Author: Нова ТВ

„Континуирано работиме на подобрување на економските политики за зголемување на конкурентноста на деловниот сектор и отворање нови работни места“, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. Владата на 41-вата седница ја донесе Програмата за економски реформи 2021 – 2023 година, која како обврска е дел од реформите согласно евроинтеграцискиот процес. „Овој стратешки документ e исклучително важен дел од пристапниот процес кон Европската Унија. Програмата за економски реформи содржи: ✅ макроекономски проекции; ✅ план на Буџетот за наредни три години; ✅ структурни реформи кои влијаат на економскиот раст. Спроведување на овие реформи се стратешка определба и приоритет за придвижување…

Read More

Милијардерот Аркадиј Ротенберг, близок до рускиот претседател Владимир Путин, во саботата изјави дека е сопственик на „палатата“ за која затворениот опозициски лидер Алексеј Навални тврди дека ја користи рускиот претседател. „Пред неколку години, успеав да постигнам договор со доверителите и станав корисник на таа зграда“, рече Аркадиј Ротенберг, според неговата канцеларија за печат. Тој додаде дека има намера зградата да ја претвори во хотел. „Сè е направено професионално и се надевам дека ќе го завршиме хотелот за неколку години“, рече бизнисменот, поранешен партнер во џудо на Путин. Опозицискиот лидер Алексеј Навални го обвини Владимир Путин во филм на Јутјуб, прегледан…

Read More

Британскиот сој на коронавирусот е детектиран уште кај двајца пациенти во земјава. Пациентот што починал имал коморбидитет, а другиот пациент од 26 јануари се води како оздравен, соопштија од Министерството за здравство. Како што објавија дел од медиумите, починатиот е 46-годишен маж, кој имал претходни хронични заболувања. Позитивен тест на КОВИД-19 добил на 4 јануари, а починал на 8 јануари 2021 година. Досега кај тројца пациенти во земјава е детектиран британскиот сој на коронавирусот. Надлежните здравствени власти на 27 јануари 2021 година објавија за првиот пациент заразен со британскиот сој на коронавирусот во земјава, кој веќе е оздравен. Вирусот беше…

Read More

Европратеникот од ДПС/Обнови Европа Илхан Ќучук, кој е постојан известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија и специјалниот пратеник на Владата на Северна Македонија, Владо Бучковски, на денешната средба во Софија размениле идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Според Ќучук, на Северна Македонија и е потребна политичка стабилност и силна проевропска агенда што ќе обезбеди продолжување на процесот на евроинтеграција, објави 24 часа. -Треба да се врати довербата во договорот за добрососедство. Само преку неа можеме да изградиме долгорочно разбирање и пријателство. Клучот за успешни добрососедски односи е да се изградат заеднички инфраструктурни,…

Read More

Северна Македонија е суверена држава и повеќе не треба да се вознемирува или командува, ова во интервју за Бугарското национално радио (БНР) го изјави поранешниот амбасадор на САД во Бугарија, Џејмс Пердју, кој е и еден од посредувачите во разговорите за Охридскиот договор. На прашањето дали спорот меѓу Софија и Скопје е голем проблем за Вашингтон, тој одговори дека тоа е големо разочарување. -Верувам дека е во интерес на Бугарија да биде чувар за каузата на Република Северна Македонија да постигне членство во ЕУ. Колку на некои луѓе да не им се допаѓа, тоа е суверена држава и повеќе не…

Read More

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (29.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струмица, при што санкционирани се 107 возачи, од кои 69 кои возеле со брзина поголема од дозволената, 19 возачи за возење без возачка дозвола, четири за возење на нерегистрирано возило…,соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Струмица. „Контролите се главно насочени кон санкционирање на прекумерната брзина затоа што направените анализи покажуваат дека токму возењето со поголема брзина од дозволената е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици. Засилените контроли продолжуваат и…

Read More

Некогашната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева за Фокус , тврди  дека станот во Скопје на синот не бил купен од пари од нејзините патни трошоци ниту пак со криминални пари. Бонева информира дека станот чинел 97.200 евра, а е платен со парите од премијата на лото која ја добил нејзиниот сопруг, со неговата животна заштеда, со пари од осигурителна компанија како надомест за штета за сообраќајка, пари од продажба на наследена нива, како и парична помош од нејзиниот татко. Која е сумата што сопругот ја добил на лото во 2013 година, Бонева не ја открива. – Во изјавата пред судот…

Read More

Според Национален план за имунизација на населението, вакцинацијата ќе се спроведува во три фази. Во првата фаза, предвидено е да се вакцинираат здравствените работници кои се во првата линија на одговор во болнички услови со висок и многу висок ризик за стекнување и пренесување на инфекција. -Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука во Клиничкиот центар во еден пункт, а во останатите градови во здравствените домови таму кадешто се аплицираат вакцините. Во однос на останатите граѓани, согласно возраста и хроничните болести веќе е направен списокот со име и презиме на 14.000…

Read More

Забрзувајќи ги процесите за европска Северна Македонија, продолжуваме по европскиот пат преку нашата „Акција 21– за европски стандарди дома“, со развојни програми и проекти, за да бидеме спремни да ги започнеме преговорите со ЕУ во секое време, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук. -Десетте приоритети од Акција21 се принципите кои ќе нѐ водат оваа година. Нивното исполнување ќе биде наш мотив да работиме и да продолжиме до крајот на мандатот на оваа Влада со имплементација на европските стандарди во секоја клетка од нашето општество, напиша Заев.

Read More

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите рече дека системот е подготвен за вакцинација и дека вакцини против Ковид 19 ќе пристигант во февруари. „Со Фајзер разговарав во текот на вчерашниот ден во однос за документацијата која што им беше потребна, луѓето од Регионалната канцеларија во Белград потврдија дека во текот на наредната недела ќе го добиеме договорот. Во февруари вакцините ќе пристигнат и ние ќе го започнеме процесот на имунизација“ рече Филипче Тој потенцира дека приоритет ќе имаат здравстените работници. „Како приоритет здравствените работници веќе ги имаме со име и презиме како ќе примаат вакцини, тука…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретнал и разговарал со Ана, една од дeвoјките жртви на групата „Јавна Соба“. Како што соопштија од Министерството, Маричиќ и честитал на храброста јавно да проговори за нејзините премрежја и за нејзиниот јавен настап кој предизвика навистина силна општествена реакција. Исто така, од Министерството за правда посочија дека денеска беа презентирани и законските измени кои Министерството веќе ги подготви, а со кој се воведува и ново дело кое ќе биде дополнителна заштита, меѓу другите и за вакви случаи. Поточно, ќе се додаде член во кој се вметнува терминот „Демнење“. -Имено, во нив меѓу…

Read More

„За периодот од јануари до септември 2020 година се случиле 1.168 насилства, од нив 836 жртви пријавиле насилство во градовите, а 332 во рурална средина. 51 малолетно девојче било жртва на насилство и 53 момчиња, што е поразителна бројка. Во 816 случаи од 1.168 пријавени случаи на насилство, институциите постапиле односно превземале соодветни мерки“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77. Таа зборуваше и за одговорноста на институциите која е огромна и обврзувачка и токму новиот Закон предвидува постапување со должно внимание односно секој кој е вработен во некоја институција, сведок…

Read More