Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
На армискиот полигон „Криволак“ денеска од страна на припадниците на Баталјонот за специјални сили и специјалните сили на Армијата на САД за Европа беа прикажани дел од завршните активности на вежбата „Trojan Footprint 21“. На настанот присуствуваа началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнс. Како што соопштија од Министерството за одбрана, во досегашниот тек на вежбата од припадниците на Баталјонот за специјални сили и специјалните сили на Армијата на САД за Европа се прикажала интероперабилноста меѓу сојузниците при изведување на специјални операции на копно со поддршка на воени воздухоплови. На денешната вежба за првпат…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, во рамки на дводневната работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, денеска, одржа одделни средби и со европратеникот Илхан Ќучук, кој е и известувач за Република Северна Македонија, како и со претседавачот на парламентарната група на „Обнова на Европа“, (Renew Europe), Дачијан Чолош. Како што соопшти владината прес-служба, на двете средби во Мисијата на Северна Македонија во Брисел, кои беа оценети како одлични, беше изразена силна поддршка за отворање на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија, која како што беше нагласено, од своја страна ги исполни сите обврски.…
По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие, подоцна да работат кафулињата, да се отворат теретаните и фитнес центрите… Посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24 часот до 4 часот наутро наредниот ден. Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година. Од 12 мај 2021 година, сите настани може да…
Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, во изминатите два дена оствари средби со највисоките претставници на Европската Комисија и на Европскиот парламент, како и средби со неколкумина министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ. – Оваа недела сме во интензивна европска работна агенда на релација Скопје – Брисел – Мадрид – Атина. Денес ви се обраќам од Мисијата на Северна Македонија, тука од срцето на Европската Унија, од Брисел. Имавме интензивни средби со највисоките претставници на европските институции – и осигуравме дека и во…
Премиерот Зоран Заев ја привршува својата работна посетна на Брисел, попладнево тој се сретна со шефот на ЕУ дипломатија, Јосеп Борел, двајцата изразија надеж дека Северна Македонија ќе ги отвори формално преговорите со ЕУ што е можно поскоро, јави дописничката на МИА од Брисел. Борел повтори дека нема никаква поддршка ниту во институциите на ЕУ, ниту кај земјите членки за одвојување на Северна Македонија од Албанија затоа што и двете земји ги исполнуваат условите. -Северна Македонија ги исполнува потребните услови и заслужува да премине на следната етапа, изјави Борел по средбата со Заев. Шефот на европската дипломатија потсети дека Северна…
Раст на бруто-домашниот производ од 3,9 отсто годинава и наредната година и 4 отсто во 2023, предвидува Народната банка во најновите макроекономски проекции. Инфлацијата за годинава е проектирана за 2,2 отсто годинава, што е зголемување во однос на претходната проекција, што изнесуваше 1,5 отсто. -Во согласност со вградените претпоставки за надворешното окружување и домашните фактори, во 2021 година се очекува раст на економската активност од 3,9 отсто што претставува непроменета проекција во однос на октомври. Во 2022 година ќе продолжи закрепнувањето на економијата со раст од 3,9 проценти (мала нагорна корекција во однос на октомври), а во 2023 година со иста очекувана стапка како во октомври, од 4 отсто, информира на денеска на прес-конференција гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска. Таа појасни дека од аспект на структурата на растот, не се направени позначајни промени, така што и во овој циклус на проекции се очекува растот на БДП, оваа и следната година да произлезе од домашната побарувачка, додека нето-извозот да има негативен придонес. Според гувернерката, кај стапката на инфлација е направена умерена нагорна ревизија за 2021 година во однос на октомвриските проекции, при што тековно се оценува дека таа ќе изнесува 2,2 проценти, за разлика од 1,5 проценти во претходната проекција при нагорни корекции кај надворешните влезни претпоставки во делот на цените на нафтата и храната. За 2022 и 2023 година и натаму се очекува дека стапката на инфлација ќе се движи околу 2 отсто. Во врска со идните движења…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација. -Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуција ја…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 303.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 145.043 дози вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на…
Чешката Република ја поддржува евроинтеграцијата на Северна Македонија. Не ги споделувам идеите за историската позиција на Бугарија. Посакувам што е можно побрз влез на Северна Македонија во ЕУ, изјави денеска министерот за одбрана на Чешката Република, Лубомир Метнар на заедничка прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин министерката за одбрана Радмила Шекеринска. -Чешката Република го поддржува влезот на Северна Македонија во ЕУ, би сакале овој процес да се одвива со побрзо темпо. Со оглед на историските последици понудив помош во комуникација и доколку има интерес би можеле да и помогнеме на Северна Македонија со наши искуства. Што се однесува на историските…
Во издание на МАНУ и “Матица македонска” излегоа од печат романите што академик Божин Павловски ги создаде во татковината. Романот “Миладин од Кина”, со кој на 25 – годишна возраст во 1967 година ја освои сојузната награда “Младост” во Белград, Србија, е проследен со поговор на академик Влада Урошевиќ. Со романот “Дува. Проклетства”, освојувач на Рациновото признание, е приложена обемна студија на академик Гане Тодоровски. Романот “Црвениот хипокрит” награден со “Гоцева повелба” е придружен со есеј на академик Георги Старделов. Најнаградуваниот роман во опусот на Божин Павловски, “Уткини соседи” (сојузна награда “Железара Сисак” во Хрватска, награди “Стале Попов” и “Кочо…
Силна поддршка за почеток на преговорите и честитки за Северна Македонија за лидерството во вложувањата во обновливи извори на енергија била искажана на средбата на премиерот Зоран Заев и членовите на македонската делегација, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров, министерот за надворешни работи Бујар Османи и шефицата на Постојаната мисија на Северна Македонија во ЕУ Агнеза Руси-Поповска со извршниот потпретседател на Европската Комисија Франс Тимерманс во Брисел, соопшти владината прес-служба. Премиерот Заев на состанокот изрази благодарност за поддршката на потпретседателот на ЕК Тимерманс за почеток на пристапните разговори со Северна Македонија и додаде дека нашата земја, како и Западен…
Република Северна Македонија претставува пример во регионот за тоа како се имплементираат европски реформи, но и како се промовираат европските вредности, што беше нотирано и во Резолуцијата за земјава од страна на Европскиот парламент. Почеток на преговорите со ЕУ ќе значи евалуација на тоа признание како силен поттик за европските перспективи на целиот регион. Ова на Фејсбук го пишува министерот за надворешни работи Бујар Османи по средбата што со премиерот Зоран Заев ја имаа во Брисел со бугарскиот европратеник и известител за С Макеоднија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук. Ќучук, пак, на ФБ објави дека на средбата со Заев и…