Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Mirjana
Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели во неделното интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев. Ѓоргиев во интервјуто, зборува дека досега немале средба со новиот премиер Ковачевски, дека на годишно ниво како Комисија имале зацртано да се состанат 6 пати и дека сеуште со членовите од бугарската страна во Комисијата имаат недоразбирања и дошле во судир, околу синтагмата заедничка историја што за прв пат се појави…
Невреме со силен ветер го погоди источниот брег на Мадагаскар, а циклонот Батсирај веќе го погоди копното. Циклонот пристигна на копно синоќа околу 20 часот по локално време, а само еден час подоцна се раселени речиси 27.000 луѓе, покажуваат податоците на државната агенција за справување со катастрофи, кои наведуваат дека имало прекини на струја, уништени куќи и искршени дрвја. Ова е втора голема бура што го погоди Мадагаскар за помалку од две недели, а метеоролозите предвидуваат налети на ветер до 250 километри на час и бранови високи до 15 метри, јави Би-Би-Си. Многу жители се евакуирани во засолништа, а локалните…
Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јануари годинава имаат извоз од речиси 250 милиони евра, што е за осум проценти повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво со јануари 2021 година, а за 31 процент повеќе од јануари 2020 година, односно за четири проценти повеќе споредено првиот месец од 2019 година. -Кај увозот во јануари е регистриран пад од 15 проценти во однос на декември, што според првичните анализи се должи на…
Агенцијата за храна и ветеринарство преку соопштение ја осудува и се оградува од постапката на инспекторот од подрачната единица на АХВ во Берово, во снимката која вчера била објавена во медиумите и на социјалните мрежи. Како одговорна институција и за благосостојбата на животните, посочуваат од Агенцијата, во најбрз рок случајот ќе биде разгледан, инспекторот повикан на разговор и соодветно процесуиран. Од АХВ потенцираат дека против сите лица вклучени во случајот ќе покренат и спроведат соодветна законска постапка. Здружението за заштита на животни Анима Мунди вчера објави видео снимка на која според нив група луѓе меѓу кои и инспектор од Берово…
Министерството за Правда информира дека формулацијата „негативно мислење“ е грешна и ќе се интервенира во амандманската расправа во однос на предлог Законот за граѓанска одговорност. Праксата покажала дека според овој закон, за навреда се одговара и за „негативно мислење“. Министерството за правда прифаќа дека формулацијата „негативно мислење“ е грешна формулација. Од Министерството за правда, посочуваат дека целосно ги поддржува новинарски слободи и права и сите закони ги носи заедно со здруженијата, а во интерес на објективното и слободното информирање.
Ангеловска-Бежоска: Со поголема вклученост на жените во економијата може да се зголеми растот за 30%
Поголемата вклученост на жените носи бројни придобивки за целото општество, односно тоа може да придонесе за поголем економски раст од околу 10%, во просек, во развиените економии, а во помалку развиените економии дури и повеќе, до 30%, истакнува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју во рамките на проектот на Институтот за лидерство и јавни политики „Зголемување на учеството на жената во политиката во Северна Македонија“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство и Британската амбасада во Скопје. – Носителите на политиките треба да ги охрабруваат и да ги поттикнуваат жените за поголема вклученост во општеството, преку преземање бројни мерки…
Во текот на изминатата ноќ (05/06.02.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 145 пијани возачи. Од нив, 33 на територијата на СВР Скопје, 29 на територија на СВР Битола, по 16 на територијата на СВР Штип и СВР Струмица… При акциската контрола откриени се и 200 други видови прекршоци. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. Акциските…
Израел регистрираше рекорден број сериозни случаи на Ковид-19, покажаа официјалните бројки објавени во саботата. „Вкупно 1.229 пациенти се хоспитализирани поради тешка форма на Ковид, што е најголем број од почетокот на пандемијата“, соопшти Министерството за здравство. Досега најголем број тешки хоспитализации имало на 26 јануари 2021 година – 1.185 такви пациенти. Израелските болници се борат со пренатрупаност, но во исто време, постојат знаци дека бранот на варијантата Омикрон во Израел се намалува. Во понеделник дополнително треба да се ублажат мерките за борба против ширењето на коронавирусот во земјава. Според Министерството за здравство, за 24 часа се пријавени 37.985 нови случаи.…
Петгодишното момче Рајан, кое четири дена помина во бунар длабок 32 метри, почина кога спасувачите го извлекле од бунарот, соопштија мароканските власти. Момчето починало пред спасувачите да дојдат кај него, изјавија владини претставници. Како што објавија странските агенции, спасувачите со раце ги ископале последните три метри во бунарот за да не дојде до одрон. Спасувачките служби во Мароко со денови се обидуваа да стигнат до петгодишниот Рајан, кој пред четири дена падна во јама длабока околу 32 метри. Во комплицираната спасувачка акција беа вклучени бројни служби, а особено се стравуваше од одрони со оглед на тоа што јамата се наоѓа…
Перуанскиот премиер Хектор Валер синоќа објави дека ја напушта функцијата само четири дена откако беше назначен, по обвинувањата дека ги тепал ќерка си и покојната сопруга, што го принуди претседателот Педро Кастиљо да назначи нова влада, четврта во последните шест месеци. Претседателот Кастиљо во петокот најави дека ќе го реконструира кабинетот, со оглед на компромитирачките наводи за Валер, но не кажа дали премиерот ќе поднесе оставка поради тоа. Како што се наведува, Кастиљо сега треба да го назначи својот четврти кабинет во кој, како што рече, ќе има претставници на повеќе политички групи, но не се знае кога ќе го…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.02.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 194 мерки, меѓу кои 15 за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол, 29 санкции за возење повеќе од дозволената брзина, девет санкции за технички неисправни возила. Изречени се 71 санкција за недавање предност на пешаци на пешачки премин, две мерки за возач почетник, девет санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло… Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.…
Во светот се уште постојат недоумици околу појавата на Ковид-19, ширењето на заразата и развојот на вакцините против коронавирусот. Кампањите за масовна имунизација, ефикасноста на вакцините и нивните евентуални несакани реакции, ковид-сертификатите, строгите епидемиолошки мерки и препораките за „бустер“ дози се прашања што за голем број луѓе остануваат и понатаму енигма. Пандемијата на Ковид-19 поттикна безброј дезинформации, кои ги доведоа луѓето во заблуда и создадоа паника. Во обид некои од овие прашања да бидат многу појасни, МИА разговараше со потпретседателката и раководител на Одделот за воспаленија и имунолошки истражувања во Фајзер, доктор Елена Пеева. Доктор Елена Пеева е успешна Македонка…