Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Компаниите во ТИРЗ во јануари со извоз од 250 милиони евра што е раст од 8 проценти споредбено со декември

0
By Mirjana on February 6, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 6, 2022 11:54

Компаниите активни во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) во јануари годинава имаат извоз од речиси 250 милиони евра, што е за осум проценти повеќе споредено со декември 2021, што покажува дека трендот на раст и позитивни економски активности продолжува и годинава. Редовната месечна анализа на ТИРЗ покажува дека извозот во јануари е на исто ниво со јануари 2021 година, а за 31 процент повеќе од јануари 2020 година, односно за четири проценти повеќе споредено првиот месец од 2019 година.

-Кај увозот во јануари е регистриран пад од 15 проценти во однос на декември, што според првичните анализи се должи на складирање залихи кај компаниите во изминатиот период. Увозот кај компаниите во зоните во јануари е 204 милиони евра, што е и за 17 проценти помалку во однос на јануари минатата година, но за 33 проценти повисок споредено со јануари 2020, односно 6,5 проценти во однос на јануари 2019, информираа денеска од Дирекцијата за ТИРЗ.

Нивната анализата покажува дека во првиот месец од годинава е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од 21,5 проценти. Раст од 1,5 проценти, како што наведуваат, има и кај бројот на вработени во јануари споредено со декември кој е над 14 000.

-Економските активности во ТИРЗ во 2021 година достигнаа највисок ниво досега од постоењето на Зоните, со 3 милијарди извоз за една година. Истовремено се постигнати договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2700 работни места. Со оглед дека поголемиот дел од овие проекти е планирано да започнат со производство годинава се очекува позитивниот тренд на економски активности во зоните да продолжи и годинава и да се надминат до сега постигнатите резултати, наведуваат од Дирекцијата на ТИРЗ.

Информираат дека во напредна фаза на преговори, каде компаниите имаат доставено најмалку официјално писмо за намери, се дополнителни инвестиции близу 300 милиони евра со нови над 1500 вработувања.

-Со оглед на ваквите бројки, ТИРЗ заедно со меѓународни економски институции работи на посебни мерки за унапредување и развој на домашните компании со цел да се вклучат во ланците на снабдување кај странските компании во ТИРЗ, но и да станат поконкурентни на странските пазари. ТИРЗ инвестира и во унапредување на инфраструктурата индустриските зони. Во 2021 година се започнати капитални инвестиции во развој на инфраструктура во зоните од над 10 мил евра, меѓу кои изградба на дополнителни улици,  атмосферска  и фекална канализација, водоводни мрежи и  улично осветлување, велат од Дирекцијата за ТИРЗ. 

ПОЗИТИВНИ ТРЕНДОВИ НАГОРЕ ТИРЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.