Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Специјалните единици на МВР од утрово се на терен и спроведуваат голема полициска акција во Грчец и Гази Баба. Акцијата ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Скопје во координација со МВР. Детали не се откриваат, а неофицијално се работи за приведување на лица кои вршеле сериозен криминал, односно нелегална трговија со дрога. По завршување на акцијата се очекуваат детали и официјални информации од МВР и од ОЈО ГОК.
И покрај предупредувањата дека одбивањето да се учествува во пописот и да се организира отпор е кривично дело и се казнува дури и со затвор, функционери на ВМРО-ДПМНЕ си прават политичка кампања на ова прашање. Така, Александар Пандов, претседателот на Патриотскиот институт на партијата, објави дека попишувачите ќе ги „избрка на клоци“, додека пратеникот Антонио Милошоски вели дека ќе ги прими, но само доколку покажат дека се вакцинирани, инаку нешто што не е задолжително според протоколот, што е најава за малтретирање и заплашување на тие што треба да го спроведат пописот, а кои немаат ништо со политика. „Додека во Република…
Во Собранието на Република Северна Македонија за денеска е закажана седница за поставување пратенички прашања, којашто се одржува секој последен четврток во месецот. Друга седница засега нема најавено на собраниската веб-страна, иако јавноста очекува пратениците да се изјаснат за законите поврзани со антикризните мерки. Премиерот Зоран Заев најави дека денеска пред седницата за пратенички прашања ќе се сретне со претседателот на Собранието Талат Џафери и со лидерот на ДУИ Али Ахмети за да се разгледаат одредени можности што стојат на располагање за деблокирање на Парламентот. Владејачкото мнозинство во Собранието во моментот брои 62 пратеници, а двајца од нив беа позитивни…
Во Република Северна Македонија по речиси 19 години се спроведува најмасовната и најсложена операција согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации. Државата конечно ќе добие релевантни и сеопфатни податоци кои ќе го олеснат креирањето на корисни политики за економски, социјален и образовен развој на државата, се вели во соопштението на владејачката СДСМ. -Пописот е најважна државничка работа, но и граѓанска обврска и затоа е важно секој граѓанин да си ја исполни обврската и да учествува на пописот. Со учество на пописот секој поединец дава свој придонес кон градење држава која се темели на точно утврдени податоци, а не претпоставки.…
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Бразил регистрираше над 300.000 смртни случаи од Ковид-19, што земјата ја сместува веднаш зад САД, која има 545.000 смртни случаи во истиот период, соопшти вчера бразилското Министерство за здравство, пренесе ДПА. Според Министерството досега во Брзаил умреле точно 300.685 лица, во кои се вклучени и над 2.000 смртни случаи од претходните 24 часа. Претходниот ден Бразил за првпат забележа 3.000 смртни случаи во еден ден. Во најголемата земја во Латинска Америка досега се регистрирани повеќе од 12,2 милиони случаи на инфекции со коронавирус, пренесе ДПА. Во повеќе бразилски држави единиците за интензивна нега во…
Бројот на самопопишани во дијаспората вчера изнесуваше 137.114 лица, што претставува зголемување на вкупната бројка од 7.102 за само еден ден, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во Швајцарија се над 45.000, Германија 31.000, Италија 19.000, САД 5.100, Австралија 1.682 и Канада 1.215. Самопопишувањето на дијаспората е во тек од 1-ви март, а ќе заврши на 21-ви април. Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и директорот на Агенцијата за иселеништво Слободан Близнаковски, кои вчера имаа работна средба посветена на тековните активности поврзани со самопопишувањето на македонските државјани, се задоволни од досегашниот одѕив и очекуваат оваа бројка да…
Се согласувам дека ако сте дале ветувања, треба да ги одржите и ако сте ги подигнале очекувањата, треба да ги исполните. Во случајот со Сверна Македонија и Албанија ЕУ не ги исполни очекувањата, ниту ветувањата, рече потпретседателката на Европскиот парламент, Катарина Барли на панел-дискусијата „Како да се врати проширувањето на ЕУ на вистинскиот пат? Да се даде приоритет на владеењето на правото и реформите во судството“ што се одржа попладнево онлајн. Според Барли, новата методологија за преговорите е добар пристап. Потпретседателката на Европскиот парламент се согласи дека долгото чекањето на земјава пред вратата на ЕУ е фрустрирачки, но не само…
Поранешниот премиер Никола Груевски денеска од Будимпешта се јави со нов статус на Фејсбук, во кој дава објаснување за пронајдените четири пиштоли во неговиот дом. Вели дека за пиштолите имал дозвола од МВР, а дозволата била заедно со пиштолите. -Најновата лажна вест е дека пронашле оружје без дозвола.Тоа е неточно. Моите четири пиштоли се со дозвола издадена од МВР и на местото каде можеле да ги пронајдат беше и дозволата за нив. Таа дозвола беше важечка во моментот кога заминав од Македонија со цел да побарам политички азил заради политичкиот прогон на власта. Подоцна, по моето заминување можеби рокот на…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја посети Националната установа „Танец“ и имаше средба со директорот на ансамблот Мартин Вучиќ и со дел од вработените по повод годишнината од основањето. На денешен ден, пред 72 години, во 1949 година, со решение на Народното собрание на тогашната Народна Република Македонија е формирано друштво за собирање, негување и презентирање на македонското музичко-сценско творештво кое стана светски препознатливо како ансамбл – „Танец“ и по тој повод премиерот Заев изрази благодарност до сите генерации играорци, пејачи, музичари, кореографи и сите останати во ансамблот, кои со огромна љубов ги чуваат народните игри и песни,…
Промените што ги воведе Европската комисија во механизмот за извоз на вакцини кон трети земји не се однесуваат на нашите билатерални и директни разговори со компаниите, вклучувајќи ги и европските производители, изјави министерот за здравство Венко Филипче во врска со новата регулатива која денеска ја објави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со што ќе профункционира солидарниот фонд на Унијата од каде што вакцини треба да добие и нашата земја. -Овие информации се однесуваат исклучиво на механизмот на солидарност односно на вакцините коишто доаѓаат од земјите членки на ЕУ. Ние и на тој механизам интензивно работиме во изминатиот период.…
Агенција за филм: Транспарентност во буџетот на македонскиот филм, второ издание на „Факти и бројки“
Агенцијата за филм на Република Северна Македонија денеска соопшти дека во насока на транспарентност на средствата реализирани од годишниот буџет, почнувајќи од 2019 година, издава публикација наречена „Факти и бројки“. Во публикацијата „Факти и бројки 2020“ детално се впишани средствата со кои се финансирале филмски и други проекти од национален интерес, финансирани по конкурси објавени од страна на Агенцијата за филм, реализирани средства за активности за развој на филмската дејност и меѓународната промоција на македонското творештво. -Вкупниот скратен буџет на Агенцијата за филм за 2020 изнесува 161.869.732,00 денари од кои 10 отсто отпаѓаат на плати, надоместоци, даноци и за останати…
Оваа година ќе се реконструира патот од Ресен до Охрид преку Галичица со што ќе допринесеме за развој на туризмот во овој регион. Во исто време, ЈП за државни патишта проектира и обиколница околу Ресен со која ќе се растерети сообраќајот од тешки товарни возила кои минуваат низ градот, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета во општина Ресен. На средбата со градоначалникот Живко Гошаревски, министерот Бочварски ја изрази поддршката од централната власт кон општина Ресен и Преспанскиот регион заради економски и туристички развој. Министерот истакна дека во општина Ресен преку Министерството за транспорт и…