Author: Нова ТВ

„Различна е сликата со бојкотот на наставата од матурантите. Една гимназија во Скопје има поорганизирано дејствување, сите други се изолирани групи во дел од гимназиите. Во Медицинското, на пример, нема ниту еден ученик што бојкотира. Тоа се мали групи кои искажуваат незадовлство и тоа е нивно легитимно право“, изјави денес министерката за образование и наука, Мила Царовска. Министерката истакна дека со реформата се фокусираме на барањата на наставниците во однос на начинот на организација на часовите. Наставниците сега имаат повеќе време со учениците, но и поголема слобода за организација на наставата. Би сакала директно да им се обратам бидејќи имаше…

Read More

„Ја поздравувам одлуката на пратениците и носењето на Законот за попис на населението. Со усвојувањето на Законот создадени се нормативните услови да се реализира оваа важна статистичка операција, после 19 год. Институциите се подготвени, ќе имаме попис по меѓународни стандарди“, објави вицепремиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Според него, концептот е професионален и одговорен, без политички влијанија, да имаме точни, веродостојни статистички податоци и да го спроведуваат стручни лица, според критериумите на Евростат и меѓународните стандарди. „Партизирањето на пописот е штетно и целосно непотребно, тоа е статистичка операција, неопходна за да се…

Read More

„Првите дози на вакцината Фајзер која е договорена во директни преговори со производителот, како и 8000 дози вакцини кои од Република Србија треба да пристигнат во нашата земја ќе бидат со интервентен увоз“, изјави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Тој вели дека компанијата во нашиот случај се согласила да отстапи од генералната политика и без регистрација вакцините од Србија да пристигнат со интервентен увоз. „Измената на Законот за лекови е поради глобалната политика на Фајзер кои инсистираа апликант за регистрацијата на вакцината да биде нивното претставништво коешто е со седиште во Холандија, одговорно за овој дел на Европа“, истакнал…

Read More

Со 62 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“, Собранието денеска го усвои Законот за попис на населението и домаќинствата, кој треба да се одржи во април годинава. Пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа во салата за време на гласањето. Освен владејачката коалиција, поддршка за законот најавија и од опозициските партии на Албанците- Алијансата за Албанците и Алтернатива. Дебатата за нацрт-законот предизвика контроверзии и противења меѓу парламентарното мнозинство и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата најавија дека ќе бара негово поништување преку собирање граѓански потписи. „Пописот е само статистичка операција која е повеќе за административни потреби и планирање и зад нејзиното спроведување…

Read More

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Србија сака да им помогне на околните земји во однос на вакцинацијата против коронавирусот, потсетувајќи дека претседателот Александар Вучиќ и премиерот на Северна Македонија Зоран Заев се договориле Србија да и помогне на С.Македонија со 8.000 дози, јави дописникот на МИА од Белград. Таа за Тв Хепи изјави дека задачата на Владата на Србија за помош на земјите од регионот е дадена од претседателот Александар Вучиќ, со образложение дека „ако нашите граѓани се вакцинираат, а нашето соседство нема вакцина и не е среќно, не можеме ниту ние да напредуваме.“ Брнабиќ изрази уверување дека вакцината…

Read More

Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година. Просечната бруто плата, пак, изнесува 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите Уметност, забава и рекреација за 11,2 отсто, Дејности на здравствена и социјална заштита 11,2 и Образование за 9,5 отсто. Намалување на просечната плата во однос на…

Read More

Ризикот од терористички атентати организирани од крајно десничарски групи е зголемен во Белгија, соопшти министерот за правда во земјата. Одговарајќи на пратеничко прашање, министерот Винсент Ван Квикенборн, изјави дека националната база на податоци содржи сѐ повеќе лица поврзани со екстремната десница кои се сметаат за опасни по безбедноста, пренесуваат денеска белгиските медиуми. -Во јануари базата на податоци содржи 28 лица од екстремната десница кои се сметаат за пропагандисти на омраза и 21 лице кои се сметаат за потенцијално насилни екстремисти, овие бројки постојано растат, изјави министерот. Тој објасни дека ова се должи делумно на влијанието на американските групи кои се…

Read More

„Одобрени се две групи кредитни барања од КОВИД 3 бескаматната линија наменета за микро и мали трговски друштва, односно за трговци-поединци и занаетчии. Преку двете групи, досега вкупно се одобрени 1.276 кредитни барања од компании кои вработуваат 9.450 лица, во вкупен износ од 14,7 милиони евра“, објави денес пратеникот од редовите на СДСН, Костадин Костадинов. Според него, овие бескаматни кредити ќе им помогнат на компаниите кои се најмногу изложени на ризик но истовремено им овозможуваат да продолжат со работа во пост-ковид периодот и ги надминат предизвиците. „Преку навремени, ефикасни мерки Владата предводена од СДСМ реализираше четири пакети антикризни мерки вредни…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по средбата со словенечкиот премиер Јанез Јанша, изјави дека Јанша ја поддржил ВМРО-ДПМНЕ, но и земјава во рамки на евроинтегративниот процес. -Зборувавме и за начин со кој што овде во Словенија се справуваат со најголемиот предизвик можеби на човештвото во овој момент, а тоа е КОВИД пандемијата, но и резултатите и би рекол нерезултатите коишто ги спроведува нашата влада во рамките на справувањето со пандемијата во Македонија. Зборувавме за рецесијата за тешката економска ситуација во Македонија. Морам да признаам дека и овде во Словенија се чувствуваат економските последици предизвикани од КОВИД пандемијата, но далеку не…

Read More

Обвинителката Фатиме Фетаи за случајот „Монструм“, во завршните зборови најпрвин ги отфрли шпекулацијата дека возилото „опел омега“ било на „Алфите“, како и дека наводно жртвите биле убиени на друга локација. Меѓутоа, таа теорија обвинителката ја побиваше прво, осврнувајќи се со сведочење на лице осудено за измама кое зборувало дека кога било уапсено, со истото возило било возено во полициска станица. Таквото сведочење, според неа, нема поткрепа. „Наводно, знаел дека токму тоа е возилото затоа што на телевизија видел дека возилото е од иста, ‘вишна’ боја. Не се сеќавал ниту на табличките, само знаел дека биле скопски“, изјави Фетаи. Таа ја…

Read More

Управата за финансиска полиција поднесе Кривична пријава против К.Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер за имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем за несовесно работење со што ја оштетила компанијата за над 360.000 евра. -Пријавената К.Г., во својство на одговорен проект менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година, несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и…

Read More

„Повеќе од еден месец бележиме стабилизација на епидемијата во земјата“, објави денес министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, согласно извештаите на ИЈЗ, бележиме тренд на зголемување на бројката на оздравени пациенти, како и намалување на новорегистрираните случаи и починати. „Во споредба со месец декември, бројот на активни случаи е намален за 46%. За 51% е намален и бројот на хоспитализирани пациенти низ здравствените установи ширум држава. Да останеме одговорни, да продолжиме целосно да ги почитуваме мерките за заштита од ковид-19 и превенција од понатамошно ширење на вирусот“, објави министерот.

Read More