Author: Нова ТВ

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) смета дека се неприфатливи измени на Законот на игрите на среќа зашто ќе доведат до целосно затворање на индустријата, губење на илјадници работни места и огромни загуби за државниот буџет. АСОМ реагираше по објавата на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) за почеток на подготовка на закон за измена и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри. Васко Илијевски, претседател на АСОМ, денеска изјави дека не се согласуваат со измените за одалечување на нивните деловни објекти од 500 метри од училишта и високообразовни институции затоа што тоа ќе значи затворање на…

Read More

„Некогаш се согласувам со ставовите на Бранко Црвенковски, некогаш не, како што беше последното негово појавување. Тој како поранешен претседател и премиер требаше прво да се обрати на граѓаните, а потоа на СДСМ. Но, СДСМ е демократска партија, многу често имало во јавноста несогласувања помеѓу наши функционери, затоа имаме демократија и затоа сме неповторливи. Ние победивме на избори после сериозни и храбри одлуки, договорите со Бугарија и Грција, промена на името на државата, промена на Уставот… Нашиот народ потври дека останува на европската агенда….“- изјави премиерот Зоран Заев, во емисијата Трилинг на ТВ 24. Тој ја коментираше можноста Црвенковски да…

Read More

„Прво што бара Бугарија е посериозна имплементација на Договорот за добрососетство, но и ние тоа го бараме. Секоја страна да си ги прземе своите обврски и во инфраструктурата и во историската комисија. Дадовме ние сет со идеји, дадоа и тие исто, сега ќе имаме процес да ги ускладиме, но тие се основа за поголема соработка. Да влеземе во комплетна имплементација на Договорот, како на пример да организираме спортски турнири, да размениме искуства во дигитализацијата, да имаме настани од образовната сфера, проекти во здравството… Ставот на министрите, и на Османи, и на Димитров е став на Владата, во интерпретациите може да…

Read More

„Оваа тема со вакцините го окупира светот, па и нас, целиот Западен Балкан каска во овој процес, освен Србија, која не е членка на НАТО и е отворена кон Кина и Русија, па од таму полесно ги набавува. Ние сме членка на НАТО и се држиме кон западните земји, но нашите граѓаните се информирани за се што сме направиле, и преку системот на Ковакс, и преку договорите со Фајзер, па дури и нашето транспаретно барање помош од соседите и пријателските држави. Повторувам уште еднаш, за една недела ќе знаеме што ќе добиеме преку Ковакс, морам да изразам и разбирање, како…

Read More

Нема план Б, целта е пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Оптимист сум. Сега следува усогласување на Преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција, што всушност ќе го отпочне самиот процес на преговори, изјави амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир во интервју за МИА. – Овие разговори продолжуваат во Брисел и навистина португалското претседателство се обврза дека ќе го помогне и ќе го турка процесот. Во меѓувреме, она што е важно, е Северна Македонија, заедно со Бугарија, билатерално да се ангажираат во обид да изнајдат решение што е прифатливо за двете страни, коешто ќе овозможи ситуацијата…

Read More

Актерот Љупчо Тодоровски-Упа почина денес на 65 години по компликации од ковид-19, потврдуваат негови колеги за САКАМДАКАЖАМ.МК. Тодоровски-Упа беше актер и кастинг директор, еден од основачите на аматерскиот театар „Чекори“. Во 1983 дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. За време на студиите играл во претстави во Драмскиот театар во Скопје. По Академијата, заминува за Белград, каде останал 10 години. Таму настапувал во повеќе филмови и театарски претстави. Од 1997 година покрај актерството, се занимава со филмска и ТВ-продукција, пишување сценарија и избор на актери. „Бавењето со глума го доживува како фрлање зрак…

Read More

Реформата треба да се поддржи и е неопходна што побргу зашто се работи за најзначајно прашање – основното образование, кое е база на целиот образовен систем, сметаат членови на Одделението за општествени науки и на Центарот за стратегиски истражувања во МАНУ, според кои е нормално да има различни ставови, а и тие имаат свои сугестии за подобрување на концепцијата и нив ги изнеле денеска на средбата со министерката Мила Царовска и со членовите на работната група кои го изработија нацрт-документот. -Дадовме редица сугестии за подобрување на концептот и очекуваме по усвојувањето, да биде подготвен наставниот план, а следен чекор –…

Read More

Убеден сум дека пописот ќе се спроведе во април оваа година, изјави денеска на прес-конференција првиот вицепремиер Артан Груби. Груби одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавата на заменик директорот на Државниот завод за статистика, Иљми Селами дека можно е пописот да се одложи поради пандемијата, рече дека тоа е негов став, но и став на ДУИ и на Владата. -Пописот е процес којшто го започнавме уште минатата година и треба да се одржи годинава. Имаше апсолутна поддршка од страна на двете носечки партии на коалицијата и ДУИ и СДСМ, но знаете пандемијата, одржувањето на изборите го одложија и…

Read More

Министерството за труд и социјална политика испратило барање до приватните и државните старски домови, како и до Специјалниот Заводот Демир Капија, Заводот за рехабилитација на деца и младинци, Заводот за заштита и рехабилитација – Банско, за бројот на лица корисници на нивните услуги, со цел да се добие вкупна бројка на оние кои би влегле во системот за вакцинација против Ковид-19. Од Министерството велат дека повратни информации веќе се добиени и оти тие се доставени и до Министерството за здравство со цел да се направи сеопфатна анализа на лица кои би биле приоритетни за вакцинација. Во однос на заинтересираноста на…

Read More

– Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“, поради тоа што испораката на вакцини против коронавирусот повторно се одложува, изјави денеска портпаролот на ЕК „Фајзер“ требаше да испорача нови количини вакцини во ЕУ следната недела. Претходно, компанијата соопшти дека повеќе нема да има одложувања во испораката на вакцини против коронавирусот, откако веќе еднаш ја одложи испораката, со образложение дека мора да го зголеми производството.

Read More

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ (acquis), како еден од најважните предуслови за членство на земјава во Европската Унија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на свеченото потпишување во Владата присуствуваа и претставниците на економските оператори на кои претставничките од СЕП, државната секретарка Калинка Габер и раководителката на секторот за подготовка на националната верзија на acquis (правото на ЕУ) Слаѓана Ангелова, им ги предадоа копиите од Рамковната спогодба. Во воведното обраќање, вицепремиерот Димитров нагласи дека acquis-от или правото на Европската Унија, е корпус на заеднички…

Read More

Меѓу Северна Македонија и Бугарија има добрососедски односи. Бугарија прва ја призна Северна Македонија како независна и е силен поддржувач на европеизацијата на целиот регион, особено на процесот на приближување на Северна Македонија кон ЕУ. Освен тоа, постои и Договор за добрососедство и, според мене, тој треба да се исполни со живот и консеквентно да се спроведе, рече денеска амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн. Во интервјуто за Студио 10 на Телевизија 24, Холштајн истакна дека Германија и натаму ќе остане силен поддржувач на Северна Македонија. Важно е, порача, да се искористи времето за реформи и Европа да се…

Read More