Author: Нова ТВ
Се огласи и портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој по однос на актуелизирањето на случајот „Јавна соба“, се обиде вината да ја префрли на владејачкото мнозинство, со образложение дека нивниот технички министер за внатрешни работи, Чулев го решил овој случај за само еден ден. Повторното појавување на случајот „Јавна соба“ е само резултат на неспособноста на СДСМ и на Оливер Спасовски. Во моментов Министерството за внатрешни работи со кое што управува Оливер Спасовски во жаргонски речник може да се нарече распашана банда. Впрочем ова го говорат граѓаните и секојдневно упатуваат поплаки, но за жал истите поплаки нема каде да…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, попладнево се огласи и истакна дека МВР влегло во трага, по што се уапсени две лица во врска со случајот „Јавна Соба“. „Две лица, едно во Битола и едно во Велес се приведени во врска со случајот Јавна соба, а се преземаат мерки и активности и кон други лица. Работиме во координација со јавното обвинителство со цел целосно расчистување на случајот и содветно санкционирање на сторителите.“, напиша Спасовски на својот профил на „Фејсбук“.
И премиерот Зоран Заев реагираше за социјалната мрежа Телеграм. Тој со опширно известување за преземените мерки од земјава за оваа мрежа. Еве што напиша премиерот Заев. Испративме категорични барања до социјалната мрежа Телеграм да ја избрише групата „Јавна соба“ и нема да престанеме да инсистираме на тоа барање сѐ до негово конечно исполнување. Доколку апликацијата Телеграм не го затвори каналот Јавна соба каде се споделува порнографска и приватна содржина од наши граѓани, како и детска порнографија, ќе ја разгледаме и опцијата за блокирање или рестрикција на користењето на оваа апликација во Северна Македонија, сѐ додека не почнат да соработуваат со…
Посилен и поотпорен Западен Балкан води кон посилен и поотпорен Јадранско-јонски макро-регион, што пак води кон посилна и поотпорна Европска Унија, а блиската и одржлива соработка на сите нивоа ќе послужи како катализатор на овие процеси, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во обраќањето на Петтиот форум на Европската стратегија за Јадранско-Јонскиот регион на тема „Зајакнување на опоравувањето на Јадранскиот и Јонскиот регион преку соработка“. – На патот кон ЕУ, Северна Македонија е особено посветена на регионалната соработка со земјите од Западен Балкан. Патот на соработка не е само мудар избор. Тоа е единствениот правилен избор за земјите…
Правото на приватност е загарантирано со највисокиот правен акт – Уставот на Република Северна Македонија. Деновиве сме згрозени што повторно сме сведоци на случајот „Јавна соба“, случај во кој фрапантно се крши приватноста на илјадници жени и девојчиња, понижување, сексизам и насилство кои оставаат трајни последици на нивните животи, вели во изјава за МИА претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата потенцира дека насилството врз жените и девојчињата, во секоја форма – психичко, физичко, сексуално, е казниво со закон. – Барам од надлежните институции соодветно да го истражат случајот, а престапниците да бидат гонети и казнети согласно законските прописи.…
Според реакциите, она што предизвикува револт во македонската јавност, се очекувањата дека Скопје ќе стане „подобно“ за Софија ако ги наруши односите со Србија. Честитката на премиерот Заев до граѓаните од српската заедница во Северна Македонија по повод празникот Свети Сава, ја крена температурата кај некои политичари во Софија. На критики наиде најавата на Заев дека српскиот јазик се враќа како изборен предмет во наставните програми од трето до шесто одделение, а во постапка на одобрување се наставните програми за седмо, осмо и деветто одделение. Истовремено, Заев најави дека во Општина Центар се завршени постапките за изградба на Српски културен…
Министерот за здравство, Венко Филипче во синоќешното гостување во Клан телевизија истакна дека Европската Унија ќе излезе како победник и покрај сите предизвици со кои се соочува, ќе им помогне во процесот на имунизација на земјите кои не се членки на Унијата. Филипче потенцираше дека целта е да се постигне колективен имунитет, а тоа значи во сите држави да се спроведе процесот на имунизација, со што би се сменила сликата за пандемијата. -Уверен сум дека и во оваа криза ЕУ ќе излезе победник и дека ќе може сепак да им помогне на земјите кои не се членки на Унијата, свесни…
Вакцината на „Фајзер/Бионтек“ задржува голем дел од својата ефикасност и против главните мутации на корона вирусот што ги предизвикува Ковид-19, англискиот и јужноафриканскиот сој, се вели во денешното соопштение на двете компании. „Тестовите не покажаа потреба за нова вакцина за справување со новите соеви“, наведуваат двете компании. Тие додадоа дека „ќе продолжат да ги следат новите соеви“ и дека се „подготвени да реагираат“ доколку тие мутации се покажат отпорни на вакцината.
Психологот Ана Попризова им понуди помош на девојчињата чии слики се споделуваа во новата група Јавна соба на Телеграм и ги информира дека ќе направи посебна мрежа за поддршка. „По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош. Ќе направиме мрежа на поддршка!“, напиша таа на својата фејсбук страна. Во групата која беше откриена пред два дена, повеќе од 5000 членови, повторно коментираа и споделуваат експлицитни фотографии, профили од социјални мрежи, адреси и телефонски броеви од девојки, меѓу кои и малолетнички.
Скопското обвинителство денеска поднесе до Кривичен суд Скопје обвинител акт за случајот на „Мавровка” во кој инвеститорот бесправно градеше објект од тврда градба кој потоа беше урнат од надлежните органи. – По спроведената истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот М.А., во текот на јуни и јули 2020 година, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 м2 на платото пред трговскиот центар „Мавровка“, а притоа немал одобрение за градба издадено од надлежен орган, соопштија…
Како земја која одржува пријателски односи со Бугарија и Северна Македонија, ќе се обидеме на секој можен начин да го олесниме решавањето на нивните разлики, вели министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас во интервјуто за „Јуроњуз“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, шефот на грчката дипломатија во интервјуто уште еднаш ја повторува поддршката на Грција за европската перспектива на регионот. – По Солунската агендата, Грција е цврст поддржувач на европската перспектива на Балканскиот Полуостров и секако на Западниот Балкан, а особено во конкретниот случај на Северна Македонија и Албанија. А како земја која одржува пријателски односи…
Една од најуспешните економски мерки за помош на граѓаните и на компаниите погодени од пандемијата со коронавирусот, е финансиската поддршка за исплата на плати, со која се спасени стотици илјади работни места во десетици илјади компании. Само во последниот квартал од 2020 година за оваа мерка исплатени се над 2,95 милијарди денари односно близу 48 милиони евра. Во месец октомври биле поддржани 12.675 компании во ноември 13.220 и во декември 13.112 компании. Поддршка за исплата на плата во месец октомври добиле 61.830 вработени, во ноември 66.093, а во декември 60.485 вработени. СДСМ и институциите кои ги предводи во време на…