Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Пописот е статистичка операција во интерес на сите граѓани и не се прави ниту за Владата, ниту за некоја политичка партија, а Државниот завод за статистика гарантира за безбедноста на процесот и за почитувањето мерките содржани во Протоколот, со што никој нема да биде доведен во опасност. Со оваа порака вчера излезе првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски во интервју за 360 степени, изразувајќи надеж дека по 20 години без попис во државата ќе има доволно разум кај нашите граѓани, да сфатат дека ни е неопходна оваа акција. Теренското попишување почнува на 1 април, а поради зголемување на бројот на…
Во Собранието се уште нема најава за одржување на пленарна седница, а владејачките партии и опозицијата продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за одолговлекувањето на носењето на антикризните мерки за Ковид-19. За денеска во Собранието нема закажано ниту една активност, а утре претседателот на Собранието има редовен месечен брифинг со новинарите, ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања, а најавен е и виртуелно 18. Состанок на мешовитиот комитет Северна Македонија -ЕУ. И покрај декларативните изјави дека мерките треба да се донесат и да се продолжи кризната состојба, ниту една од партиите не отстапи од својот став. Претседателот на Собранието Талат…
Ватикан смета дека пандемијата на коронавирусот може да ги натера владите да сфатат дека трошоците за одбрана не можат да ја гарантираат безбедноста Затоа, според Ватикан, средствата треба да бидат пренасочени за подобрување на здравствената заштита и борбата против сиромаштијата. – Пандемијата ни ја нуди оваа драгоцена можност. Таа не поттикнува да прашаме колку огромните воени трошоци навистина можат да ја гарантираат безбедноста на населението и колку овие ресурси можат да се искористат за други цели, изјави државниот секретар на Ватикан кардинал Пјетро Паролин на вебинар за разоружување, организиран од Канцеларијата за развој на Ватикан и Универзитетот СОАС во Лондон. Паролин ги наведе здравството,…
Во текот на најголемата здравствена и економска криза со која земјата се соочила во трите децении од самостојноста, внатрешните политичките текови заземаат загрижувачки насоки и го туркаат општеството кон длабока општествена, политичка и меѓуетничка нестабилност. Институтот за демократија апелира до сите политички чинители и партиски лидери за одговорен и државнички однос кон сите предизвици на моментот. Оттука, Институтот би сакал да и укаже на јавноста на неколку критични процеси кои се во тек: Собранието е целосно нефункционално и голем број на закони, од кои неколку суштински за добросостојбата на граѓаните за време на пандемијата, остануваат заглавени. Поради отсуството на политички…
„Ова е што се случува е крајно нефер однесување од Бугарија. Сметам дека е неочекувано, после проблемите и спорот со Грција“, изјави во „КликПлус“ на ТВ21 претседателот на ДПА, Мендух Тачи. Според него, Република Северна Македонија не треба да потпаѓа на провокациите и да не возвраќа со ист речник како што го прават тоа бугарските власти. „Таков луксуз не ни треба. Сепак, се солидаризирам со Македонците. Немаме друга алтернатива, оваа битка за идентитетот води преку НАТО и ЕУ. Доколку не ја добиеме битката, мислам дека следи асимилација на државата од Србија или Русија. Храброста е да направи компромис“, истакна Тачи,…
Очекувам дека ќе се зголеми парламентарното мнозинство, дел од опозициските пратеници ги препознаваат овие деструкции, истакна пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, во емисијата „Отворено“ на телевизија 24. Тој нагласи дека парламентот е блокиран од опозицијата, Законот за државјанство поднесен од Алијансата на Албанците и Алтернатива е блокиран со амандмани на ВМРО ДПМНЕ и Левица. Нема ниту еден амандман од мнозинството на овој предлог закон, но, ние ги кажавме нашите забелешки, и според меѓународните конвенции и според експертите, не знам дали можеме со ваков закон да го решиме статусот на некои граѓани, рече Митрески, нагласувајќи дека СДСМ сака решение за овие…
„Политичките партии не се воделе од општиот интерес и не размислувале за тоа што е добро за граѓаните. Скоро секогаш биле за сопствени интереси и политики“, вели Бранимир Јовановиќ, од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, за емисијата „Топ тема“. Според него, блокадите на законите во Собранието се прават со цел на штета на државата од страна на опозициските партии. „Тоа е со цел луѓето да се свртат против власта, за тие да добијат евтини политички поени, за да кажат власта е неспособна, ви прави уште поголема криза, затоа гласајте за нас“, потенцира Јовановиќ. Тој наведува дека опозицијата не води…
На денешниот министерски состанок за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го честитал првиот роденден од членството на Северна Македонија во Алијансата, јави дописничката на МИА од Брисел. -Многу сум горд што во петок го славиме првиот роденден од зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и му честитав на министерот за надворешни работи денеска на состанокот, ова е добро за Северна Македонија и добро за сите сојузнички на НАТО, рече Столтенберг. Тој се заблагодари за придонесот на македонските воени сили во операциите на Алијансата ширум светот и посебно во Авганистан. -Се сретнав со војници од Северна…
По обвинувањата од ГЕРБ на Бојко Борисов и ВМРО на Красимир Каракачанов дека опозиционите социјалисти треба да ја понесат одговорноста за предложената корекција во Извештајот за Северна Македонија поднесен од нивните колеги евросоцијалисти и демократи, бугарските социјалисти вечерва преку писмено соопштенија известија дека нема да гласасат за амандманот. „Делегацијата на бугарските социјалисти во Европскиот парламент нема да ги поддржи предложените измени, зошто тие не го изразуваат во целост историскиот и политички контекст на Балканот. Но, ние категорично се противиме на обидите за приватизација на бугарските националнии нтереси и создавање монопол врз патриотската кауза. Особено од политичка сила (ВМРО) која го…
Испоровоциран од денешните претреси, Никола Груевски преку Фејсбук од Будимпешта испрати реакција. -Денес, репресивните органи на власта, речиси две и пол години по моето заминување од Македонија и добивање азил во Унгарија, во 06 часот изутрина упаднаа во станот каде живеат моите две деца и сопругата со цел да извршат претрес. Немале потреба да прават такви вознемирувања на моето семејство и особено на децата, бидејќи што и да побарале ќе им било дадено. Освен ако тоа вознемирување не било една од целите. Како што на јавноста одамна и е познато јас низ годините наназад користев два стана во сопственост на…
Комисијата обрна посебно внимание и го цени укажувањето на шефицата на делегацијата во извештајот дека евентуалното откажување од настап на Евросонг би предизвикало финансиски и други импликации по МРТ и драстично би го нарушило угледот и на Јавниот сервис и на државата во меѓународни рамки
„Платите во здравството постојано растат и значајно придонесуваат во растот на просечната плата“, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, кумулативно, заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемиле за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. „На општите лекари за 25%, а на здравствените соработници за 15%“, стои во објавата на министерот.