Author: Нова ТВ
Оливер Андонов, поранешен висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ го обвини раководството на партијата дека намерно се обидува да ја манипулира Македонската јавност,а особено патриотското и посветено членство на ВМРО-ДПМНЕ, обидувајќи се да ги доведе во заблуда дека воделе некаква борба околу пописот што според него е крајно некоректно кон сопственото членство и граѓаните, а на штета на интегритетот на ВМРО-ДПМНЕ. Андонов смета дека политиката „без став“ и политиката на „бојкот“ е само сеење магла која води кон недоверба и апатија, кои потоа резултираат со изборен пораз. Андонов ја разбива манипулацијата околу собирањето потписи преку цитирање на уставоти можносите кои ги има…
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа средба со преставници на Државниот завод за статистика, предводени од директорот Апостол Симовски. На средбата се разговараше за прецизирање на условите за користењето на базите на податоци во надлежност на Министерството за внатрешни работи за престојниот попис на населението. Од двете страни беше истакната досегашна добра соработка меѓу двете институции во насока на споделување на базите на податоци во надлежност на МВР со Заводот за стастистика кое се врши редовно на квартално ниво. Министерот Спасовски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ја поддржува работата на Државниот завод за статистика и дека,…
Информирањето и охрабрувањето на граѓаните за важноста и за значајноста од нивното и вклучувањето на сите институции во успешното спроведување на пописот, не само што е потребно и неопходно, туку е и од витално значење за идното креирање на развојните политики на земјата, засновани врз прецизни податоци за да може да се направат макроекономски планирања кои ќе бидат од полза и за научните и другите истражувања меѓутоа и за напредокот на земјата. Ова го истакна претсасдеталот на Собранието на РСМакедонија Талат Џафери во обраќањето на деншната средба организирана од Државниот завод за статистика за координација со државниот врв и градоначалници…
Градоначалникот на Велес Аце Коцевски нема да бара нов градоначалнички мандат на локалните избори кои ќе се одржат наесен. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека немал желба да се кандидира ниту за актуелниот мандат, но анкетите покажале дека имал највисок рејтинг, објави Батали.нет. “Категорично велам дека нема да се кандидирам. Поради здравствени причини не сакав да бидам кандидат ниту пред четири години, но на внатрепартиските анкети имав највисок рејтинг, па затоа прифатив. Се надевам дека Велес ќе добие квалитетен млад градоначалник на следните избори”, рече Коцевски. Аце Коцевски 13 години го водеше Велес. Прв пат стана градоначлник на изборите во…
Сојузот на средношколци и нејзиниот претседател Бленди Ходаи во име на генерацијата матуранти 2020/2021 вчера до пратениците по електронска пошта доставил писмо со барање за поддршка да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, бидејќи Министерството за образование и наука, како што е наведено во нивното писмо – ги игнорира и е децидно во одбивањето на каков било компромис по ова прашање. Доколку МОН не покаже добра волја, од пратениците Сојузот бара измени на Законот за средно образование што, како што наведува во упатеното писмо, е последниот демократски чекор, а во тој дополнет Закон „јасно ќе биде наведено дека одредбите се…
Индексот на перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешенел покажува дека, со освоените 35 индексни поени, Македонија стагнира во борбата против корупцијата, но едновремено бележи и пад од пет места на ранг листата на земјите. Според методологијата, за оценката на Северна Македонија користени се седум извори на податоци, а според моменталните расположливи информации пад е забележан во областите на владеење на правото и на човековите права и слободи, соопштува Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со перцепцијата на корупцијата на Транспаренси Интернешенел. – Она што навистина загрижува и што со години наназад се случува е недостигот на ефикасност во…
Претседателот Стево Пендаровски, на состанокот организиран од Државниот завод за статистика околу пописот, порача дека по консултациите што ги направил со експерти е убеден дека самото законско решение не е пречка да се одржи успешно пописот. -Проблемите не се ниту законски, ниту технички, ниту здравствени, туку во неговата непотребна политизација, која се креира во јавноста со повици за бојкот ако резултатите не отсликуваат нечија замислена бројка. Тие не доаѓаат од една страна и се рефлексија на стравот од резултатите, што пак произлегува од концептот на човекови права како збир на привилегии што некој некому ги дава. Затоа, кога се пребројуваме…
Бојкотот на пописот на кој повикува и го најавува опозоцијата е најлошата одлука што може да ја донесе било кој политички субјект. Тоа може да донесе штета за државата, конфузија кај граѓаните. Таквиот став е свесно туркање на земјата во амбис и закана дека ќе останеме црна дупка во светот како изолирана земја која што не поседува податоци за да може да ги испланира следните 5, 10, 50 или 100 години од сопствената иднина, порача денеска премиерот Зоран Заев. Без разлика, рече Заев, дали е лажно спакуван како повик за неучество или повик за минирање на најважната статистичка операција за…
Националната платформа за женско претпримништво, финансиран од ИПА Програмата (Програма за претпристапна помош) на Европската Унија за Граѓанско општество и медиуми, ќе ги интензивира дијалогот, структурната соработка и довербата помеѓу женското претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја, соопштуваат од ССК. Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање на инклузивен и одржлив економски раст во две насоки и тоа развој на средина за поддршка за женско претприемништво што ќе им помогне на жените да започнат и да ги зголемат…
Тимот на Светската здравствена организација (СЗО) што го истражува потеклото на корона вирусот денеска се состана со кинеските научници, по што ќе следат и посети на лаборатории, пазари и болниците во Вухан. Вчера заврши двонеделниот карантин на тимот експерти на СЗО по нивното пристигнување во Кина, па сега тие можат да ја почнат истрагата, чии резултати ги очекува целиот свет. -Прво ќе се сретнеме со нашите колеги, ќе разговараме за планот што го имаме тука во Вухан. Лидерот на кинескиот тим, професор Ванјан, се пошегува за некои технички грешки. Среќни сме што ги гледаме нашите кинески колеги во живо, по…
Во рамки на денешното соопштение на владејачката СДСМ, се посочува дека Пописот е неопходен и е потребен за развој на државата, и уште еднаш вината ја префрлија во опозициската ВМРО ДПМНЕ, за која велат дека е против напредокот на земјава и единствена цел им е да манипулираат со граѓаните. „Целта на пописот што ќе се одржи напролет е да ја утврди реалната слика во државата, да прибере релевантни и кредибилни податоци, врз чија основа ќе се креираат реални стратегии и развојни политики во државата. ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го…
Групата „Јавна соба“ во која над 6500 членови споделуваа фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки, синоќа е избришана на социјалната мрежа Телеграм. Во меѓувреме, продолжува истрагата за креаторите на групата, а веќе се приведени четири лица, од кои две од Битола, едно од Велес и едно од Штип. Надлежните апелираат на внимателност бидејќи на Телеграм има и друга слична група за која исто така се постапува. Премиерот Зоран Заев и минитсерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го поздравија чекорот на платформата Телеграм и порачаа дека оние што го прекршиле законот ќе бидат казнети. Заев…