Author: Нова ТВ

Родовата еднаквост во спортот не е само декларативна поддршка, туку е реалност која мора да се случи и да се одржува, изјави денеска премиерот Зоран Заев во своето обраќање на настанот „Родова еднаквост во спортот”. -Ние како Влада ја препознаваме родовата еднаквост како една од клучните работи за позитивен општествен напредок. Но, постигнувањето на родова еднаквост во спортот ќе биде уште поголем успех за сите нас зашто спортот сѐ уште гласи за машко доминантна област и време е заеднички да ги надминеме родовите стереотипи кои преовладуваат во спортот, истакна премиерот. Тој нагласи дека спортистките и спортските работнички треба подеднакво да…

Read More

Српската министерка за правда Маја Поповиќ, црногорската министерка за правда за човекови и малцински права Владимир Лепосавиќ и претседателката на Комисијата за спречување на корупција на Северна Македонија Билјана Ивановска потпишаа денеска во Белград Меѓународен договор за размена на податоци за имотот на јавните функционери, подготвен во рамките на Регионалната иницијатива за борба против корупција. Како што јави дописникот на МИА од Белград, ова е прв пат ваков договор во регионот. По ратификувањето на овој договор во државите потписнички, надлежните органи на една држава, на барање на друга држава, ќе достават податоци за можен имот или деловно работење на јавни…

Read More

Во врска со градежните активности на објектот ресторан – дискотека „Парк“, Охрид кои продолжуваат и покрај ставот на Владата, министерката за култура и претседателка на Националната комисија на УНЕСКО, Ирена Стефоска се обрати до јавноста. -Очигледно дека општините Охрид и Струга немаат волја за заштита на светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО. Оттаму, ќе иницирам пред Владата да се разгледа можноста за одземање на ингеренциите на овие општини. Во делот на надлежностите на Министерството за култура, на одговорност ќе бидат повикани Завод за заштита на спомениците на културата и музеј- Охрид како и Управата за заштита на културното…

Read More

Повеќе од 82.000 наши државјани од дијаспората ја искористија можноста да се самопопишат со што придонесуваат во креирањето поквалитетни политики за подобра иднина на татковината, објави на својот фејсбук-профил премиерот Зоран Заев. – Ги повикувам сите од нашата дијаспора, од сите краеви на светот, да се приклучат кон овој патриотски чин и да помогнат да добиеме јасна слика за нашите луѓе во странство. Mакедонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци и сите други без разлика на етникумот, сите кои имате македонско државјанство, попишете се!, напиша Заев на Фејсбук. На тој начин ќе знаеме, додава премиерот, како да ги подобриме…

Read More

Сакам да ги уверам граѓаните дека буквално секоја вакцина која што е сега присутна или допрва ќе влегува во нашата земја ќе биде безбедна за користење, порача денеска министерот за здарвство Венко Филипче. Тој појасни дека тоа што се создаде малку сомнеж, компликации, несакани ефекти од вакцината на „Астра Зенека“ и поради што неколку национални агенции на некои европски земји го запреа вакцинирањето, вчера, како што рече, дефинитивно го демантираше European Medicines Agency (EMA), во смисла да потврди дека вакцината е целосно безбедна и нема никаква директна причинско-последична врска помеѓу тие несакани ефекти и вакцината. -И затоа сега сите европски…

Read More

На тројцата обвинетите за насилство на протестите поради пресудата во случајот „Монструм“, Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси, кои на денешното прво рочиште го признаа делото, Судот им изрече затворска казна од времетраење од една година. Тие и понатаму остануваат во притвор. За двајцата обвинети, Артон Садики и Фабио Идризи, кои се изјаснија дека не се чуствуваат виновни, судење ќе продолжи на 31 март. Судијата Марин Станевски рече дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба. Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за…

Read More

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации. Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, велат од таму, медиумите што во јавноста се препознаваат како професионални не треба да го занемарат фактот дека ваквите содржини лесно може да бидат прифатени од пошироката јавност како вистинити, особено ако темите се во контекст на актуелни политички случувања. Станува збор за објавата во неколку…

Read More

Сите активности се одвиваат во насока на тоа дека Пописот 2021 ќе се спроведе. Гаранција дека нема да има потреба од одлагање е строгиот протокол, кој што се запазува, како и соодветната обука на попишувачите и пописните тимови. Граѓаните и попишувачите ќе бидат заштитени. Целот фокус на Владата е во таа насока, изјави портпарот на Владата Душко Арсовски, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција за претстојниот Попис на население, домаќинства и станови. Сите одлуки, посочи Арсовски, Владата ги донесеува врз основа на став на Комисијата за заразни болести, кој се разгледува на главниот Координативен кризен штаб, од каде заклучоците одат…

Read More

Следни чекори би биле зголемување на времетраењето на полицискиот час и скратувањето на работата на угостителските објекти, дополнително од тоа што е сега до 21 часот. Тоа е следното можно сценарио, на почетокот на следната недела ќе се прави проценката, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Заклучокот и ставот, дополни, е дека на почетокот на следната недела ќе правиме нова проценка, сметам дека ќе имаме резултати од полицискиот час. – Денеска имаме помалку од 1000 случаи, наша проценка е дека веќе викендот и на почетокот на следната недела ќе имаме резултати од полицискиот час како што е препорачано сега,…

Read More

Тројцата обвинети Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Калиси за насилните протести за пресудата за предметот „Монструм”, на денешното прво судско рочиште ја признаа вината. Судијата Марин Станевски наведе дека за обвинетиот Бесим Касами ќе се издвои постапката поради неговата влошена здравствена состојба. Исто така постапката ќе биде издвоена и за Суља Башким, бидејќи не е достапен за органите за прогон. Следното рочиште за обвинетите Артон Садики и Фабио Идризи, кои, како што се изјаснија, не се чувствуваат виновни, ќе продолжи на 31 март. На денешното рочиште ќе продолжи постапката за обвинетите кои го признаа делото. Скопското обвинителство кое го…

Read More

Во седиштето на Европската фудбалска федерација (УЕФА) во Нион попладнево се одржа жрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите. Двојките се: 1. Реал Мадрид – Ливерпул 2. Манчестер сити – Борусија Дортмунд 3. Баерн Минхен – Пари Сен-Жермен 4. Порто – Челзи. Во полуфинаето ќе играат подобриот од првиот и четвртиот пар и победниците од втората и третата двојка. Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одржат на 6 и 7 април, реваншите на 13 и 14 април. Првите полуфиналиња се закажани за 27 и 28 април, реваншите за 4 и 5 мај. Финалето ќе се одржи на…

Read More

Во рамките на проектот „И отпадот има вредност!“ на ЈП ПОЦ и Општина Центар, почнува да функционира зелената мрежа на локали каде со плаќање преку Green Pay картичката жителите на Општина Центар ќе имаат можност да купуваат со попуст во маркети, ресторани, кафеани, кафулиња, бутици, книжарници, рибарници, мобилари и слично. -Досега, повеќе од 70 локали кои се наоѓаат на територија на Општина Центар се приклучија на зелената мрежа со цел да им овозможат на жителите да купуваат со попуст од 5, 7 и 10 отсто. Поволностите на зелената мрежа можат да ги користат само жителите кои учествуваат во процесот на…

Read More