Author: Нова ТВ
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги повика сојузниците од Алијансата да ги зголемат трошоците за одбрана. Причината за тоа, наводно, е однесувањето на Русија и Кина, како и тероризмот. Рускиот сенатор Алексеј Пушков смета дека светот кој го познава шефот на Алијансата се ближи кон својот крај. „Генералниот секретар ги советуваше сојузниците да ги зголемат воените расходи, да инвестираат во современи можности и да гарантираат дека нашите војници ќе останат подготвени да одговорат на предизвиците како што се руското агресивно однесување, тероризмот и ризикот од развој на Кина“, се вели во соопштението на претседателот на воениот комитет на НАТО,…
Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани. Пописот на населението, што ќе се одржи на пролет е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении во државата, ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социо-економски развој. Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата, ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува и со обидите да го политизира пописот за своите партиски агенди. Најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи…
Согласно потребите на отворениот пазар на трудот, средните стучни училишта треба да имаат отворен профил. Оттаму, Министерката за образование и наука, Мила Царовска потенцираше дека во соработка со локалните самоуправи, како и стопанските комори, ќе се увиди во која општина каков профил на училиште недостасува. Во своето гостување, синоќа на Алсат Тв, министерката потенцираше дека најавени се 13 средби, на кои врз призмата на социјален дијалог, на локално ниво ќе се утврди какви профили на стручни училишта треба да се отворат. Инаку веќе е направена анализа со 450 компании за нивните потреби и заинтересираноста за соработка и овие локални средби…
При анализа на податоци од позитивни ковид пациенти во месец јануари, во приватна лабораторија за генетика и перосонализирана медицина на клиниката „Жан Митрев“, кај еден примерок е детектирана мутација на британскиот сој на вирусот СарсКов 2, информираат од Министерството за здравство. Станува збор за 46-годишен маж кој веќе е оздравен, односно во базата на податоци на Институтот за јавно здравје пациентот од 22 јануари 2021 се води како оздравен. Според информациите од ИЈЗ, пациентот првпат на 29 декември 2020 година, поради покачена температура и отежнато дишење, прави брз тест. Тестот е со позитивен резултат. По неколку дена, односно на 4…
Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Советот за етика во медиумите (СЕММ) денеска посочија дека со загриженост го следат процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, инициран од група пратеници на владејачкото мнозинство, информираат тие преку соопштение. Како што посочуваат тие, со предлогот се бара изборот на членови на Програмискиот совет на МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието, да биде со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо, како што додаваат, со двотретинско мнозинство, како што е уредено со постоечката регулатива.…
Владата посветена на спроведувањето на Договорот од Преспа, кој го отвори патот на интеграцијата на земјата во НАТО и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција владиниот портпарол, Муамет Хоџа. -Има две странки во овој Договор, македонската и грчката. Тие се фокусирани на сите обврски кои произлегуваат од ваквиот Договор. Формирана е соодветна Комисија во рамки на двете влади. Соодветната комисија работи во текот на оваа година, моментот кога тие ќе имаат договор или ќе имаат заеднички заклучоци за ова јавноста ќе биде известена. Но, за целата процедура немаме ниту една пречка, имаме комуникација меѓу двете влади, меѓу двете комисии, немаме…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ. На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за тековните процеси и стратешкиот план за работа на Агенцијата, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во однос на прашањата поврзани со остварувањето на правата на немнозинските заедници во нашата држава. Во тој контекст беше посочена потребата од интензивирање на активностите од приоритетните области кои се дел од Стратешкиот план за работа 2020-2022, со цел поефикасно имплементирање на заложбите за рамноправност, развој, интеграција и просперитет на етничките заедници во земјава.…
Оние припадници на Армијата чиј ангажман завршува со навршени 45 години, а притоа не сакаат вработување во некоја друга државна институција, ќе можат да добијат загарантирани 1.000 евра за секоја година од годините кои ги минале во служба на Армијата. Оваа информација денес ја соопшти министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, која претходно оствари средба со Синдикатот на одбраната, каде ги информирала членовите за овој предлог на Владата. Шекеринска потенцираше дека оние војници кои работеле 15 години во Армијата ќе добијат 15.000 евра, додека пак оние кои се со 26 години , ќе можат да добијат 26.000 евра. Инаку, Синдикатот даде целосна…
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, уште еднаш потврди дека Владата и ресорното министерство имаат обврска да ја организираат државната матура, кое е гарантирано право на матурантите. Во таа насока, Царовска, посочи дека повеќе од 14.000 ученици досега веќе пријавиле дека ќе ја полагаат матурата. Според министерката, се помал е бројот на ученици кои се приклучуваат на бојкотот и во рамки на тоа, упати апел до родителите, наставниците и училиштата да внимаваат на учениците, кои се под притисок да бидат дел од бојкотот. Државната матура, повтори таа, е изборна, а за тие што нема да ја полагаат можност се…
Во рамки на денешната прес конференција, портпаролот на Владата Муамет Хоџа, ги посочи делот одлуки кои Владата ги усвои на вчерашна седница. Главната одлука е онаа врзана за планот на вакцинацијата, која како што најави, Хоџа, ќе се одвива во три фази. „Усвоен е планот за вакцинација против Ковид 19. Истата ќе се одвива во три фази, а сето тоа ќе се конкретизира со пристигнувањето на вакцините во С Македонија. Во рамки на фазите, предност ќе им се даде на најранливите, односно оние кои имаат најголем ризик“, истакна Хоџа. На новинарско прашање, кога конкретно ќе започне вакцинацијата и зошто се…
На денешната прес конференција, првиот вицепремиер задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, потенцираше дека се создава Регистар на вистински сопственици кој ќе придонесе во вистинската слика, за тоа кој колку профитира и ќе се спречи евентуална злоупотреба на парите, кои, како што вели Николовски, денес имаат брз тек. „Со овој регистар на вистински сопственици ќе се додаде уште една алка против корупцијата. Брзото движење на парите, причинува плодна почва за манипулација со истите. Недостатокот од релевантни и навремени информации, односно криењето на истите овозможува ваков криминал. Ако надлежните немаат доволно докази и постапки, остануваат прикриени ваквите ситуации, и го…
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска на средбата со Здружението на директори од основни и средни училишта зборуваше за текот на наставата во второто полугодие и реформските процеси во образованието. Како што посочија од Министерството, на средбата директорите дале безрезервна поддршка на реформите и напоменале дека целосно и посветено ќе се вклучат во целиот процес на имплементација. Министерката за образование и наука Мила Царовска посочила дека со реформата првпат учениците се ставаат во фокусот на образованието, а наставниците се клучната алка во наставата. Министерката појаснила дека училиштата треба да станат интересни места каде ќе се поттикне љубопитноста и…