Author: Нова ТВ
„Љупчо Николовски не е виновен за децениските проблеми којшто ги има државата, за работи којшто многу одамна сме трбале да ги направиме. Ова е генерација на политичари предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски од целиот наш тим направи крупни чекори за нашата земја. После 3 децении аспирации станавме членка на НАТО, пред почеток на преговори со ЕУ сме и токму затоа оваа Влада стави висок акцент и на реформите во судството и на борбата против корупцијата и криминалот“, изјави денеска вицепемиерот од Кочани. „ВМРО-ДПМНЕ и на централно и на локално ниво се симбол на корупцијата и криминалот со огромен број…
Обвинувањата за корупција во јавните набавки во РЕК Битола се тенденциозни и штетни за имиџот и на комбинатот и на компанијата и на државата, велат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) како реакција на денешната прес-конференција на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. „Во кој паралелен свет живее пратеникот Антонијо Милошоски и излегува на прес конференција обвинувајќи за намерно одолговлекување на постапката за набавка на сопствена механизација за потребите на ПЕ Рудници на РЕК Битола, а комбинатот и АД ЕСМ се во фаза на потпишување на договори за набавка на механизација? РЕК Битола и АД ЕСМ тоа го соопштија пред пет дена и најавија…
Пописот 2021 во Северна Македонија ќе се спроведе со нова методологијата која првпат ќе се применува кај нас и која во еден дел вклучува и електронски попис. Овој комбиниран модел е познат во светската пракса и е во согласност со препораките на ОН и Евростат, напиша денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. Премиерот посочува дека со вкрстување на податоците што ќе се добиваат од електронските прашалници на терен со податоците од базите коишто веќе постојат во државата, како, на пример, оние на МВР и на Фондот за здравство, ќе имаме целосен преглед за податоците кои се неопходни, но, не се…
„Згрозен сум од обидот преку тенденциозни и опасни лаги да се наруши мојот и угледот на мојата фамилија. Несфатливо е како во 2021 година сè уште во јавноста, без трошка совест и одговорност се објавуваат вакви наслови“, објави министерот за правда, Бојан Маричиќ, откако дел од медиумите блиски до опозицијата објавија текст со наслов „Таткото на Бојан Маричиќ сликан гордо со статуата на Хитлер и книгата Мојата борба“. Според министерот, тој и целата негова фамилија, единствено се горди на нашите дедовци кои си ги жртвувале животите на фронтовите токму во борбата против фашистите, „а таткото на мојот татко, мојот дедо,…
о нова опрема и реновирање Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид ќе прерасне во современ центар за физикална терапија. Тоа го изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски при посетата на Охрид, потсетувајќи дека станува збор за единствената болница во Југозападниот плански регион од таа област, истовремено и единствената здравствена установа специјализирана во делот на ортопедија и трауматологија на ниво на државата. – Во моментот овој центар не функционира со полн капацитет односно не функционира базенот и делот за хидротерапијата поради високите трошоци за загревање на базенот. Бидејќи хидротерапијата е многу значаен дел од физикалната терапија…
Сојузот на средношколци, по вонредната седница на Генералното собрание одржана синоќа, соопшти дека е одлучено да продолжи бојкотот на наставата од страна на матурантите и следната недела. „Исто така, наша делегација претходно одржи средба со неколку пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. На средбата тие ја потврдија нивната поддршка за нашите барања. Бевме информирани дека ќе започнат со иницијатива за организирање на јавна расправа во понеделник и подготовка на законски измени. Сојузот очекува широк консензус во Собранието околу нашите барања бидејќи ова прашање ги засега сите 18 илјади матуранти. Ние ќе продолжиме со нашите активности во парламентот во координација со…
Главашевиќ: Хрватска треба да ја заштити С. Македонија од националистичкото малтретирање на Бугарија
Хрватска мора посилно да ја поддржи С. Македонија и да помогне во деблокадата на преговорите со ЕУ, вели за ДВ хрватскиот опозициски пратеник Бојан Главашевиќ. Според него, македонскиот јазик е реалност. „Почитуван господине претседател на владата, (…) дали и на кој начин ќе интервенирате за да се обезбеди дека пристапниот процес се одвива во добра волја и дека во неговите рамки Северна Македонија ќе биде заштитена од обидите на Бугарија да го злоупотреби тој процес за решавање на отворените билатерални прашања со Северна Македонија?“ Бојан Главашевиќ, независен пратеник во хрватскиот Сабор на 20 ноември минатата година, во писмена форма ова прашање му…
Минатата година во стопанството се слеале 397,4 милиони евра по основ на поврат на ДДВ кон фирмите. И покрај тоа што 2020 беше кризна година, минатата година има најголем поврат на ДДВ како процент од бруто наплатениот данок во споредба со изминатите години, додека исплатата се одвиваше редовно и без застои, ссоопшти Министерството за финансии. Минатата година извршен е поврат на речиси 34 отсто од бруто наплатениот данок на додадена вредност. За споредба, во 2019 година извршен е поврат од 32 отсто, во 2018 од 31 отсто, во 2017 од 28 отсто, во 2016 од 26 отсто и во 2015…
Франција воведе нови епидемиски ограничувања на границата и повторно избегна воведување заклучување на целата територија. Забрането е секое несуштинско патување од земји што не се членки на ЕУ, додека за граѓаните на земјите-членки на ЕУ се бара да направат негативен тест за Ковид-19, пренесува Би-Би-Си. Премиерот на Франција, Жан Кастекс најави построго спроведување на полицискиот час и затворање на големите трговски центри, но овие мерки се сметаат за умерени и поволни за економијата. Сепак, некои лекари сметаат дека ова нема да биде доволно за да се запре ширењето на вирусот во Франција.
Министерството за образование и наука денеска информира дека почнува процес на консултации со компаниите, стопанските комори и локалните самоуправи за потребата од отворање на нови профили и паралелки во средните стручни училишта низ државата од идната учебна година. Под слоганот „Учи паметно, работи стручно“, министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници од Владата и МОН, градоначалниците и компаниите ќе разговараат за дизајнирањето на наставните програми и уписните политики во средните стручни училишта. -Силно веруваме дека низ овој социјален дијалог заеднички ќе ги идентификуваме потребите и ќе можеме да одговориме на барањата на компаниите, но и за создавање на стручно…
„Капиталните инвестиции, вложувањата во инфраструктурни проекти на централно и локално ниво, како предуслов за развојот и постигнување на повисоки стапки на економски раст остануваат приоритет на СДСМ и на институциите што ги предводи. Силната посветеност на реализација на капитални проекти ја покажуваме на дело со зголемување на средствата за капитални инвестиции во Буџетот за оваа година, за 20 отсто, во однос на лани, на 23 милијарди денари“, велат од владеачката СДСМ. Според нив, за годинава само во патната инфраструктура се планирани преку 200 милиони евра инвестиции. Инвестираме во 25 проекти за изградба или реконструкција на водоводна и канализациона мрежа во…
Македонија 40 години немала реален попис, кој може да помогне на државата во планирањето на идните чекори. Заев е на пат да спроведе уште еден политички попис, кој ќе биде само за задоволување на коалициони апетити и ништо друго, реагираше денес со соопштение ВМРО-ДПМНЕ. -Време е СДСМ да се откаже од насилно туркање кон попис кој ќе значи фалсификат и лажење како на институциите, така и на граѓаните. Никој нема полза од фингиран попис и Заев и СДСМ мора да го сфатат тоа.Електронскиот попис е единствено решение, кое е брзо и ефикасно и кое ќе понуди цврсти информации кои и…