Author: Нова ТВ
Директорот на струшката болница, Мухамед Асани нема веќе да ја извршува функцијата која досега ја извршуваше и ќе биде назначен нов директор, истакна министерот Филипче на прес-конференцијата. „Вчера донесов одлука за формирање на нова комисија, тоа е законска можност која ја има министерството за здравство. Со оглед на барањата од семејствата, институциите како Хелсиншки комитет , одлучив да се формира нова комисија која ќе направи анализа на случувањата. Исто така, одлучив да се разреши директорот на струшката болница, а нов ќе биде назначен во текот на денешниот или утрешниот ден, додека во тек се сите останати активности“, истакна Филипче.
И покрај зголемениот број заболени од Ковид – 19 и притисокот врз болниците, Комисијата за заразни болести не предложила нови рестриктивни мерки. Како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, и во наредниот период остануваат досегашните мерки за полицискиот час од 22:00 до 05:00 часот. Оваа препорака е донесена врз основа на бројот на позитивни случаи на ковид-19 минатите денови, како и ддвонеделните бројки и анализзите. Како што објасни Филипче, во градовите каде што имало зголемена инциденца како во Валандово, Крушево, Прилеп…, се заблежува тренд на намалување, но таа се зголемува во други градови, пред се во Скопје, Гостивар, Велес……
Компаниите активни во технолошко индустриските зони во февруари годинава учествуваат со 48 отсто од вкупниот извоз во националната економија, што е за 3 процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните во февруари е за речиси 17 отсто зголемен во однос на февруари 2020 година. Овој пораст е за 1,6 процентни поени повисок од порастот на вкупниот извоз во јануари 2021, во однос на јануари лани, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за економските активности технолошко индустриските зони во февруари годинава. Компаниите во ТИРЗ учествуваат и со околу 40 отсто од вкупниот…
Подобрување на фискалниот капацитет и зголемување на приходите на општините, зголемување на фискалната дисциплина, како и на транспарентоста и отчетноста во нивната работа – ова се трите столба од реформата за унапредување на фискалната децентрализација, процес кој го спроведува Министерството за финансии и за кој достави информација до Владата која беше разгледана и усвоена на вчерашната владина седница. По ова ќе следи процес на јавни консултации и расправа со ЗЕЛС и засегнатите страни, а во координација со Работната група за продолжување на процесот на децентрализација формирана од страна на Владата во која учествуваат министерствата за политички систем, за финансии, за…
Националната галерија веќе четврта година организира изложба, која носи свој препознатлив белег, посветен на Денот на жената – Осми март. Во претходните години имавме можност да видиме повеќе различни концепти на изложби по овој повод, кои во суштина имаа еден заеднички именител – жената како мотив, независно дали е автор или непосредна инспирација на уметничкото дело, портрет или, можеби, акт. Притоа, единствениот извор од каде што доаѓаше инспирацијата и која претставуваше темел врз кој е изградена оваа традиција е неисцрпно богатата колекција на Националната галерија, која претставува исклучителна ризница на вредни уметнички дела. Лазар Личеноски, Акт, 1928 Оваа календарска година…
Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство. Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат), се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наметнало како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а со крајна цел овозможување брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата предизвикана од КОВИД-19. – Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, почнувајќи…
2.254 деца до деветгодишна возраст и 4.938 млади лица на возраст од 10 до 19 години заболеле од Ковид-19 од почетокот на пандемијата. Вирусот бил детектиран и кај 412 бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Досега се регистрирани 3 смртни случаи кај бремени жени и 24 смртни случаи кај здравствени работници, заклучно со 4 јануари годинава. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 биле асимптоматски случаи. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука
Најмалку осум лица се убиени во три престрелки во југоисточниот дел на САД. Пукањето се случило вчера во салони за масажа во градот Атланта и околината, јавуваат американските медиуми.Осомничениот е уапсен. Неговото име е Роберт Арон Лонг и има 21 година. Првото пукање, во кое биле убиени четири лица, а биле ранети две, се случило попладнето во салон за масажа на околу педесет километри од Атланта, најголемиот град во сојузната држава Џорџија, пренесува Си-Ен-Ен. Набргу потоа, во уште две пукања во Атланта, исто така, биле убиени четири лица во два салони за масажа. Жртви на двете пукања се жени, наводно…
Нови пораки за можноста за придвижување на односите меѓу Скопје и Софија, по бугарското вето за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера порача дека двете страни треба да се подготват за преговори засновани на разум, а не на емоции, бидејќи несогласувањата меѓу двете земји треба да се надминат во интерес на идните генерации. Премиерот Зоран Заев, пак, се согласи дека е многу важно каква историја денес испишуваме и што ќе им оставиме на младите и идните генерации и изрази надеж дека решение може да се најде пред јуни. Борисов вчера имаше куса…
Министерот за здравство Венко Филипче заедно со Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок на кој може ќе се разговара за нови евентуални рестриктивни мерки кои би ги предложила до Владата. -Закажан е состанокот на Комисијата за заразни болести. Ќе се анализираат трендовите и инциденцата по региони како и бројот на хоспитализирани. Засега не можам да кажам дали ќе имаме нова препорака до владата или не, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Откако ќе заврши состанокот, министерот ќе одржи прес конференцијата во 11 часот. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на…
Со семејството сум на годишен одмор во Мексико, нема место за сензација, вели во изјава за Фокус поранешниот генерален секретар во Владата и советник во Владата, Драги Рашковски. – Нема место за сензација, на годишен одмор сум во Мексико. Заминавме на 14 -ти и таму ќе бидеме до 31 овој месец. Три години не сум бил на одмор, на сопругата ѝ е роденден. Следам сѐ што се случува, вели Рашковски. Денеска и вечерва по социјалните мрежи и други портали се шират информации дека Рашковски побегнал во Мексико. На нашето прашање дали побегнал, како што се пишува, Рашковски со одговор: –…
Владата денеска на 54-тата седница го донесе Протоколот за постапување на средните училишта при реализација на испитите од државната матура за учебната 2020/2021 година. Како што соопшти владината прес-служба, Протоколот за организирање и спроведување на државната матура е донесен по одобрувањето од Комисијата за заразни болести. Екстерните испити од државната матура ќе се полагаат на 5 и 11 јуни, а покрај нив матурантите имаат и тестови по два интерни испита и проектна задача.