Author: Нова ТВ
– Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил информираше дека во тек се подготовките во Модуларната болница каде од среда треба да започне вакцинацијата против Ковид-19. – Вакцинацијата ќе се одвива на пет вакцинални позиции, а во тимовите за имунизација има медицински сестри и лекари. Модуларната болница ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, напиша Филипче на Фејсбук. Првата пратка од 4.680 вакцини од предвидените 8.000 вакцини на компанијата „Фајзер“ кои се донација од Србија пристигна вчера во земјава. Кон средина на месецов се очекуваат и 200 илјади вакцини од кинеската компанија „Синофарм“. Во земјава треба да…
Над 4,5 тони хартија и 2,5 тони пластика за само 13 недели се собрани и испратени на рециклирање преку проектот „Селектирам“ на невладината организација „Гоу Грин“. Отпадната амбалажа ја подигаа петмина собирачи од социјално ранливите категории граѓани, кои во периодот од август до декември работеа во 46 згради или со околу 2.000 домаќинства во општините Центар, Кисела Вода, Карпош и Аеродром. Проектот на „Гоу Грин“ заврши на крајот на минатата година, но се очекува да продолжи од идниот месец заедно со социјалните претпријатија „Реди рециклажа“ и „Коцка по коцка“. Целта е да се рашири на 400 колективни станбени објекти низ…
„Мора да се надминат недоразбирањата со С Македонија и не е во ред во 21. век да се победува на избори со кампања против соседни земји“, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во интервју за 24 Часа. Според неа, немаме друг избор и мораме да го пребродиме ова. „Ние секогаш ги поддржувавме дури и во најтешките моменти, ќе продолжиме и сега така да правиме. Не сакав толку многу да се водат преговорите пред медиумите, што доведе до тешка реторика, затоа што тогаш е тешко да се пткажеш од изговорените зборови. Ова не може да продолжи така“, вели таа.…
Според првите резултати на излезните анкети на Институтот „Пипос“ од Приштина, победник на вонредните избори во Косово е движењето Самоопределување (ПС) на Албин Курти, кое добило 41,8 проценти од гласовите, пренесува српската агенција Бета. Во резултатите од излезните анкети презентирани на ТВ Клан, Демократската партија на Косово (ДПК) е на второ место со 16,5 проценти, а Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) е на трето место со 15,2 проценти. Сојузот за иднината на Косово (АБК) е на четвртото место со 7,2 проценти, додека Социјалдемократската иницијатива (СДИК) не го помина изборниот праг од 5 проценти, бидејќи има 2,6 проценти гласови. Малцинските партии…
Компромисното решение за начинот на полагање на државната матура што го прифати Сојузот на средношколци е прифатливо и за Министерството за образование и наука. Од МОН соопштија дека предложениот модел е во интерес на сите матуранти, а Република Северна Македонија го задржува стандардот од 4 испити (2 екстерни и 2 интерни) и ниту еден матурант нема да биде оштетен. Најавуваат дека уште утре Матурскиот одбор ќе ги разгледа сите прашања кои произлегуваат од предложените услови, по што ќе се воспостави методологијата за полагање на државната матура. МОН во соработка со Матурскиот одбор навремено ќе ги информира матурантите за направените промени…
Сојузот на средношколци соопшти дека вчера – на 13 февруари 2021 година – Генералното собрание на Сојузот донесе одлука да го прифати решението за државната матура, за кое разговаравме на нашата последна средба со премиерот Заев, пратеничката Зајкова и советникот на премиерот Тасев. Овој компромис предвидува полагање на два екстерни и два интерни испити, односно третиот екстерен испит да се организира интерно. Овој чекор повлекува промени и во начинот на добивање на поените за државната матура, па екстерните испити ќе носат најмногу 20 поени (наместо сегашните 30), интерните најмногу 16 (наместо сегашните 6) и проектната задача ќе продолжи да носи…
Најдобриот македонски фудбалер, Горан Пандев, неочекувано го крена гласот против Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и најави „бомба“, дека е подготвен да се тргне настрана од Академија Пандев, ако не се сменат некои работи и клубовите не одлучуваат во фудбалската федерација. Агенција за млади и спорт (АМС) бара од ФФМ да го усогласи статутот со Законот за спорт, а со тоа клубовите да имаат моќ на Собранијата и да се направи реформација во Општинските фудбалски сојузи (ОФС). Пандев покажа револт за првиот пролетен натпревар, објави фотографии од снежниот терен, а истовремено и од еден контакт на играчите во казнениот простор. „Срамно и жално… уште…
Денес, македонскиот премиер, Зоран Заев ги прими првиот дел од вакцините од страна на српскиот претседател, Александар Вучиќ на граничниот премин Табановце. Во рамки на соработката и доброто пријателство, на својот инстаграм профил, премиерот, Зоран Заев објави фотографија во која вели дека на претседателот на соседна Србија му подарил икона од светецот Св. Пантелејмон, кој своевремено целиот свој живот го поминал во лекување на болните и во служба на изнемоштените. View this post on Instagram A post shared by Зоран Заев (@zoranzaev)
Во своето соопштение, Иницијативниот одбор за промена на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО ДПМНЕ, уште еднаш посочуваат дека Мицкоски иако ветил дека по уште еден пораз ќе даде оставка, тоа не го сторил, но и низата аргументи кои ги поддржуваат во врска со ова прашање. „Зборот на сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски не вреди ништо. „Ќе поднесам оставка ако ги загубам изборите. Ќе одам и чекор понатаму. Доколку ВМРО-ДПМНЕ победи и не успееме да направиме Влада, и тогаш ќе понесам одговорност”, рече Мицкоски в интервју за Макфакс во Октомври 2019 година. На 5 јуни минатата година, еден месец пред изборите…
Државниот инспекторат за животна средина досега не го применил Кривичниот закон за да поведе кривична постапка против некој субјект кој ја загрозил животната средина, спроведувани се само прекршочни постапки. Причини, за директорката на Инспекторатот, се можеби тоа што овие постапки се истражни, бараат вклучување на МВР, немањето правник во оваа институција, како и тоа дека инспекторите се технички лица. -Имаме и кривична одговорност. Кривичната одговорност во ниту еден случај не е применета. Не сме го примениле досега Кривичниот закон, а причината за тоа е веројатно дека кривичните постапки бараат истражни постапки, каде треба да се вклучи МВР. Таа соработка досега…
Во технолошко индустриските зони продолжува трендот на зголемени активности и позитивни економски движења – покажува анализата на ТИРЗ за почетокот од годинава. Компаниите, како што соопштуваат од Дирекцијата на ТИРЗ, кои се активни во зоните продолжуваат да го зголемуваат своето учество во вкупната економија во земјава. Вкупниот извоз од зоните во јануари 2021 е за речиси 34 отсто зголемен во однос на јануари 2020 година. Бројките покажуваат дека компаниите во зоните биле најмногу погодени од пандемијата, но имаат и најголем потенцијал за брзо закрепнување. Трендот на раст почнува од август, со зголемени активности и во однос на истиот период од…
Во рамки на денешната прес конференција, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска посочи дека од голема важност за развој на спортот се предвидените ваучери за спорт. „УЈП како институција има улога за развој на спортот. Од 1.1.2019, стапија на сила измените за ваучерски систем. 10 милиони евра годишно чинат овие ваучери и со тоа се намалува данокот на добивка. Имено, на компаниите кои донираат им се намалува данокот на добивка најмногу до 50%. УЈП води евиденција за дадените донации согласно ваучерите“, истакна Лукаревска. Во однос пак, на неисплатените плати од страна на работодавачите кои зеле финансиска помош од…