Author: Нова ТВ
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров е назначен за нов селектор на националниот тим, објави денеска Ракометната федерација на Македонија. – Ве известуваме дека на денешната прес-конференција одржана онлајн, претседателот на Ракометната Федерација на Македонија г-динот Живко Мукаетов ги информираше претставниците на медиумите дека на одржаната седница на Управниот Одбор на РФМ на ден 12.02.2021 година, членовите на Управниот Одбор на РФМ едногласно го усвоија предлогот за назначување на г-динот Кирил Лазаров за Селектор/Тренер на сениорската машка ракометна репрезентација, стои во известувањето на РФМ. На денешната прес-конференција присуствуваше и се обрати г-динот Кирил Лазаров, кој се заблагодари на…
Сѐ уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е конфузен и постојано зборува различни работи во зависност од ситуацијата и соговорникот. Тоа што Мицкоски нема автентична политика и често ги менува ставовите се одразува на неговиот личен рејтинг, а што е уште поважно ја влече партијата надолу. На 10 јули, пет дена пред изборите кога мислеше дека има некаква поддршка за да победи и да формира влада, го призна сменетото име на институциите. „Ние би биле лицемери ако ја игнорираме реалноста. Како и секогаш, велам дека не можеме да ја игнорираме реалноста, бидејќи учествуваме на избори и сме дел од…
Не е точно дека само претседателот Стево Пендаровски има безбедносен сертификат. Тоа го потврди тој самиот во интервју за програмата „Стадион“ на Радио Канал 77. „До овој момент меѓу 40 и 50 високи функионери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО безбедносни серитфикати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат. Вториот мит – ако НАТО не сака да ти даде безбедносен сертификат, секој пат ти дава писмен одговор – вашето барање е одбиено, тоа што го споменуваа Оливер Спасовски, Маричиќ… Такво нешто нема досега нема добиено ниту еден политичар на локалнo или централно ново. Никој…
Во текот на ноќта беа забележани серија земјотреси во централна Хрватска, од кои најсилен беше во 4:55 часот што ја потресе Петриња и околината, но се почувствува и во Загреб, јавуваат хрватските медиуми. Првиот силен земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер и интензитет во епицентарот на V степен од ЕМС скалата се случи во 4 часот и 55 минути. Втор послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтер и интензитет во епицентарот на IV степен од скалата ЕМС се случи во 5 часот и 19 минути, се вели во извештајот на хрватската сеизмолошка служба. Потоа следуваа уште неколку…
Во рамки на своето денешното соопштение, владејачката СДСМ, посочи дека се уште ВМРО ДПМНЕ молчи за скандалот со Милошоски и неговото досие во Германија. „Шефот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски речиси една недела молчи за скандалот со неговиот близок соработник дезинформаторот Антонијо Милошоски, кој според јавно достапни документи бил осудуван и казнет во Германија за кражба, злоупотреба и измама. Мицкоски повторно нема став, не се произнесе, како и за многу други прашања каде е јавно повикан. Антонијо Милошоски за овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата треба да поднесе оставка и да се извини. Особено што против него…
ВМРО-ДПМНЕ соработува одлично со Алијанса на Албанците и Алтернатива, а пример за тоа е беспрекорното функционирање во Собранието како опозициски партии, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник Александар Николоски во емисијата “360” на Телевизија Алсат. Николоски посочи и дека на последниот собир организиран од фондацијата „Конрад Аденауер” присуствувале претставници на овие две партии, што е доволен показател за добрите односи и позитивното расположение во однос на можна коалиците помеѓу овие партии. „Сметам дека коалицијата е можна и многу порано пред локалните избори, доколку се конкретизира моделот на коалицијата и начинот на кој таа коалиција би функционирала. Добро е што опозициските…
– Tри месеци по усвојувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација, Собранието ја усвои Одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата избра седум од пријавените 44 кандидати, по што тие беа изгласани на пленарна седница. Опозицијата во Парламентот се воздржа од гласање поради, како што наведоа, партиско влијание при изборот на членовите, а власта порача дека државата конечно ќе добие професионална институција. Невладините организации, нагласувајќи дека граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација, и покрај, како што посочуваат, бројните…
Економијата не може да расте без помош од државата, зашто државата континуирано ја поддржува економијата. Тоа не значи дека мора да биде директна финансиска поддршка од основниот Буџет на државата, но може да се спроведе преку различните политики што ги креира државата за создавање подобра бизнис клима, вели министерот за економија Крешник Бектеши во интервју за МИА. Нагласува дека средствата за поддршка за 2021 година не се намалени, иако сме во време на ковид криза. -Годинава ќе имаме раст на економијата, а во таа насока одат и бројките од четвртиот квартал од 2020 година кога речиси во сите приходни ставки…
– Нема друга алтернатива освен членство во Европската Унија. Ветото од Софија предизвика разочараност, но ние продолжуваме да одиме напред. За ова да биде возможно, ни треба порационален пристап. Можеме да дебатираме за историјата, не од перспектива на ревидирање на идентитетите, туку од аспект на едукативна перспектива во насока на отстранување на стереотипите од минатото што создаваат нетрпеливост меѓу општествата, изјави вчера во интервју за белгискиот весник „Ла либр“, министерот за надворешни работи Бујар Османи. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, пак, повторно подвлече дека е неопходна европеизација дома, посочувајќи дека процесот на пристапување е потребен токму како алатка за…
Вкупно 40.600 граѓани до денеска напладне се пријавиле преку онлајн аликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Преку матичните лекари пријавени се 12.652 лица, информираа за МИА од Министерството за здравство. Веб страницата беше пуштена во функција во среда, а на неа може да се пријави секој граѓанин со тоа што системот ќе биде тој кој ќе генерира кои граѓани ќе бидат приоритетни. Освен на овој начин, пријавувањето за вакцинирање ќе може да се врши и преку матичните лекари преку системот „Мој термин“. Надлежните институции утврдија како ќе се одвива процесот на вакцинација. Во првата група се здравствените работници и лицата над…
Нашата држава месеци наназад се подготвува за една од можеби најголемите операции, не само кај нас, туку и на светско ниво, а тоа е логистиката околу пристигнувањето и дистрибуцијата на вакцините и нивната апликација и ние сме целосно подготвени да ги примиме вакцините, истакна претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова. Таа потенцира дека поради најавите за доаѓањето на фајзеровата вакцина уште од декември минатата година, нашиот здравствен систем е подготвен и во делот на складирање. – Обезбедени се неколку фрижидери на минус 70, од кои едниот е веќе во Клиничкиот центар, другите се стационирани во здравствените домови…
По неоснованите напади кон министерот за правда Бојан Маричиќ дека наводно забранува користење на името АСНОМ од страна на здружение на граѓани и дека истото го прави и со именката „Македонија“, односно со придавката „македонски“ јавноста треба да ги знае фактите и вистината. Имено, министерот за правда Маричиќ не го забранува туку го заштитува АСНОМ. Тој не ставил потпис врз одобрение за регистрација на граѓанско здружение со име „АСНОМ“ бидејќи во тоа не го означува македонскиот историски настан, туку е кратенка од комплетно друго име. За да биде појасно, до Министерството за правда пристигнало барање за регистрација на Здружението „Здружение…