Author: Нова ТВ

„Оваа година Меѓународниот ден на образованието го одбележуваме во услови на пандемијата со КОВИД-19 која наложи потреба од промени и прилагодувања на образовните системи. Како приоритетна се наметна и потребата од суштинска дигитализација како алатка за трансфер на знаењата и за учење во безбедна и инспиративна средина. Целиот свет, како и Северна Македонија земја, е во постапка на денешните генерации да им се обезбедат условите за безбедно и инклузивно и целосно отворање на училиштата, како и за поддршка на сите наставници за обука и професионален развој во новите услови“, пишува премиерот Зоран Заев на Фејсбук. „Владата на Република Северна Македонија…

Read More

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски“ се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката „македонски“ ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, нагласуваат од македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. -Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката…

Read More

Американскиот телевизиски водител Лери Кинг почина на 87-годишна возраст. Според „Дејли меил“, познатиот американски телевизиски новинар Лери Кинг бил хоспитализиран на почетокот на јануари, откако тестот покажал дека е позитивен на коронавирусот. Според британските медиуми, Кинг (87), кој е познат по интервјуата емитувани на Си-Ен-Ен, потоа бил префрлен во болница откако еден од гостите на неговата емисија бил хоспитализиран во Лос Анџелес. Кинг припаѓал на ризична група на пациенти поради неговата возраст и лошата здравствена состојба. Тој имал голем број здравствени проблеми, вклучувајќи срцев удар, рак на простата и белите дробови и дијабетес тип два. Покрај лошата здравствена состојба, Кинг…

Read More

Претседателот на САД, Џо Бајден, побара од безбедносните и разузнавачките служби да ја испитаат заканата од насилен екстремизам во САД, соопшти Белата куќа откако маса демонстранти кои го поддржуваа поранешниот претседател Доналд Трамп насилно упадна во американскиот Капитол. – Нападот врз Капитол на 6 јануари и трагичните смртни случаи и уништувања што се случија го подвлекоа она што сите го знаеме: порастот на насилниот екстремизам во семејството е сериозна и растечка закана за националната безбедност, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Таа истакна дека се потребни нови пристапи и оти ова прашање е приоритет за новата американска администрација. –…

Read More

Поттикнување на нови инвестиции и како да се стимулира растот на платите, беа во фокусот на разговорите на директорот на Дирекција за технолошко развојни зони Јован Деспотовски и претставници на компаниите Кемет, АРЦ и Гересхајмер. Деспотовски, како што денеска соопштија, го презентирал новиот концепт во работењето и новиот начин на поддршка за странските инвеститори. Компаниите изразиле задоволство од новите предлози и истовремено, како што стои во соопштението, најавиле конкретни планови за проширување на своите производствени капацитети и повисоки плати. – Со новиот модел на државна поддршка целта ни е да се привлечат инвестиции во повисок квалитет. Дополнително заедно со компаниите…

Read More

„Заради широкиот јавен интерес кој се разви во врска со најавената реформа на системот на основното образование, а согласно член 124 од Деловникот на Собранието пред повеќе од една недела побаравме да се организира јавна расправа за ова исклучително значајно прашање“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. „Лично верувам, дека мнозинството граѓани би се согласиле со ставот дека е потребна реформа на основното образование. Сепак постои дилема, дали патеката, пристапот и методологијата одбрани од страна на Министерството за образование и наука е правилна. Затоа е исклучително важно ова прашање да биде предмет на јавна расправа во Собранието во текот на…

Read More

Бараните мерки за економски спас се базираат на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици. Важно е да се зачуваат работните места, но и да се надмине нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди континуирана финансиска помош може да доведе до затворање на дел од правните субјекти, вели во интервју за „Локално“ претседателката на Сојузот на стопански комори, Даниела Арсовска. Во однос на владините мерки, вели дека за брза имплементација и навремена исплата на помошта на оние кои се најзасегнати, мерките треба да бидат таргетирани, а процедурите едноставни, ослободени од непотребно аплицирање за документи…

Read More

егулаторната комисија за енергетика и водни услуги и ресорните министерства започнаа со дефинирањето на принципите врз основа на кои ќе се прошири постојната листа на ранливи потрошувачи со цел да се намали енергетската сиромаштија. Регулаторната комисија заедно со Министерството за економија, Министерството за труд и социјална политика и Владата го отпочнаа процесот со кој точно ќе се таргетираат потрошувачите на кои финансиски ќе им се помогне да ги подмират сметките за електрична и топлинска енергија. -Станува збор за комплексна операција во која треба да се вкрстат податоците на повеќе институции за да се идентификуваат прецизно потрошувачите на кои им е…

Read More

Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата за МИА. За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски за МИА, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести. Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при…

Read More

Процесот на вакцинација на населението не треба да претставува трка меѓу земјите. Европа нема да биде безбедна се додека сите региони на Европа се безбедни. Сите ние сме засегнати и затоа, ЕУ е рамо до рамо со Западен Балкан и со Република Северна Македонија од почетокот на кризата. Унијата ќе обезбеди вакцини за Западен Балкан што е можно побрзо, изјави во интервјуто за МИА евроамбасадорот Дејвид Гир. -На сите ни е јасно дека за да се излезе од пандемијата треба да се осигураме сите да имаат пристап до безбедни и ефикасни вакцини. Процесот на вакцинација не треба да претставува трка…

Read More

Транспарентноста и отчетноста носат подобар квалитет на услугите за граѓаните. Затоа, како Влада иницираме зголемена транспарентност и отчетност на органите на државна управа и јавните претпријатија во државна сопственост, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил. „Владата им наложи на агенции, дирекции, фондови, бироа, совети, акционерски друштва или други правни лица во државна сопственост, да ја зголемат транспарентноста и отчетноста во нивното работење преку објавување на 22 обврзувачки информации и документи, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на нивните веб-страници. Доколку не бидат објавени, нема да бидат разгледувани сите финансиски извештаи (тромесечни, полугодишни и годишни)…

Read More

Сакам да испратам силна порака дека европската перспектива, перспективата на пристапување на Западен Балкан, вклучително и на Северна Македонија, е јасна и неспорна. Минатата година го имавме Самитот во Загреб, каде што оваа стратегиска цел беше повторена од страна на лидерите, ништо не е променето. Северна Македонија со нејзината географска положба, со нејзината култура, историја, е европска земја. Ова во интервју за МИА го изјави амбасадорот на Европската Унија во Северна Македонија Дејвид Гир, со кого разговаравме и за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, за можното членство во Европската економска зона, за пристигнувањето на вакцините, Ковакс механизмот, помошта на…

Read More