Author: Нова ТВ
Претседателот на АМС, Наумче Мојсоски преку својот Фејсбук профил соопшти дека Агенцијата нема да ги признае резултатите од Собранието на ФФМ кое ќе се одржи утре. -Ја известуваме јавноста дека Агенцијата за млади и спорт нема да ги признае резултатите од Изборното Собрание на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) коешто ќе се одржи утре и нема да учествува со свој претставник. АМС како единствено владино тело коешто е надлежно за работите од областа на спортот и вршење надзор над спроведувањето на одредбите од Законот за спорт, веќе подолго време бара усогласување со Законот за спорт, а ФФМ и покрај бројните…
Од 14 мај, под слоганот„Сè што сакате е Грција“ оваа земја планира да ја отвори туристичката сезона објави министерoт за туризам Харис Теохарис, на прес-конференција што се одржа во рамките на меѓународната туристичка изложба ИТБ Берлин, пренесуваат грчките медиуми. За време на неговото излагање, Теохарис поајсни дека со одлуката на грчата влада за влез во оваа земја потребно е да се почитуваат три основни здравствени протоколи и тоа посетителите да бидат вакцинирани или пак да имаат имунитет по прележан ковид ( документ за антитела) , а доколу не се исполнети претходните два услови може да се патува и со негативен ПЦР-тест…
Новиот концепт во работењето и новиот начин на државна помош беа во фокусот на разговорите што директорот на Технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски ги имаше со странските компании во ТИРЗ во Кичево, Охрид и Струга. На средбите, како што соопшти Дирекцијата на ТИРЗ, е разговарано за проширување на инвестициите, за новите механизми за државна помош, како и за новиот систем за грижа на корисници т.н. „Систем на една влезна точка“. Деспотовски пред претставниците на „Костал“, „ОДВ Електрик“ и „Џојсон Сејфти Системс“ го презентирал новиот начин на државна поддршка чија цел е да се поттикнат инвеститорите што побрзо да ги остварат…
Потребата од склучување меморандуми за реализација на проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос, односно за вложување од страна на Северна Македонија во овие меѓународни проекти ја разгледа и усвои Владата вчера на 53. седница. Станува збор за Меморандум за соработка помеѓу „НЕР АД“ Скопје и „Копелозу Груп“ и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „Гастрејд С.А.“ за закуп на капацитет во ЛНГ Терминалот, како и Меморандум за соработка помеѓу „АД ЕСМ“ и „ДАМКО ЕНЕРЏИ С.А.“ за стекнување на 25 отсто удел во Александрополис Електрисити Продукшн С.А, се наведува во соопштението на владината прес-служба. За…
Утрово во Битола, во 86 година од животот почина Коста Хаџиантоновски, раководител на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ и творец на меѓународната ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“. Богата е професионалната биографија на Хаџиантоновски како познат ликовен педагог, ментор, раководител и организатор на бројни културни манифестации препознатливи во градот, државата и светот. Хаџиантоновски ќе биде погребан утре.
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров објави денес дека е позитивен на Ковид-19. „Се подготвував за посета на Луксембург, ама тестот покажа дека јас веќе сум имал опасен ‘гостин’. Нека продолжи да вирее без да го забележувам многу и побрзо да го снема. Чувајте се луѓе, да сте здрави и живи сите!“, напиша тој на Фејсбук профилот.
Најмалку 30 години затвор за Мијалков, ако му се утврди вина во сите предмети на СЈО
Во рамки на презентирањето на новиот реновиран објект во касарната Илиндер, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на новинарско прашање одговори и за дисциплинската постапка врзана за офицерот, Драган Ковачки, но и препирките со него кои не стивнуваат. „Да реагирав на Твитер, ќе кажев ем лажго, ем плачко. И навистина е срамно офицер во една Армија може да си дозволи да упатува закани кон било кого, а камо ли на началник на Генералштабот, односно првиот човек на Армијата. И особено кога тие закани го претставуваат Ковачки со вистинската слика, односно партиски војник. Да пишете долга е раката на ВМРО од еден…
Припадниците на армиската Гарда и на Баталјонот за поддршка на Генералштабот и на гарнизонот Скопје се сместуваат во комплетно реновиран објект со висока енергетска ефикасност во касарната „Илинден“. Министерката Радмила Шекеринска денеска во 10 часот ќе го посети овој објект во најголемата армиска касарна, по што ќе даде изјава за медиумите. Ова е втор целосно реновиран објект во оваа касарна, по објектот на армиските Ренџери, кој беше пуштен во употреба пред една недела. Објектот е со вкупна површина од околу 3.500 метри квадратни и на него е поставена нова термичка фасада, заменети се сите прозорци и врати, користени се термопан…
Ноќеска и утринава беа регистрирани уште неколку земјотреси во регионот на Маврово со јачина од над два до 3,1 степени, откако синоќа нешто по 22 часот се почувствуваа двата најсилни од 4,7 односно 4,2 степени по Рихтер. Како што покажуваaт податоците на специјализираните апликации за земјотреси, тлото во Мавровско се тресеше и во 23:25 часот, кога бил регистриран земјотрес со јачина од 3,1 степени, а потоа и 49 минути по полноќ кога земјотресот бил со јачина од 2,6 степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотрес имало и нешто по 3 часот по полноќ, со јачина од 3,3 степени според ЕСМЦ, како…
Откако завчера беше објавено дека земјава нема да добие средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ, вчера од Европската комисија за МИА појаснија зошто Северна Македонија е единствена земја што не доби парче од колачот на Солидарниот фонд за пандемијата. Од портпаролската служба на Европската комисија за МИА детално ги образложија условите за аплицирање за помош од Солидарниот фонд на ЕУ. Како што пренесоа и македонските институции, помошта од овој Фонд се активираше минатата година поради здравствената криза од Ковид-19, со услов товарот од кризата врз буџетот да изнесува…
Почитувањето на мерките е стожерот во спречувањето на ширењето на коронавирусот, вели директорката на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, Милена Стевановиќ, која во интервју за МИА, посочи дека сепак зголемениот број на случаи изминатиот период се должи и на британскиот сој, кој полесно се пренесува. Според неа, одговорноста за зголемување на новозаболените, чија бројка на дневно ниво во билтените на Министерството за здравство достигнува над 900 случаи, ја има и високиот процент од околу 70 отсто на асцилирање на британскиот сој. Стевановиќ нагласува дека болничките капацитети се практично пополнети, поради што е отворена и модуларната болница,…