Author: Нова ТВ

Премиерот Зораан Заев денеска изјави дека не гледа никакви причини за одложување на пописот што е најавен за април годинава. Очекува на почетокот на неделата претседателот на државата Стево Пендаровски дека ќе го потпише указот за Законот за попис, а во однос ставот на опозоцијата смета дека му е драго што повеќе не го слуша повикот за бојкот и потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ нема потреба да собира потписи, бидејќи само еден пратеник може да поднесе нов или измена на друг закон. -Не гледам ниту промил за негово одложување, за негово неспроведување, насекаде па и кај нас, а кај нас уште повеќе…

Read More

Амбасадорката на Соединетите Американски Државни во Северна Македонија Кејт Мари Брнз го поддржа носењето на Законот за попис во Собранието. Во интервју за Гласот на Америка, таа оценува дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не е попишан речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на идните развојни политики. -Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот. Уште повеќе што помина со поддршка на два опозициски партнери, и владината коалиција. Ова е важен чекор. Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот…

Read More

Само неподнослива национална штета, давајќи име, идентитет и јазик, вели поранешниот грчки премиер, а сега пратеник од Нова демократија Андонис Самарас во интервјуто за „Катимерини” во однос на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, објаснувајќи ги неговите ставови, најавува дека кога трите меморандуми со Македонија ќе дојдат за ратификација во Парламентот, тој нема да гласа за нив. – Прво, не „решивме” никаков проблем, едноставно проблемот што го имавме се трансформираше во друг – поопасен! Што ги инволвира и Бугарија и Албанија и Косово. И други, со многу видови на „желби”. Второ навлегувањето на Турција во регионот,…

Read More

Пад на домашниот бруто производ од 4,9 отсто, стапка на невработеност од 17,3 отсто и инфлација од 1,2 отсто се процените за македонската економија за минатата година што ги објави во петокот Европската комисија во нејзиниот редовен квартален извештај за земите кандидати и потенцијалните кандиддати за членство ов ЕУ. Поголем пад на БДП се проценува дека лани имала Албанија (минус 6,8 отсто, и Црна Гора (минус 14,3 отсто), а помал Србија (минус 1,8 отсто и Турција (минус 2,5 отсто). Во делот посветен за Северна Македонија, се нотираат сите клучни економски случувања минатата година и нивниот ефект врз кризата. Така, меѓу…

Read More

Напорите кои се фокусирани на прочистувањето на судството во Северна Македонија, како и оние за судска транспарентност, дигитализацијата и адресирање на проблемите со корупцијата ги сметам за одлични. Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнс. Според неа овие реформи треба да продолжат и да бидат континуиран процес, а мора да се осигура дека правда ќе има за сите. – Во Северна Македонија има одлични напори да се зголемат реформите во судскиот систем, има неодамнешни најави, конкретно фокусирани на чистење на судството, за судската транспарентност, дигитализација и адресирање на проблемите со корупцијата.…

Read More

„Битола – Прилеп е често споменуван пат. Најавувам дека прв во нашата држава таму ќе имаме автопат, но изграден според меѓународни правила и стандарди, таму очекувам забрзани постапки, тоа би бил првиот автопат кој според планот ќе се изгради следната година.. Проектирањето ќе се изведе во текот на оваа година и следната година да имаме и градежни зафати. Вториот голем проект во врска со автопатиштата ни е патот од Тетово до Гостивар, таму сакаме да добиеме едно модерно решение врз постоечкиот пат кој не е во добра кондиција.“- изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во вестите на Сител.…

Read More

Новиот претседател на ДИК, Александар Даштевски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека ВМРО-ДПМНЕ го предложило него, бидејќи е човек со искуство во областа. -Имаше тука многу инсинуации дека тоа е не знам поради какви работи, меѓутоа ако бирате некој човек, вие прво гледате дали ја познава таа работа и дали има искуство во тоа. Не гледате дали има некои други партиски заслуги и тоа е добро затоа што ако го гледате тоа, тогаш тој човек што ќе го изберете нема да даде резултати. Ќе дадам еден банален пример, иако можеби е неумесен, ама не знам како да го објаснам зашто…

Read More

Од денеска брзи антиген тестови се достапни и на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти ТАВ Македонија, која управува со аеродромите во земјава. Резултатите ќе се добиваат за 15-20 минути. „Со цел да одговориме на најновите рестрикции за патување воведени поради КОВИД-19 од страна на земјите од ЕУ/Шенген зоната (http://skp.airports.com.mk/en-EN/media-centre/announcements/page/-covid-19-announcement-new-restrictions-for-passengers-travelling-to-netherland-germany-and-france-switzerland-), ТАВ Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно пред заминувањето на патникот“, соопшти компанијата. Така, почнувајќи од денес, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што…

Read More

По големите регистрирани бројки на заболени со Ковид-19, во последниот период полека се стабилизира состојбата со епидемијата во земјава, за што е показател намалениот број на активни случаи. Во текот на последнава недела за над 3000 е намален бројот на активни случаи. Од Министерството за здравсто посочија дека бројот на хоспитализирани лица постојано се менува, но истакнаа дека на инфективните одделенија има слободни кревети. Според последните податоци, вкупно 274 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во Скопје. – Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија…

Read More

САД најостро ја осудија употребата на полициска сила врз демонстрантите и новинарите на вчерашните протести низ Русија, соопшти Стејт департментот. – Постојаните напори за сузбивање на правата на Русите за мирни собири и слобода на говорот, апсењето на опозицискиот лидер Алексеј Навални и сузбивањето на протестите, загрижувачки укажуваат на натамошните ограничувања на цивилното општество и основните слободи, се наведува во соопштението. Стејт департментот потсетува дека правата на руските граѓани на мирен собир и учеството на слободни и чесни избори е содржано не само во Уставот на земјата, туку и во руските обврски кон ОБСЕ, Универзалната декларација за човекови права и…

Read More

Откако во петокот германската Влада определи неколку земји како високоризични поради Ковид-19, од денеска тоа ќе има конкретни последици, односно федералната полиција ќе ги зајакне граничните контроли, а во два германски града веќе се мобилизирани припадниците на безбедносните сили, пишува весникот „Велт“. Од вечерва во Германија стапуваат во сила построги правила за влез на граѓани од над 20 земји со особено голем број на заразени случаи со коронавирус. Тие високоризични зони ги вклучуваат соседна Чешка, туристичките дестинации Португалија, Шпанија и Египет, како и САД. Секој патник кој пристигнува оттаму и сака да влезе на територијата на Германија, ќе мора да…

Read More

Меѓународниот ден на образованието 24 јануари годинава го одбележуваме во време на пандемија што ни наметна целосно нови услови за одвивање на образовниот процес, но и предизвици во изнаоѓање решенија за непречена настава и квалитетно образование и во овие исклучително сложени услови, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во видео обраќање по повод денешниот Меѓународен ден на образованието. И покрај пандемијата, нагласува таа, Министерството за образование и наука продолжува силно да вложува во образованието и во подготвувањето на целосна нова реформа која ќе гарантира подобро и поквалитетно образование за нашите деца. – Остануваме посветени и вложуваме во подобри…

Read More