Author: Нова ТВ
Здравствените власти во земјава сериозно ја разгледуваат можноста за набавка на вакцините против ковид-19 на кинеските производители „Синовак“ и „Синофарм“, потврди министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат. Со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини. – Чекаме детали во однос на договорот, цената и испораката и верувам дека до крајот на оваа недела сите овие детали ќе ги имаме. Сега не би сакал да зборувам за рокови, меѓутоа, суштината е во тоа што очигледно е дека производителите кои први успеаја да излезат на пазарот,…
ктивирање на парламентарната група за пријателство меѓу Северна Македонија и Грција и одржување тематски состаноци во областите од најголем интерес за двете соседни земји, бараат пратеници од СИРИЗА во писмото до претседателот на конкретната група, пратеникот од Нова демократија Јоргос Влахос и до претседателот на грчкиот Парламент Костантинос Тасулас, јави дописничката на МИА од Атина. Дописот е од потпретседателот на групата за пријателство Северна Македонија- Грција, пратеникот од СИРИЗА Никос Папас и од поранешниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос, кој воедно е и надлежен за надворешна политика во опозициската партија, а го потпишуваат вкупно 17 пратеници од СИРИЗА, членови…
Претседателот Стево Пендаровски не очекува промена на позициите на Софија кон Скопје и по изборите во Бугарија на 4 април. Во синоќешното интервју за ТВ Клан, шефот на државата рече дека за жал вестите од Бугарија зборуваат за „тврд став и на опозицијата и на власта во однос на нашата земја, така што кој и да дојде по избори битна измена ќе нема“. Сепак, се надева дека со помош на, како што наведе, „нашите европски пријатели во Брисел ќе се најде формулација со која нема да се негира нашето основно право како се чувствуваме и се декларираме и на таков…
Португалското претседателство со Европската унија го смета процесот на проширување како важно прашање и ќе направат сѐ што е во негова моќ, да се динамизира дијалогот за усогласување на Преговарачката рамка и формално да се отпочнат пристапните преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ова на вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и на шефот на дипломатијата Бујар Османи, им го пренел Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја претседавач со Советот на ЕУ, на синоќешната средба во Брисел. На средбата е разговарано за програмата и приоритетите на Португалското претседателство, со акцент на очекувањата за процесот на…
Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби во вечерашното гостување на телевизија Телма во врска со пописот, истакна дека апсоултно не постои никаков политички договор за некакви бројки меѓу СДСМ и ДУИ или меѓу Ахмети и Заев. Врзаниот потпис, потенцира Груби, воопшто не е политизација на пописот. -Колку проценти се Албанци, ќе покаже пописот кој се надевам ќе тече на најдобар можен начин, а гаранција за тоа се сите политички партии застапени во Собранието, освен една. Убеден сум и дека граѓаните ќе одговорат на овој предизвик зашто резултатите ни требаат за креирање развојни политики, рече Груби. Тој ги…
Во моментов една од мерките од петтиот пакет е давачките за увоз.Сите мерки се носат консултативно овие мерки ќе ја рестартираат македонската економија, вели Коста Петров директор на Фондот за иновации и технолошки развој во 24 Анализа. -Важно е да се виде ефектот од мерките живееме во светска криза, ние го дадов максимумот во март беше донесен првиот пакет, еве сега се изготвува петтиот. Има огромна разлика од првиот во вториот квартал, инклузивен е процесот тука се вклучени синдикатите, економските експерти за да создадеме нов ефикасен пакет.Никој не дава точна проценка каква економија ќе имаме. Сигурен сум дека 2021 година ќе…
Насер Зибери вечерва е избран за нов народен правобранител. „За“ гласаа 61 пратеник од вкупниот број пратеници во Собранието, како и 26 од 41 пратеник од заедниците кои не се мнозинство. На гласањето не присуствуваа опозициските пратеници. Зибери ќе ја наследи функцијата омбудсман од Иџет Мемети. Откако беше одбиен предлогот на опозициските партии да се изостави од дневниот ред Предлог-одлуката за избор на Народен правобранител, 32-рата седница попладнево продолжи со расправа по предлогот на ДУИ Насер Зибери да ја извршува функцијата омбудсман. Зибери е правник, работи како нотар, поранешен пратеник и министер, а пред шест месеци беше кандидат за премиер…
Во рамките на работната посета на Брисел, заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварија средба со еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич. Димитров и Османи изразија благодарност за помошта обезбедена преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ кој беше активиран набрзо по прогласувањето на пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во тој контекст, тие ја истакнаа солидарноста како клучен фактор во справувањето со здравствената, но и социоекономската криза, имајќи предвид дека ЕУ механизмите кои што претходно беа на располагање исклучиво на земјите членки на Унијата, станаа достапни и за земјите од…
– Хелсиншкиот комитет за човекови права во декември 2020 година, слично како и во текот на целата 2020 година, нотирал висок број случаи со говор на омраза на социјалните медиуми. Комитетот верификувал вкупно 110 пријави за декември 2020 година, што претставува зголемување за 130 отсто во споредба со истиот месец во 2019 година. -Говорот на омраза врз основ на етничка припадност повторно беше на врвот на пријавите, опфаќајќи 48 отсто од сите случаи регистрирани за тековниот месец. Истовремено, пријавите врз основ на политичка ориентација и сексуална ориентација и родов идентитет повторно забележаа подем во декември, со по 30 отсто од вкупниот…
Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во Германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Северна Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем ризик на инфекција од Ковид-19“. Амбасадата додава дека оваа обвска за карантин важи независно од државјанството, а изземени се само патници кои транзитираат со автомобил или авион. – Сите лица се дополнително обврзани најмногу 48 часа пред влезот да направат Ковид-тест, чиј резултат треба да…
Не е точно дека 70 проценти од учениците го бојкотираат наставниот процес, туку само дел од нив. Државната матура е изборна, а нашата обврска како Министерство е да го обезбедиме правото на полагање на матура, посебо на оние ученици кои сакаат да го продолжат своето образование во високо образовни установи во нашата држава и надвор од неа, истакна денеска министерката за образование Мила Царовска на промовирањето на проектот за поставување на заштитни паравани во основните училишта во Општина Чаир. – Од првиот ден сме во континуирана соработка и разговори со Сојузот на средношколци. Тие имаат различни размислувања и барања. Последен…
Двајцата македонски министри, Никола Димитров и Бујар Османи, кои денеска се во Брисел на разговори со португалскиот шеф на дипломатијата, Аугусто Сантош Силва, не побарале да се сретнат со нивната бугарска колешка Екатерина Захариева, која исто така е во главниот град на Белгија на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ. Според најавите, двајцата македонски министри освен со Силва ќе се сретнат и со други европски шефови на дипломатиите. Ова е прв состанок во живо на министрите за надворешни работи за време на португалското претседавање, на кој, меѓу другото, ќе се разговара за вакцините, трансатлантската соработка со САД по…