Author: Нова ТВ
Во рамки на матичната Комисија за образование, наука и спорт, за петок е закажана јавната расправа врзана за нацрт-коцепцијата за основно образование. Имено, како што информираше денеска, Министерката за образование и наука, Мила Царовска при посетата на Државната математичко-информатичка гимназија, на Комисијата ќе се сублимираат сите ставови, ќе се прикажат и забелешките и сугестиите кои пристигнаа до МОН до 20. јануари и кога заврши рокот, по што ќе се утврди што е конструктивно и прифатливо за унапредување на оваа концепција. „На дебатата ќе се искажат можеби спротивставени ставови и ќе излеземе во јавност што конечно е прифатливо, што не е…
Вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров, на денешната седница на Собранието на која се разгледува интерпелацијата поднесена за него од ВМРО-ДПМНЕ, го нарече панаѓур на некомпетентност канењето да учествува на расправа за спорот со Бугарија на Комисијата за надворешни работи. Претседателот на Комисијата очигледно не беше способен да испрати навремена покана и да обезбеди елементарни услови за нејзинта работа, така што не е случајно што место да бидам маскота на таа расправа, да изберам да работам за државните интереси, порача Димитров. Тој нагласи дека на првите две интерпелации им пристапил со должна одговорност, но не и за оваа. „Што очекувавте, да…
Како и во изминатите две интерпелации така и во оваа за вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров очекуваме неосновани напади и лажни вести од опозицијата, имајќи предвид дека досега за ниедно прашање коешто беше од исклучителен интерес за нашата држава и за граѓаните, опозицијата никогаш немаше став, се занимаваше само со критики и со гол популизам, истакна пратеничката на СДСМ Фаница Николовска, во емисијата „Студио 10“ на ТВ24. Таа нагласи дека СДСМ и Владата одговорно ги водат сите процеси кои се од интерес на граѓаните и државата, отворено разговараме за сите прашања. -Благодарение на посветеноста на сите членови на Владата…
Владата ја усвои Информацијата за преземените активности за редовно користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари, и ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Министерството за внатрешни работи-Биро за јавна безбедност, Министерството за финансии-Управа за финансиска полиција, Министерството за финансии – Царинска управа, Министерството за финансии – Управа за јавни приходи и Министерството за финансии – Управа за финансиско разузнавање, најдоцна до 1 март 2021 година, во веб-апликацијата „Систем за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари“, да ги внесат односно…
Не се точни неоснованите тврдења дека Бугарија влегува во „белградски“ и „странски сценарија“ сопирајќи го влезот на С.Македонија на патот кон членството во ЕУ. Бугарија како членка на Унијата продолжува да ја поддржува европерспективата на земјите од Западен Балкан, посочи шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во „Контракоментар“, емисија на блогерот, Асен Генов. Како што пренесува МИА, Захариева потенцирала дека заложбите на бугарското претседателство во ЕУ за проширување, станало пракса и приоритет и на останатите земји кои претседавале по нив. Во рамки на позициите на австрискиот канцелар Себастијан Курц и германскиот министер за европски прашања Михаел Рот, дека проширувањето на…
– Вакцината од АстраЗенека ќе ја сочинува првата количина која земјава ќе ја добие преку Ковакс системот, која е планирано да пристигне во март годинава. Министерството за здравство вчера информира дека Ковакс системот преку допис ги соопштил деталите за првата испорака и типот на вакцината која ќе пристигне во нашата земја. Според дописот за земјава се предвидени помеѓу 103.200 и 175.200 дози од оваа вакцина, од кои околу 35 отсто треба да пристигнат во првиот, а останатите во вториот квартал од годината. Од Фајзер вакцините, како што навеле од Ковакс, во првиот бран на достава се вклучени 18 учесници, а не се вклучени…
Власта со став дека пописот на населението, домаќинствата и становите што треба да се спроведе во април годинава, ќе ги даде сите потребни одговори за обезбедување квалитетни статистички податоци, клучни за градење стратегии и политики и за успешен и предвидлив развој на државата. Претседателот Стево Пендаровски, пак, синоќа изјави дека може да се направи компромис за пописот и двете спротивставени политички опции да си подадат рака – власта да се согласи пописот да се спроведе во мај или во јуни, а опозицијата да не го бојкотира. Опозицијата, пак, од денеска собира потписи за поништување на Законот за попис. Од Владата…
Поради неисполнување на обврските за достигнување на А интегрирана еколошка дозвола, веќе петта година во низа не работи фабриката за производство на феролегури, „Југохром“ во тетовско Јегуновце. Оттаму, од раководството испратија соопштение во кое наведуваат дека е можно придвижување на процесот на доградба на системот за отпрашување што е започнат во април 2017. година, што е всушност услов фабриката во иднина да работи согласно потребните стандарди и да не придонесува во загадувањето на животната средина и воздухот. „Имаме начелна одлука на сопственикот на фабриката, кој живее во Лондон, а беше тука пред два месеци при што ја истакна намерата да…
Предложените реформи во основното образование се во целосна согласност со препораките на Светска банка, објавени во последната белешка која се однесува на основното образование во Северна Македонија. Светска банка препорачува создавање подобар образован систем во кој учениците ќе бидат во фокусот, а наставниците ќе добијат поддршка, како и подобрување на условите во училиштата со што ќе се обезбеди инклузивен пристап, информира Министерството за образование и наука. Посочува дека предложената концепција за основно образование предвидува развој на критичкото размислување кај учениците, како и поврзување на знаењата низ различни дисциплини низ интеграција на предмети, што е препорака и на Светска банка. –…
Во рамки на денешното соопштение, владејачката СДСМ повторно направи рестроспектива и оттаму воочи хаос на здравствениот систем своевремено, а сега пак, велат, се повлекуваат фармацевтски компании од земјава, поради увозот на лекови и вакцини од сомнително потекло. „Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата. Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло. Таквиот однос трајно…
Претседателот на Франција Емануел Макрон денес изјави дека сите Французи кои сакаат да се вакцинираат ќе ја добијат таа можност до крајот на ова лето. Во интервју за ТФ-1, Макрон предупреди дека фармацевтските компании веќе треба да се подготвуваат за вакцини што ќе бидат потребни следната зима и следната година, бидејќи „вирусот брзо мутира“, и најави скоро започнување на производството на вакцини во Франција, пренесува Ројтерс извештаи. – Мора да размислуваме и за земјите во развој, бидејќи ако и таму не се вакцинираат граѓани, вирусот ќе продолжи да циркулира, мутира и да се враќа кај нас – рече Макрон и…
Заедничка осуда на радикализмот и национализмот, како и на неодамнешното скандирање „УЧК УЧК” и „голема Албанија“ е нешто околу што се согласиле првите луѓе на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Екрем Зендели со поглаварот на ИВЗ Шаќир Фетаху на средба што се одржа во Ријасетот, информираат од ЦУК. Како што извести Центарот за управување со кризи (ЦУК), Ангелов и Зендели му искажале признание на поглаварот за неговиот авторитет и позитивно влијание кај сите граѓани, а во разговорот, како што е наведено, тројцата соговорници постигнале согласност дека е важно да продолжи процесот на помирување меѓу дел од Македонците…