Author: Нова ТВ

Засекогаш нека свети огнот на сеќавањето на Холокаустот, кој го одбележуваме секоја година на 27 јануари, во помен, чест и слава на 7 милиони еврејски мајки и ќерки, татковци и синови, пријатели и соседи – кои ги загубија своите животи во фашистичките логори на смртта. На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, во Полска. Сеќавањето на нив секогаш да нѐ потсетува дека тишината и…

Read More

Меѓу надворешно-политичките приоритети на новата американска администрација е Западен Балкан, беше речено во телефонскиот разговор меѓу претседателот на САД, Џо Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел. Според соопштението на Белата куќа, двајцата државници истакнале приоритетни теми, вклучувајќи ги Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина, како и Западен Балкан, каде што е актуелно прашањето за решавање на односите и постигнување договор меѓу Белград и Приштина. „Претседателот Џозеф Бајден денеска разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел, пренесувајќи ја неговата желба за продлабочување на односите меѓу двете земји. Тој ја изрази својата намера да го ревитализира трансатлантскиот сојуз, вклучително и НАТО и Европската…

Read More

Федералното судство на САД обвини повеќе од 150 лица за вмешаност во насилствата во Капитолот во Вашингтон на 6 јануари. Уште 50 лица се обвинети пред локалните судови во главниот град на САД, изјави федералниот обвинител Мајкл Шервин.< Како што пренесуваат странските агенции, се очекува овие бројки да се зголемат затоа што истражителите сè уште, имаат информации за околу 400 учесници во инцидентот, кој се нарекува и обид за државен удар, бидејќи целта била напад на приврзаниците на сега веќе поранешниот американски претседател Доналд Трамп врз американскиот Парламент за да се спречи потврдата за избор на новиот шеф на државата…

Read More

Тешко е да се предвиди точниот датум кога вакцините од КОВАКС механизмот би пристигнале во Република Северна Македонија. Во едно неодамнешно соопштение, КОВАКС најави дека испораката на вакцините на државите-учеснички во механизмот би можела да почне за време на првото тримесечие од 2021 година, но дека тоа зависи како од поволните регулаторни одлуки, така и од подготвеноста на здравствениот систем и на националниот регулаторен систем во секоја од поединечните земји. Доколку нема проблеми во делот на регулаторните одлуки или во делот на подготвеноста на државата, намерата е првичните дози од вакцината да им бидат испорачани на сите земји-учеснички во КОВАКС…

Read More

Португалското претседателство со Европската Унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направи сѐ што е во негова моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија ќе придонесе за задржување на кредибилитетот на ЕУ во целиот регион. Вакви пораки во Брисел добија вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи, од португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Сантош Силва и потпретседателот на Европската комисија и висок претставник за…

Read More

„Кога меморандумите со Северна Македонија ќе дојдат на гласање во Парламентот? Како ќе се решат значителните доцнења за учебниците и трговските ознаки?, прашува одговорниот за надворешна политика во СИРИЗА, Јоргос Катругалос во пратеничко прашање упатено до шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега пратеник од опозициската партија, од Дендиас бара информации зошто доцни ратификацијата на трите меморандуми со нашата земја и покрај тоа што во Парламентот беа донесени кон средината на септември минатата година. Во пратеничкото прашање пишува дека и покрај ставот на актуелната грчка Влада за почитување…

Read More

Се јави Никола Груевски да се спротистави на пописот. Се јави и им ја расчисти дилемата на сите кои не беа сигурни зошто Мицкоски се труди да го минира најважниот државен проект кој ќе ни овозможи проектирање на реалните потреби на луѓето, плановите за развој и подобар живот. Сега е потврдено и со писмен доказ, Мицкоски сака на Пописот да се попишат помалку Македонци бидејќи Груевски го бара тоа од него. Доказ за тоа е писанието на бегалецот во кое тој повторува сѐ што деновиве шири како небулоза неговиот извршител. Фала Никола, ретко гаѓаш, ама овој пат ја погоди, би…

Read More

Министерката за образование Мила Царовска, во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека една од реформите во образованието е и подготовката на нов Закон за учебници. -Нов закон за учебници е во подготовка, и во основа на тој закон ќе се донесе методологија за потврдување или одбивање на одреден наставен материјал или учебник. И тука таа методологија е подготвена транспарентно со помош на ОБСЕ, таа е веќе во завршна фаза, истакна министерката. Царовска додаде дека методологијата на создавањето на учебници ќе биде сеопфатна, за да се намали нешто што е спротивно од граѓанските вредности да го има во учебниците.…

Read More

„Очекуваме детали во следните денови, инаку станува збор за 200.000 дози кои што планираме да стигнат од Кина. Сите треба да стигнат веднаш“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Тој додаде дека С. Македонија останува доследна во согласност со механизмот Ковакс и чека одговор на Фајзер во врска со дозволата на администрацијата за количините што треба да дојдат од Србија, но исто така посочи дека сака да набави соодветни количини вакцини од сите производители планираната имунизација може да се врши континуирано. „Ние аплициравме во неколку механизми, преку ковакс механизмот во петок имаме закажано состанок со претставниците, за да ни…

Read More

На денешната седница на Владата се донесени дополнителни одлуки за одобрување средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година за решавање на проблемите со Дојранското и Преспанското Езеро. Владата одобри средства во износ од 40.000.000 денари на Општина Дојран, за решавање на проблемот со состојбата на Дојранското Езеро и 40.000.000 денари на Општина Ресен, за решавање на проблемот со состојбата на Преспанско Езеро.

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ инвестирала милијарди евра во развој и производство на вакцини против Ковид-19 и дека сега со право очекува фармацевтските компании да го исполнат својот дел од обврските кон Европа. – Сега компаниите треба да го испорачаат својот дел од работата и да ги исполнат своите обврски. Затоа воспоставуваме механизам за транспарентност при извозот на вакцини. Европа е решена да придонесе за глобалното добро, но ние, исто така, бараме да се почитуваат договорите, рече Фон дер Лајен во видео порака објавена на нејзиниот профил на Твитер. Европската комисија објаснува дека целта…

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, и вицепремиерот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, остварија работна средба и со Мирослав Лајчак, инаку специјален претставник на ЕУ за Западен Балан. На оваа средба, Османи и Димитров посочија дека Република Северна Македонија високо ја цени улогата што од страна на ЕУ му е доделена на амбасадорот Лајчак како посредник во разговорите помеѓу Србија и Косово, како и на други прашања во регионот. Во тој контекст, на средбата беше нагласено дека како непосредни соседи имаме особен интерес од успехот на дијалогот Приштина – Белград, посредуван од ЕУ. Приближување на ставовите на…

Read More