести ревизии и дополнувања.

-Најдоброто решение е веројатно е да се предвиди недела како ден за одмор, но да нема таксативно наведување на дејностите, туку да се овозможи со пријава до Инспекторатот за труд кои компании сакаат, да работат, но и на работниците да им исплати додаток на плата, потенцира Ѓорѓиоски.

недела неработен ден Северна Македонија СТОПАНСКА КОМОРА НА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.