Author: Нова ТВ

„Пописот на населението што ќе се одржи на пролет ќе обезбеди целосни, точни и релевантни податоци, како се основа за градење на стратегии и политики за натамошен развој на државата, економијата и општеството, за сигурен и предвидлив развој на државата“, велат од владеачката СДСМ. Според нив, по речиси две децении без попис во државата има недостаток од квалитетни статистички податоци не само за вкупниот број на населението, туку и за точниот бројот на жители во секој регион, општина, како и за нивните карактеристики. „Со пописот како независна статистичка операција ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, карактеристики на лицата со…

Read More

„На Клиниката за Детска хирургија за две години оперирани се 160 бебиња со тешки аномалии“, објави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, овие операции се во рамки на проектот на Министерството за здравство за соработка на Клиниката за детска хирургија во Скопје и Универзитетската болница за детска хирургија “Пиргов” од Бугарија. „Проектот го почнавме пред две години, со што им овозможивме на нашите хирурзи дополнителна едукација на нови методи на интервенции. Тешките случаи на аномалии кај малите пациенти повеќе не се праќаат во странство, туку овие операции успешно се изведуваат на нашата клиника“, дополни министерот.

Read More

Корупцијата ги загрозува сите елементи што ги врзуваат нашите општества – меѓусебната доверба едни во други и во Владата, вербата во правичност и правична правда и довербата да гради, поттикнува раст и да се унапредува економијата, објави на Фејсбук американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз. Таа во објавата истакнува дека индексот за перцепција за корупцијата за 2020 година на „Транспаренси Интернешнл” е јасен сигнал оти борбата против корупцијата останува критично важна задача за земјава и е во фокусот на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД.

Read More

„Суверено право е на секоја држава да прави што сака. Ова не може да биде тема за коментар. Акцентот е во сосема поинаква насока. Не е во тоа што тие одлучија да го сторат, туку во фактот дека тие ги користат овие одлуки како провокација против Бугарија“, смета бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во интервју за бугарски „Фокус“, коментирајќи ја намерата на македонските власти да изградат српски културен центар, како и да го вратат изучувањето на српскиот јазик и култура во училиштата. Според него, српската заедница во Македонија е околу 30 000 луѓе. „Ова е причината за мојот коментар за тоа…

Read More

Развојната банка објави дека нови 733 кредитни барања се одобрени од третата бескаматна кредитна линија со грант компонента, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија, преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата. „Досега, се одобрени вкупно 2.009 кредитни барања, со вкупен износ од 23 милиони евра. Кај овие 2.009 апликанти, вработени се вкупно 15.197 лица. Според структурата, 1.123 кредитни барања се од мали компании, додека 741 барања се од микро компании. Вкупно 106 кредитни барања се од трговци-поединци, додека 39 кредитни барања се од занаетчии. Најголем дел од одобрените 2.009 кредитни барања, доаѓаат од Скопскиот регион, и тоа 31%,…

Read More

Зоран Заев и власта да се откажат од спроведување на насилен попис кој ќе биде фалсификат, чии бројки веќе однапред коалиционо ги договориле и наместо тоа да се организира електронски попис кој сите ќе го поддржиме, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „За доброто на државата да го повлече пoстојниот Законот за попис и наместо фалсификат попис да се спроведе електронски попис. Електронскиот попис ќе се спроведе врз основа на јасна методологија, со мечирање на повеќе бази со податоци. ВМРО-ДПМНЕ ќе почне со собирање на потписи за поништување на постојниот Законот за попис, а доколку власта помине и преку волјата…

Read More

Сите сме свесни дека простор за одложување на пописот нема и сите треба да покажеме максимална посветеност и одговорност оваа статистичка операција да се спроведе согласно стандардите на Еуростат, затоа што само така податоците ќе ни бидат од корист. И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да овозможи пописот да се спроведе на најдобар можен начин, рече министерот за локална самоуправа, Горан Милевски на средбата што се одржа со градоначалниците во Собранието организирана од страна на Државен завод за статистика, наменета…

Read More

Како Северна Македонија ќе стане атрактивна дестинација преку Програмата за развој на дигиталното номадство беше темата на која дискутираа: Коста Петров, Директор на Фондот за иновации и технолошки развој, Себастијан Дијаз Меса, поранешен извршен Директор на Start-Up Chile, Саманта Миките, дигигитален номад од Канада и Нина Николиќ ко-основач на Стартап Македонија. Заклучокот од размената на искуства на интерактивниот вебинар „Зошто дигиталните номади и стартап основачи треба да дојдат во С. Македонија“  е дека во ерата на дигитална економија која овозможува се поголема слобода во начинот на работење, државава има голем потенцијал да привлече експерти од целиот свет. Дополнително, ковид кризата…

Read More

„Оваа недела разгледувавме предлог одлуки и уредби поднесени од мојот кабинет, после навистина долго време ставаме ограничување на привилегиите на функционерите. Ние сме дојдени за плата да испорачаме резултати, не сме тука да се луксузираме. Ние дури покренавме кривични пријави за претходниците кои се луксузирале со народни пари, ама нема ефект уште од тоа. Порано се купуваше облека, се вадело кеш, се пазарело во маркети, без никој да одговара за тоа. Сега ги унифицираме правилата колку трошоци за репрезентација може да потроши одреден функционер, што е тоа репрезентација, колку може да чини еден прием, еден ручек…. Исто така, ги анализираме…

Read More

Согласно обврската на институциите да застанат во заштита на жените и девојките, Владата ги повикува Обвинителството и Судот да постапуваат брзо, одлучно и професионално и да бидат значаен и суштински дел од институционалниот одговор на санкционирањето на родовото и сексуалното насилство, информира владината Прес-служба. – Владата вчера ја поздрави постапката на Телеграм со затворањето на групата „Јавна соба”, бидејќи е недозволиво пред очи да се случуваат кривични дела, а за тоа да нема соодветни реакции. Во исто време, потенцираме дека против осомничените и приведени лица и против сите оние што ги прекршиле македонските закони по повеќе основи, ќе бидат покренати…

Read More

Патот на којшто сега се наоѓате е двонасочен – првиот е билатерално да продолжи ангажираноста со Бугарија, нешто што и сега Владата го прави, со цел да се постигне заемно прифатливо решение и второ – да се продолжи со напредокот во реформите, изјави денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“. Гир повтори дека минатата година во март беше донесена историска одлука од сите 27 земји членки на ЕУ за започнување на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија и оти ја разбира нетрпеливоста во однос на дискусиите за преговарачката…

Read More

Министерот за правда Бојан Маричиќ во своето обраќање во Собранието на средбата на државниот врв со градоначалниците, кажа дека потребно е политичарите и целото општество да се обедини и да го поддржи пописот, бидејќи оваа статистичка операција е од суштинско значење за државата. – Мојот повик денес овде пред сите вас, сакам да биде обединувачки. Потребно е политичките партии, вклучително и опозицијата, да го поддржат и стимулираат попишувањето, бидејќи само сплотени во идејата за модерна и напредна држава можеме да успееме. Држава каде во креирањето на развојните политики ќе се користиме со ажурирани и издржани податоци, како што и ни…

Read More