Author: Mirjana

Од направени 5.693 тестови регистрирани се 1.500 нови случаи на КОВИД-19. Според градови, сликата е следна:  Скопје – 775, Кавадарци – 74, Битола – 66, Куманово – 60, Тетово – 56, Велес – 49, Гостивар – 45, Прилеп – 44, Охрид – 42, Струмица – 38, Кичево и Неготино – по 32, Гевгелија – 30, Кочани – 28, Радовиш – 22, Штип – 18, Струга – 11, Свети Николе и Дебар – по 10, Крива Паланка и Богданци – по 9, Валандово – 8, Делчево – 6,  Ресен – 5, Демир Хисар – 4, Виница, Пробиштип , Македонски Брод , Македонска…

Read More

Осум лица вчера и денеска ги загубија животите во три одделни лавини во северна Австрија, соопштија официјални извори. Четворица Швеѓани и нивниот локален водич загинаа во петокот во провинцијата Тирол, во регионот Спис на границата со Швајцарија. Тие се движеле надвор од стазата придружувани од планински водич кога над нив почнала да паѓа снежна лавина широка 400 метри. Еден член од групата бил само делумно затрупан од снегот, па успеал да му се јави на својот пријател во Шведска на мобилниот телефон. Човекот информирал лице кое исто така патувало со групата, но тој ден не се приклучил на турнејата. Веднаш…

Read More

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека разговарал со кинескиот премиер Ли Кечијанг за потребата од зајакнување на соработката во одредувањето на потеклото на Ковид-19. „Мило ми е што се сретнав со премиерот Ли Кечијанг. Разговаравме за Ковид-19 и потребата од поголеми напори за да се направи вакцината подостапна, а пристапот кон имунизација поправеден за да можеме да вакцинираме 70 отсто од светското население оваа година“, напиша Тедрос на Твитер. Тој наведе дека разговарале и за „потребата од воспоставување посилна соработка во утврдувањето на потеклото на коронавирусот, врз основа на наука и докази“. Минатата…

Read More

Полицијата, по добиена пријава, денеска спасила 64-годишен маж од водите на реката Вардар, кај вливот на реката Лепенец. – Денеска во 12:45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено , односно спасено од водата од страна на полициски службеници од Полицисиката станица за општа надлежност Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи. 64-годишниот маж кој бил од Скопје, самиот се фрлил во реката, инаку  пациент на болницата во Бардовци, информира МВР. Од страна на Итната медицинска…

Read More

Тв 21 јави дека Министерството за образование ја споделило информацијата дека просветниот инспекторат во случајот  Ембла, девојчето со Даунов синдром од Гостивар, детектирал дека не бил испочитуван процесот за инклузивно образование. На потег е општина Гостивар, чиј градоначалник Арбен Таравари за понеделник најави средба со родителите на децата и од Комисијата за Дискриминација но дека со одлуките не треба да се избрзува. Реагира и УНИЦЕФ од каде побараа Таравари да ја разгледа состојбата и да донесе одлука за одговорност на оние кои не ги почитувале правата на детето. Во меѓувреме во четвртокот беше соопштено дека случајот е решен со тоа…

Read More

„Западен Балкан е полн со млади жени и мажи со идеи, интелигентни, талентирани, кои зборуваат неколку јазици, храбри и самоуверени, врвни во спортот и уметноста. Тие не се сиромашни роднини на Европејците. Итно треба да се преиспитаме, обновиме и повторно да ја рекреираме реалноста со која младите сакаат да се носат, заклучува во својот авторски текст шефицата на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, Мајлинда Брегу. Пандемијата, која се приближува на својата втора година од влегувањето на глобалната сцена, радикално ги промени животите, особено на Балканот, кој е толку блиску, а сепак толку далеку од Европа, додека…

Read More

Свеченостите на годинешните „Прличеви беседи“ продолжија денеска со централнот настан, доделувањето на наградата на лауреатот Трајче Кацаров, авторот на поемата „Цветко“ избрана за најдобра на традиционалниот конкурс што се објавува во чест на охридскиот поет и преродбеник Григор Прличев. За животниот пат и творештвото на Кацаров пред присутните во Центарот за култура свое обраќање имаше драматургот Зоран Пројкоски. Претставувањето на  наградената поема „Цветко“, нејзините литературни и уметнички вредности пред присутните ги образложи претседателката на жири-комисијата Маја Јакимоска Тошиќ, а делови од поемата рецитираа актерите Билјана Билаловиќ и Павел Маслов. Наградениот автор Кацаров се заблагодари за наградата, истакнувајќи дека во своето…

Read More

Руските агенции претходно пренесоа дека американската агенција Блумберг објави „Русија ја нападна Украина“ на својот сајт, по што призна дека е грешка и ја повлече веста.  Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков за РИА Новости рече дека тоа е одличен пример колку опасна ситуација е предизвикана со бескрајните  агресивни изјави  кои според Песков доаѓаат од Вашингтон и од Лондон но и од други европски метрополи.   

Read More

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган , чија земја последниот период се соочува со енормно голем број заразени на дневно ниво од ковид19, денеска со објава на твитер , потврди дека и тој добил позитивен тест на коронавирусот поточно дека е заразен од сојот омикрон, дека симптомите не се екстремно изразени и дека ќе продолжи работата да ја обавува од дома. Bugün hafif belirtiler üzerine eşimle birlikte yaptırdığımız COVID-19 testimizin sonucu pozitif çıktı. Omicron varyantı olduğunu öğrendiğimiz hastalığı hamdolsun hafif geçiriyoruz. Görevimizin başındayız. Çalışmalarımıza evde devam edeceğiz. Dualarınızı bekliyoruz. — Recep Tayyip Erdoğan (@RTErdogan) February 5, 2022

Read More

Данела Арсовска во својот отчет излажа дека во првите 82 од мандатот ги исчистила сите депонии на територија на Град Скопје. Дивата депонија во Општина Карпош е една од многуте диви депонии кои се неисчистени, додека Арсовска ја лаже јавноста дека нешто работи. Идентично е и во секоја друга скопска општина, депониите не само што не се чистат туку секојдневно никнуваат и нови. За 82 дена од мандатот единствено што Арсовска успеа да направи е да постави мобилни тоалети, да нивелира шахти и да ја партизира градската администрација. По првите три месеци од мандатот јасно е дека Арсовска е најнеуспешната…

Read More

Синоќа на полноќ, во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност-Оддел за криминалистичка полиција (БЈБ) и Оддел за специјални полициски операции-Единица за брзо распоредување (ЕБР) во координација со Управата за јавни приходи (УЈП) и Државен пазарен инспекторат (ДПИ) при контрола во угостителски објект во с. Грчец, скопско  констатирале низа неправилности во работењето: угостителскиот објект немал регистрирано правно лице-фирма, немало регистриран фискален апарат, не биле почитувани мерките за справување со Ковид 19, поради што од страна на (ДПИ) објектот е запечатен и изречени се соодветни глоби. Извршен е преглед на 40 лица и констатирано е присуство на тројца малолетници, за што…

Read More

Во Софија идната седмица, на 10 или 11 февруари министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија ќе ги продолжат разговорите на експертско ниво за политичкиот пакет прашања во кои сме навлезени во процес на надминување на разликите, информира минисстерот за надворешни работи Бујар Османи кој го истакна нашето клучно барање за да попчнат преговорите со ЕУ. –  Да се прифати преговарачката рамка како е предложена од страна на Комисијата по однос на идентитетските атрибути, вклучувајќи го и јазикот и да се почнат притапните преговори, односно да се одржи меѓувладината конференција, а сите други прашања да се поврзат временски…

Read More